Фала. Честитки на тебе, живи и здрави да сте. Јас сум заборавила каков е пораѓајот. Имам сега некои болки, контракции. Не отидов во болница, ќе чекам да ми се зачестат болките.
А јас пак си мислам јас не знам какви се болките оти со провокација дека бев, ама видиш и прво и второ пак не сме сигурни кога е тајмингот
Со првото ми пукна водењакот и правец болница. Сега како да ми престанаа болките. Тоа што ми падна чепот не е знак дека за скоро ќе се породам. Како и да е ќе си чекам појаки болки
Денес нешто почудни болки...како менструални болки,како сечење ниско доле... толку ниско го осеќам бебево тогаш како да е спремно за излегување и кичмата уз пат заедно ама поминува,се надевам дека е моментално 32+3 сум
исто беше и кај мене болки цела бременост , многу рано се отворив , грло на матка ми се скрати , а бебево од 20 та недела како цело време у родилен канал да ми седи и цела бременост паника иако трето бебе , нели веќе искусна ама нај испаничена бев оваа бременост па пак некако истерав до 36 + 1 .... гледам прашуваше во некоја претходна страна можеш да ја прочиташ и породилната приказна моја , иако трето не иде се како подмачкано ама пораѓајот помина брзо како од пушка излезе бебето ( од пукање водењак до крај некои 4 саата) , јас секако после второто реков уште 10 деца ќе родам и останувам на истиот став ама сепак секоја бременост е своја приказна , овој пат опоравувањето после порѓај ми беше најтешко ( грчевите во стомак прв ден постпородилно беа јакички ) и во болница ме прашуваа кое бебе ми е и кога ќе им кажев трето одма ми викаа ааааа ќе ти ставиме инекција против болки само со лесно да си поминеш
Јас ноќеска имав болки, ама ми прекинаа, така повремено имам. Си лежам дома, утре секако имам договорено кај мојата докторка, ми пиша што ќе правиме зависи од прегледот. Ситно се брои
Мене ноќеска ме уби кичма, зашто мора да боли уште од сега, ич неможев да се наместам да заспијам....
Иво ми го пофалија како стручен, два пати бев на преглед кај него во 36та и 38ма недела, не збори мн, скоро ич. Јас имав преголеми очекувања од прегледот па се разочарав.
Јас само еднаш отидов кај Иво, мислев дека само мене не ми посветил внимание за да објасни, бидејќи сум со ризична бременост, ама ништо. Сега да ја барам Данева ако стигнам до неа
32+5 ќерче тешка 1770г.+-250г. душичка моја....сите мерки во нормала,она активна,спуштена и спремна за денот да се запознаеме
Сите брисеви во 32+ ми ѓи земаа. Денес резултати кандида и уреаплазма. Дали некоја имала вака комбинација и дали брзо се лечи со антибиотици. Ме фаќа страв што читав дека може да предизвика прскање на водењакот и дали од нејзе може да ми се тие болки и контракции
Мојата исто спуштена дури за глава да и измери докторката на коската ме претискаше.Околу 3200гр пораснала 38+2. Плацента пред две недели беше втор степен, денес прв степен.Мојата место да зрее-старее се подмладуваДругата недела пак имам термин и ќе се договориме за провокација Страв ме фатиПрво механичка ќе било па после таблетарна.За среќа тие таблетите од кои се плашев и ги користеа за првото се повлечени од употреба заради контраверзии, па не ги користат.Па сега други методи и лекарства ќе користат , ќе видиме како ќе биде . Инаку докторката во болницата беше многу фина, дури интеросно и стана да ме гледа ги гледаше органите на бебето и се радувашеА мене ми се слоши од жешко и само сакав да станам да си одам,само што ќе и кажев дека не можам веќе се тргна ЦТГ покажа само една слаба контракција, а јас не ни осетив нешто, обично имам посилни болки. Преска на инста што прочитав една смеа пред короната се плашев како ќе биде пораѓајот, сега во време на корона се плашам како ќе биде пораѓајот сама.Иста сум и јас Туку @LivingGlam што бидна со твојот преглед , како помина, ти спомнаа ли за царски?
Деновиве сум на преглед, едвај чекам да ти кажам, да решам неизвесност. Ама дефинитивно ќе сме блиску, како и да биде. Те читам и возбуда ме фаќа.
Девојки, отечени ли сте долу на вагина? Маж ми неколку пати ми има спомнато ама сум го зимала здраво за готово. Сега бев на депилација и таа ми вика отечена си, и дојдов дома и кога се видов машала крофна инаку 32+6