Денес последен преглед ми беше кај матичната, ми зема брисеви, ми даде упат за во Чаир, и заборавивме на она картончето за крвна група, па бев и на Трансфузиологија за тоа, се надевам дека нема да имам некоја инфекција или бактерија, иако ми се појави некое чешање и на мене и на ММ Пополека се си завршивме, да се запознаам со докторката во Чаир утре, да почнам ЦТГ и така да си кажам јас, како брзо ми помина време, не можам да се свестам дека 36та недела, летна времето, бебето си е супер, си напредува, 2.800гр. до денес Не спијам иччч навечер, само кошмари сонувам, и се будам на саат време. Едвај чекам да помине време, и да се породам, да си го видам конечно
@thelittle17 ептен блиску ни биле терминиве, ме фати еуфорија и страв од постов твој. Јас следна недела сум на последниот преглед кај матичната, уште не ми се верува дека се гледа крајот ситно се брои. Со лесно на сите.
Поспремна си од мене сигурно, јас абер си немам ептен лабава сум некако. Освен големите работи што имаме се и облека друго немам ништо купено за ќотек сум. Ама си викам со едно излегување ќе средиме се. Инаку на ГАК ќе одам за пораѓај. Јас сум си ептен паничар и не трпам болки ќе биде забавно.
За паника не ми збори, исто, и покрај болни менструации, не трпам болка за ништо, ни за заб, ни за нога, одма барам алтернатива или пијам апче, се масирам, камо ли за пораѓај, и кажав на докторката дека може и во несвест од болка да паднам и да стигнам до повраќање, таа не ми верува, мисли се зафркавам, може вака голема и се гледам висока, и мисли се можам да трпам. Ајде со лесно да ни биде само, ќе помине и ова, после за друго ќе се "жалиме".
Исто како мене. И јас си викам само да не им се изгубам на бокс, си се тешам со тоа дека сите викаат Господ давал сила во тие моменти, беба ќе ни биде побитна од нас. Го сонувам денот кога ќе се олесниме само се да е добро со нас и бебките.
@thelittle17 јас се извинувам но се збунив малку, јас денес сум полна 35 недела и краен термин ми е 17 март. Гледам тебе 13 март, само 4 дена разлика а ти си 36+2 денес? Ова со неделиве никогаш не го разбрав добро изгледа, среќа постојат апликацииве.
40 + 1 денес цел ден сум со болки на 15 -20 мин. Сабајле бев на контрола 3 цм отворена, ми рекоа да чекам појаки и почести болки па да одам пак во болница. Сега пред малку кога бев во вц имам некој исцедок кафен, розев не знам ни јас што боја е. Да чекам појаки и почести болки или?
Дали можеш да се јавиш во болницата и да прашаш што да правиш? Мислам нормално е да имаш сокрвица и ако можеш да издржиш и дома ти е подобро чекај си уште малку.Ако не си сигурна оди во болница.Со лесно и брзу да се породиш
Една недела понапред ме водат, и затоа 36та недела влегувам, и денес ми кажа исто матичнава, така си води ехото од сам почеток, затоа може ти е чудно.
Во систина ги примаат со 2цм отворени, нз зашто државниве болници враќаат... мене ќе ми биде многу страв отворена и со болки дома да седам
Така бев јас со второто дете,3 прста отворена без болки и ме прашаа сакаш дома да чекаш болки илк провокација и се решив за второво ама господ у пижами го видов и сега пак да биде исто пак ке барам провокација какво дома бре како што сум паника пред болница у кола ќе седам
Јасно, и мене секој преглед различно вади ехото ама за терминот се по прв ден од последен циклус ме водат. Баш ќе видиме кога ќе решат да искочат бебенцава.
Нормално е таа сукрвица, си почнала повеќе да се отвараш. Оди пак во болница. Јас бев 2 см отворена и имав таква сукрвица, ме задржаа и ставија провокација.
Сега во петок ќе одам, ќе бидам 33+2, ќе ми ги земе матичната па ќе си ги однесам до пролече. Ќе ти кажам како сум поминала
Јас денес ги правев. Иначе зошто во Пролече, многу се имаат жалено од погрешни резултати, да си ги однесеш во Државна на Микробиологија, ако имаш можност.