Ајде чим те задржале ќе биде за брзо само нека ти е со лесно ќе се гушкате за брзо те чекаме со убави вести
Како сте со главоболките деновиве? Од ништо живо не ми поминува глава, целата десна страна кај веѓата ми пулсира, не можам веќе, дури и апче пиев, џабе. Почна и да ми се гади од болкава.
Леле се будрв на секој саат, на крај станав, и седев во темна соба, значи џабе, пукнав вчера цел ден, и денес еве пак.. не се трпи болкава мислам цело око ме боли..
Не знам дали би помогнало моето искуство, ама јас некаде прво, второ тромесечие имав таква болка доста често, со пулсирање кај веѓата буквално до полудување. Пиев парацетамоли, кафиња со лимони, прошетки, се што демек може да помогне, затоа што не беше издрживо и пак ме држеше по неколку дена. На крај уствари излезе дека диоптерот ми се покачил многу нагло за време на бременоста, земав нови наочари и мислам се преродив. Да чукнам во дрво, од тогаш до сега дали 1-2 пати ме фатила глава. Може не е кај тебе до тоа, ама ако имаш таков проблем, не би било на одмет до очен да се отиде.
Имаме ли мамички бремени со трето или некој да сподели ускуство од блиска што родила трето...викаат со 3то дете се е побрзо,и носењето и раѓањето,ем брзо оди ем додека да трепнеш излегло,за разлика од двеве претхони во оваа бременост повеќе уживам,можеби и дека малку позрела35 години сум ама и за раѓање имам чувство дека штом ке влезам во 9ти за брзо ке се породам
Кога прв пат добивте вагинален преглед во 9ти месец? За утре сум закажана кај нов доктор а сум 37 полни недели и се мислам да не налепам утре.
Јас 38+2 уште не сум налепила ама се си мислам неделава ќе налепам Не верувам дека вака ќе се смеам тогаш
Јас сум моментално бремена на трето и некогаш заборавам и дека сум бремена И јас мислам дека ке родам брзо ама ке видиме
Аз сам ту уште Ден надминат термин ( вчера термин по ехо што ме гледаа) а по календар последна менстр денес е . Цтг какo и секој пат , контракции има , и ја си осеќам , ама рано е припремни се слаби Сум мрднала од средата со еден прст плус Сега сум 2 прста отворена и денес ми беше и вагиналниот болен Сега к-ла на 2-3 дена и ќе кажат што следно , освен у меѓувреме ако не почне. Процесот си е почнат ама си тера бавно бавнооо , па оставаме да видиме некоа ден плус како ќе одвива , докторот кажа сакаш остани ама и досадно ќе ти биде подобро дома оди , денес секако нема провокација да ми пуштат и да ме задржат , за 2-3 дена тек ќе видиме таа опција , да не форсираме уште сега да ти е поболно присилно отварање , а и јас несакав реков ќе си одам , неќам мн болка .. И така ќе си дремам уште 10 недели бремена
Секој месец има по една ваква. Тоа е што ќе правиш. Јас бев на една од тие. Термин Ноември се породив Декември. Бебушки инаетливи. Ајде ќе биде за скоро, мајка. Уште неколку дена и ќе се гушкате со бебче.
Мене вчера лажни контракции ме измачија.Цел ден.После попладне се смирија, ама штом станев да се движам ме сечеше стомакот.Се чудев дали се овие вистинските.Некако ми беа преслаби.Се чуствував како прворотка.Ама во првото немав вакви болки и затоа ме породија со провокација.Вечерта кога легнав пак исто болки малку појаки.Ама ги игнорирав и си решив да си спијам.Неколку пати ги сонував дури како сум во болница и се пораѓам Па решив да ги запишувам ама сонлива само 3 сум запишала видов дека не се во правилен интервал и ми олесна Си легнав и си реков ако вака терам дома ќе си се породам Вчера симнав апликација за контракции ама не стигнав ни една да измерам, додека ја најдам и вклучам веќе поминуваа Денес немам некој болки, ниту ми е чепот паднат па така знам не ми е време
Јас бев убедена дека ќе прифатам провокација , ама дeнес на одење кон болница но но Оно ја и така и вака ќе вриштам пиштам и ќе ме боле најмногу на цел свет се знам каква сум , ама подобро дома ќе седам отколку таму , вака и ја ќе се досредам и поуживам со малата , мачно ми е да неспана ноќе , преку ден па со неа и обврски низ дома , и се ама ајде толку дотераав па за некоа ден плус минус ќе додржам , може стварно полесно ќе ми биде без мн форсирања , е сеа што се отварам бавно на неделно ниво у глава удара , ама па док рече следно ако се 3-4 прста и ако е без болки пак јаки сакаш неќиш нема одење дома
Царски во која недела обично закажуваат? Јас цело време се надевав на природно, но бебево испадна големко... докторот рече ќе видиме на преглед нареден пат како ќе бидат мерките, можно е да треба царски. Тогаш ќе бидам 37+, да знам што да очекувам.
Колку големко е? Ни две ни три -царски. Што им е финтата со царскиот не знам, на секоја втора царски и предлагаат.
Две недели е напред по мерките... на 36та одговараше за просек од 38ма. Прво ми рече ќе одиме на природно, па откако го измери кажа дека е можно да треба царски, да бидам спремна. Ќе инсистирам и јас на природно, ама ако излезат мерките над 4200 не би ризикувала. Знам дека и ехото не е 100% точно, па се надевам дека на нареден преглед понормални ќе излезат.