Трето тромесечие од бременост

Дискусија во 'Бременост' започната од chache87, 19 септември 2014.

  1. Catlover17

    Catlover17 Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Ме задржаа, 4 цм. Чекаме појаки болки.
     
    На Skorpija25, mace89, mamaJana и 18 други им се допаѓа ова.
  2. ivance..

    ivance.. Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2020
    Пораки:
    2.660
    Допаѓања:
    7.123
    Пол:
    Женски
    Со лесно (fingers)(fingers)
     
    На Catlover17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Охооо супер,со лесно миличка...чекаме апдејт :inlove:
     
    На Catlover17 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Да се пријавам :D
    Серклаж изваден, цервикс 2цм, цтг мирно, да си чекам да ме фатат болки.
    Бебло веќе се мери над 4кг, уште дефинитивно не решивме како ќе биде породувањето, ќе пробаме природно. Ако нема знаци, преглед пак па ќе видиме. :sweat:
    За малото спремив се’ за од болница, се мислам дали да ставам и резервни... утре ќе ја спремам и мојата торба и нека стои, ќе чекаме.
    Човеков ми се поремети од стрес, јас ќе се држам уште некој ден пред да му се придружам. При крај не’ издаде трпение.
    Најмногу ми е жал што воопшто не најдовме сила да уживаме во периодот на бременост. Уште од почеток со дешавки, дури страв ни беше да се радуваме.

    Вицот го знаете?
    чека таткото пред родилна сала, со часови горе-долу низ ходник, пука од грижа и исчекување. Конечно излегува сестра и му вели - Честитам, имате ќерка. Овој одговара: Фала Богу што е женско, да не се мачи вака ко мене. :D

    Вие како сте? :D
    Си го замислувате моментот кога прв пат нееежно ќе ги гушнете?
     
    На duffi, Cherry blossom89, Skorpija25 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.460
    Допаѓања:
    8.840
    Пол:
    Женски
    Само да знаете дека провокацијата има доста несакани ефекти. Плус и поболно е. Не си барајте сами, доколку нема индикација.
     
    На Iva Mitrevski и thelittle17 им се допаѓа ова.
  6. girl__20

    girl__20 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    1.595
    Пол:
    Женски
    Женски како се снаоѓате со отоци? Јас сум од денес 37 недела ама многу ми се потечени стапалава, а рано наутро кога станувам и прстиве на рацеве едвај ги виткам треба малку време додека ми заработаат. Што помага за отоци?
     
    На CareTee му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.130
    Пол:
    Женски
    Немам баш отоци за да знам дали деф помага за намалување, ама си пробала суво четкање? Разбарај шеми за dry brushing, би требало да помогне. Мене ме потспаси за циркулација од толку недвижење. Само бремени не треба на стомак да четкаат.

    Или додека лежиш кревај нозе една по една и вежбај ги со виткање во колена.
     
  8. CareTee

    CareTee Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2020
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    3.779
    Пол:
    Женски
    Никако, јас 35 недела, нозете поретко ми отекуваат, ама рацете насабајле ќебапчиња, додека ги раздвижам нема шанси нешто да фатам, болат и неможам скрос да ги исправам прстите. Помалку солено да јадам тоа ми има кажано докторката.
     
  9. KittyCat:)

    KittyCat:) Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2018
    Пораки:
    2.105
    Допаѓања:
    14.834
    Пол:
    Женски
    Со лесно мамичка :l:
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    Истото ми го кажа маричната, да неси барам сама провокација, а и од многу истото сум го слушнала. Ако треба постепено да се отвориш за 2-3 часа да речеме, ти сите болки ќе и имаш наеднаш со провокацијата, а на страна тоа што има несакани ефекти. Скроз си во право, јас не би барала сама провокација.
     
    На ...Arthemisia... и Mom_3 им се допаѓа ова.
  11. Trpkovska

    Trpkovska Популарен член

    Се зачлени на:
    17 април 2019
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    1.578
    Пол:
    Женски
    Кога се пораѓав со првото на цимерката и ставија провокација леле колку плачеше викаше жал ми падна. И пак не се отвори и ја земаа царски.
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Јас бев со провокација како што пишав претходно и стварно беше болно неможам да опишам,плачев и у буквална смисла косата ја кубев,несмеев да седнам главчето му беше спуштено и на ГАК ми наместија перница на земја со колена да чучнам ужас искрено....а кај делот за несакани ефекти искрено не се сеќавам дека нешто потоа сум осетила,дури немаше ни 2 часа по пораѓај станав на нозе без да имам вртоглавици,ако знае некој кои се несаканите ефекти нека пише може сум позаборавила пошто ова беше пред 14 години:)
     
