Па скоро сите пишуваат во Труднички муабети Ама убаво би било и оваа тема да е активна, пошто третово тромесечие си носи некако свои стравови
Која недела си? Од што страв? Мене па ич не ме фаќа страв дури сакам што побрзо да дојде...некако и со времево ми се прави ќеиф, секој ден само зборам како одвај чекам да се породам и да си ја шетам ќерка ми Иначе сум 34 + 5 .
30та ја терам, незнам така ми е ќе помини, не дека не и јас едвај чекам ама така имам милион прашања во главава што-како, нормално
Феминки да ве прашам дали некоја има болки во лева или десна нога, во деветти месец од бременоста. Јас еве една недела, а сега сум 38 и 3 дена имам болки во десната нога. И тоа кога седам или лежам немам никаква болка, но кога одам на секој чекор при згазнување и при кревање на ногата имам многу остра болка која започнува од десната страна на опашката и оди надолу низ целата нога. Изворот е горе кај опашката десно
Иста сум и јас и тоа уште од 27ма недела боли боли неможам да се движам.и навечер ме буди од болка дури и неможам да се свртам ни да станам. Па ја зголемувам дозата на магнезиум .сега сум подобра.сигурно е некој нерв ама и коленото ме боли..
Мене ме боли горе ама ако се движам почнува целата нога. Влера отидов до продавница и морав да му се јавам на мм да ме земи од таму. Ама ајде денови се во прашање. Ќе издржам
И јас сум блиску со вас. Само јас не чекам одвај да се породам. Сакам што повеќе обврски да завршам пред да се роди бебето. Турбо месец ќе ми биде 9 месец.
И јас не чекам, убаво ми е чувството- ми годи бременоста скоро во се! Ајде имаш време, ќе завршиш се.
Јас женски исто како во првото тромесечие немам сила за ништо, само ми се спие, се уморувам лесно, вие? и времево за во кревет е ех, да немав други обврски само ќе легачев
Леле и мене мн ми се спие, а и глава ме заболува од ова вакво време. После сум на преглед и малку ме фаќа страв како и пред секој преглед.
Devojki da ve prasam maticniot.mi dade upat za skrien seker i nisto dr ne mi kaza treba da sum gladna koj ima praveno da mi kazi
Мешиња јас сум 26+3, со полни 27 недели се влегува во трето тромесечие така? Искрено не можам да дочекам, некако многу бавно ми поминуваат деновите и неделите