Зошто да не е нормална, со полни 40 се раѓаат 3000, 3100...така да тоа се цели 5 недели разлика. Ај не си го умарај главчето
@thelittle17 Супер е тежината за неделите, многу поважно според мене е развиеноста на органите. Тоа секако ќе си качува кг и кога ќе се роди. И јас и мм сме родени по 2600кг во 41 недела, непотребни грижи ти направиле, кг е индивидуална.
Добра си е килажата мила не се секирај,јас сум скоро 33 недела бебето ми е околу 2кг....не се секирај те молам и сигурно не е скроз точна килажата него е +-250г
@thelittle17 син ми е роден 42 недела со 3100 гр., здрав и прав. Килажата не е важна, јас мислам повсжно е да е се ок со органите и да го износип што е можно подолго. Се ќе е во ред, не се грижи сега при крај за такви работи
На една жена овде пред пораѓај кога ја гледале на ехо ѝ кажале дека бебето е околу 3кг,а таа го роди 4. Моево 1 недела пред да се роди беше околу 2800,а се роди 2400. Така да таа килажа од ехото што ја кажуваат не е многу веродостојна и точна и нема потреба да се замараме со тоа. Во врска со провокацијата, јас за неполни 3,5 часа се породив, ама околу 45мин пред самиот пораѓај имав многу јаки болки на 1.5-2 мин кои траеја 20 секунди. Јас не сакав провокација баш поради тоа што многу читав овде за разни случаи. Ама па болките секако се тие, исти се
Толку од патолошка, примивме доза зреење, јас со болки едвај се движам ама ќе си одиш кај матичен еднаш неделно. Грлото за два дена од 2,6 на 2,4. Си се крати и со лежење. Сега викам да не знаеш за кои болки да одиш на доктор. Цтг мирно, бебе цело време поспано, или ако мрдне тоа е долу вагинално и ми прави остри болки. Државна стандард неможеш да стигнеш да си прашаш, дали е можно од инфекцијата уреаплазма да се крати грлото или веќе е нормално за оваа недела таа димензија
Те читам и се чудам, мене во 32 и некој ден ми измерија 25 мм и ок е ми рекоа. Си пијам дабростон и гледам да не се напрегам и да лежам повеќе ама толку паники не знам зошто. Одам на две недели на контроли. Во 28 ми измерија 27мм, во 30та 34мм и сега еве последно во 32, 25 мм. И ми рекоа нема потреба од зреење. А за 2 мм секој можи да промаши ништо не значи, не значи ни дека вистина се крати. Следи си ги докторите што ти кажуваат, заради бактеријата особено, ама еве ова е мое искуство и мислам нема потреба од толку страв. Па и да се породиш не дај боже веќе си во добри недели. Не верувам секако дека со 25мм должина ќе се породиш за 2 дена, уживај ќе си стигниш до сигурни недели.
Во 30та ми беше 34мм и ми рекоа дека е ок. Кај мене не открија од што се крати,а се сомневаа на инфекција. Така да можно е да ти е од уреаплазмата.
@Mom_3 брисеви земени, конечно се отарасив! Два бриса ми земаа само, гбс и цервикс, резултати во понеделник. Породилно отворено денеска, бебе што ли прави внатре не знам, ама многу е активно срце на мама. Сега ќе си чекам наредна недела за ехо и проверка на крвна слика и железо
Останав со ова инфекцијава, нема резултати уште тек во понеделник, и освен чешање на моменти, имам и некој светло жолт исцедок, ме вади од кожа мислам дека, веќе не можам да трпам, кпга ќе ме зачеша како шуга да имам. Може да е кандида, а може и нешто друго, не дај боже ако е пострашна бактерија некоја.
Зошто не ставаш некој вагиналетки? Или ги чекаш резултатите прво ? Јас на првата бременост по препорака од специјалист бев влезена во 9 ти месец исто чешање и црвенило имав ваљда некоја бактерија или инфекција не се сеќавам добро , ми препиша бетадине чепчиња добро се сеќавам , од едно чепче мислам дека преку ноќ се сторив како нов човек Немав апсолутно ништо . И до ден денес држам такви чепчиња знам еднаш месечно да ставам кога имам чешање
Ми даде Lactogyn да ставам, ама не ми поминува од нив, мо вика мора да почекаме до понеделник да видиме што ќе покаже брисот, па ќе ти препишам нешто, а веќе не можам да трпам, на моменти така страшно ме нервира, уффф... какви се тие чепчиња? На природна база или? Да ја прашам дали смеам да ги земам.
И јас имав некој светло жолт исцедок, накај кремаст, др рече дека е кандида и ми препиша микорил вагиналетки. Немав чешање, немав ништо, 6 вагиналетки ставив и ми пројде сега исцедокот нема боја
Да мила, ама кај мене за една недела се намали од 4,1 на 2,4 денес и плус денес вложливо за прст. Бидејќи сум со автоимуни болести самата бременост е ризична и за мојот живот и на бебушот затоа со причина си паничам. Сега со болки ме пушти дома, но сум помирна дека сме покриени со зреењето па полека да се спремаме за денот
Се ќе биди добро на крај ќе видиш Мене со првото серклаж ќе ми правеа во 20та недела, па се породив во 39 без серклаж Уште малку имаш ќе истуркаш и се ке биди во најдобар ред, без грижи
Да се пријавам 32+1 со болки во препони,кичма и стомак ниско матичната ме викна на вонредна контрола. Одам со страв од причина што првото дете го родив во 33та.Се надевам се ќе биде добро со нас
Дај боже се да е добро,пиши ни што си направила...ама мислам дека е нормално и јас имав такви болки 33+1 сум и уште ги имам...
Јас сум во пиџами ,неможам и неможам веќе.....трудничките почнаа да ме стегаат,бебево на мочниот канал ми скока и само трчам во вц...некогаш и не стигам на време ,леле а тек сум 33+1 а до крај што ќе правам....вие мочли сте како мене или само јас сум
Јас имам и чешање, и тоа ме нервира уште повеќе, ми даде сега канестен да се мачкам. Па ќе видиме до понеделник. Друго да прашам, Тотемата ја испив со сок и не ми беше гадна овој пат, со витамин Ц, и плус после 10 мин испив и метилдопа, и некако почна какп да ми се врти и глава да ме заболува, можно е да е од Тотемата?