    На Ava.84, Iva Mitrevski, minne992 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. TinaI

    TinaI Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    145
    Мене ме задржаа нa патолошка, 33+4 сум, бев на контрола вчера и ми се скратило грлото на матката за една недела од 4,1 сега е 2,5. Позитивни брисеви уреаплазма и кандида, цтг не регистрира стегања и болки кои ја ѓи чувствувам, а и марфиев закон па и нема тогаш. Си добивме зреење вчера и денес, а за грамажа два дена молам да ми кажат колкаво е ништо не ми одговорија. Зашо толку се скратил цервикс и за тоа немаат објаснување
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mom_3

    Mom_3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2020
    Пораки:
    441
    Допаѓања:
    936
    Пол:
    Женски
    Со лесно мила,ќе се среди се и не мисли сега ама зошто,зошто?така требало да биде битно добри сте :l:
     
    На thelittle17 и TinaI им се допаѓа ова.
  15. martty06

    martty06 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.730
    Пол:
    Женски
    Со лесно, се ќе биди во ред. :l:
     
    На TinaI му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TinaI

    TinaI Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    145
    Фала мила, дај боже да додржи уште малку барем, само од каде тоа кратење кога цела бременост ја прележав, само до вц и до болница сум идела. Тоа е со Господ напред кај сите:l:
     
    На Mom_3 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. TinaI

    TinaI Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2013
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    145
    Фала мила, дај боже се да биде добро и кај мене и кај сите вас:l:
     
  18. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.899
    Допаѓања:
    34.104
    Пол:
    Женски
    Имате време мила да поуживате веќе е големо бебчето и може да се опуштите.Сега знам па тебе те фаќаат нервози што како ќе биде,ама и тоа е нормално. Уживајте сега уште малку остана па после тројцата ќе уживате:inlove:

    За вицот , да не кажам ,ама неколку пати месечно си викам што не бев еден маж.Полесно на светот од маж нема.За ништо не се замара:lol:, упс грешка за таквото си се замара:rofl:

    Средбата веќе одамна ја замислувам ама си ја замислувам како со првото кога ми ја ставија на голи гради, а она толку топла и толку гласна , што се чудев од каде вади глас:DСи ја замислувам дека е иста како на сликата што ја имам ама поголема.
    Добро јас си имам плус мисли ,како ќе ја прифати малата, како ќе доседам во болница итн.

    Како и да е со лесно и брзу да се породиш(fingers)
    Со лежење можеш да издржиш уште недели, дури и да ти се зголеми цервексот(fingers)


    Со провокација и јас се породив со првото.Болки на 1,5 мин.Успеав 3часа да ги издржам и побарав епидурал ама за 6ч се породив.Стварно брзу.Во Германија даваа едни Цитотек апчиња наменети за желудник.Фрејзер производителот наведува дека не се препорачува за трудници оти може да предизвика контракции на матка , руптура на матка и оштетување на мозокот на бебето.Исто и смрт на бебето и мајката.Од овие причини веќе 3 месеци не го користат.Инаку го користеа и за абортус.Има многу деца родени со оштетување на мозокот токму од провокацијата:(
    Во Мк се користи окситоцин . Несакани дејства се намален проток на кислород кај бебето, главоболки,силни контракции,тахикардија, зголемен крвен притисок, гадење и повраќање.Исто ја има во Де и кога ми дадоа да пополнам некои листови пишуваше во случај на окстоцинска провокација која е многу болна за жената се става епидурал за ублажување на болката.
    Многу подобри се механичките провокации како провокација со балон(ги има во мк), со стапчиња ДилапанС(не знам дали ги има во мк), отварање на грлото на матката со помош на прсти и пукање на водењак.Но овие провокации имаат послабо дејство на отварање или предизвикување на контракции.
    Нормално најдобро е природно, ама ако се мора подобро е провокација отколку да се ризикува животот на бебето.
     
    На IRBBB, TinaI, 24.07 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.672
    Пол:
    Женски
    Нормална тежина ли е 2.800 гр за крај на 35та недела? Колку биле вашите ви текнува? Ме збунија денеска скроз со прегледот.
     
    На TinaI и Mom_3 им се допаѓа ова.
  20. Pacient srna

    Pacient srna Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2015
    Пораки:
    6.414
    Допаѓања:
    9.014
    Пол:
    Женски
    Ne se smaraj, bliska moja vo 38 rodi 2500-2600 zdravo pravo ene ja 5.5 god ima site ke ne prodade samo brblja neso
     
    На thelittle17 и Mom_3 им се допаѓа ова.