Јас се си мислам дека нема да знам кога да отидам во болница ко ќе дојде време, толку си ги трпам болкиве и си ќутам,ќе отидам ваљда ко ќе ме фатат најјаките пред крај Инаку 2 вечери се ме чеша пред да заспијам,ногата,раката,стомакот ко шугава, а нема ништо вака и само навечер. А тоа што се потам на вратот,нозе раце не знам што е, се потите ли вака? А не ми е топло дома па да речам од тоа. Нема раат спиење овие недели изгледа,а па мочањето муабет да не правиме
Леле и јас си трпам болки а трета бременост...може и дома да се породам сама,баш на болките сега мислев @Iva Mitrevski да не треба да појачаме со магнезиум..јас пијам на сабајле и навечер да не треба уште еднаш на пладне. Јас се потев така,најмногу кај вратот и мат. ми рече дека е од скриениот шеќер...како почнав да го контролирам со исхрана немам таков проблем...може склет тебе да ти е штознам...
Исто и јас си мислам ако сум второротка Со првото не му ја мислев волку за болките оти знам дека оди поспоро, а сега како второротка мислам за 3часа ќе биде, па само филмови си правам како дома се пораѓам или во колата на пат кон болница А маж се онесвестува кога го гледа бебетоСо првото издржа да не се онесвести на пораѓајот, ама кога му рекоа папочната да ја сечи одма рече Труднечки филмови и стравови ова А за чешањето мачкај се со лосион за тело целата особено по туширање.Можеш и двапати на ден.Во зимо обично од ладното ни е посува кожата и плус бременост се растега и затоа чеша.Јас така во првото оти лето и не можев да се мачкам со лосионон пожешко ми беше, се чешав многу Сега се мачкам после туширање секоја вечер и помалку се чешам.Само на грбот таму не се мачкам
Е видеш зошто се плашам Ако е раб ден маж до дека дојде 1 и пол час му треба, до дека отидеме до болница уште 1час. Абе дома ќе се породам готовоЌе ме има во весници Ја бичу позната
Јас почнав да пијам 1х250мг магнезиум, и плус 75мг што го има во фемибион, планирам вака да терам до 36та недела (мислам дека до тогаш се пие, после тоа не), а по потреба ќе зголемувам
Здраво девојки, 32+4 сум. Дали е можно јака болка да се има од промена на положба. Некни на ехо ми кажаа грбчето му е лево, е пред малку имав многу јака болка долу ниското и во кичмата, личеа и на менструална болка. После тоа почна бебуш да мрда на истото место дали рачиња или нозе незнам. Утре за брис имам закажано не ставав денес утрогестан но уште истекува жолто дали е од него или ме плаши чепот да не е. Не е лигаво
Не верувам дека е чепот, не се плаши. Како помина, дали е се во ред? Нели дека пиша помало било 2 недели, минатиот пат, сега како е со килажата? За што ќе правиш брисеви? Или оние последните за стрептокока?
Понеделникот бев во ремедика, исто, останува назад две недели мешето, вкупно помало за 5-6 дена. 1600 гр. За брисеви уште пред три недели од гак ми беа рекле обичните да ги направам и од ремедика ми рекоа и последните. И припрема за пораѓај ми пишаа во 36 недела. Постелката трет степен зрела со лакуни и послаб проток. Бев кај Ќаев последен пат според него само рече не заостанува многу и толку, не е многу по објаснување. Ми рече контрола за две недели. Се мислам дали да си продолжам кај него и за пораѓај или Ана Данева ми е на мисла да ја барам
Не ги знам тие доктори, ама чим ти кажал дека не заостанува многу, не се плаши, за две недели ќе си порасне, па 36та може и да се роди, примаш клексани, аспирин, нешто за протоците? Или инекции за зреење? Лакуните од што се создаваат не ти кажаа?
Од почеток примав клексан 0,4 и аспирин до 30+ после ми сменија само фраксипарин 0,6. Инекции за зреење уште никој не ми рече, а пијам декортин ради автоимуни болести и тоа ти било кортико како инекциите, пак ќе си прашам следна контрола. Се си беше супер, после за една недела разлика се појави намален проток и лакуни и не ми кажаа од што се создаваат