Мислам дека во упатсвото на тотхема пишуваше дека одкако ќе ја испиеш наредните два часа не треба да пиеш одредени лекови, метилдопата да не е во тие лекови? Мене од тотхемата ми се вртеше кога ја испив на гладно...
Не видов, се зафркнав, ама не ја пишува метилдопата, не знам сега. Не ја испив на гладно, затоа викам дали од тоа може да ми се сврти.
Исто и мене ме мава во бешика и само се стегам и трчам до веце Незгодно е многу се мислам готово ќе се помочам Инаку вчера имав некои болки и мерам на апликацијата и апликацијата ми вели гет реди, вие сте во првата фаза на пораѓајот Кога ме фати една паника почнав да се тресам, ама си велам чекај со првото не беа вакви овие се многу слаби диши само и мери Почнав да си дишам како за болки и зедов торбицата да си ја досредам, да си испеглам блуза за по пат.Болки имав ама на различни интервали.Не се овие си велам, апликацијата нема поима.Си седнав со ќерче и си играв не лути се човече после 3ч ми ги снема Од една страна сакам да се породам од друга ми фуфкаАма не стварно сакам да се олеснам.Денес шеткав малку оти не ни е многу замрзнато и сонце имаше, инаку веќе цела недела е - 10 и страв ми е да не паднам.Чајот не го пијам оти имам силно чешање по кожата и не знам дали од него ми е, кога не го пијам не се чешам толку. Денес немам никаква болка, па се расфрлив во чистење фрижидер. Сега ќе чистам висечи во кујна да направам место за бебешките шишиња и конечно да ги стерилизирам.Уште они останаа Морам малку поактивна да бидам не само седи,лежи и јади , а куќа ќе киниса
Кога фаќаат правилна положба? 33+2 и сеуште е карлично, свиткано како кифла, со грбот нагоре високо под дијафрагма
Моево е бетер, со ноџињата доле главата горе, сега следна недела сум на преглед 36 недела и се надевам ќе се сврти. Ама по тоа како ја осеќам дека клоца уште не е. И јас тоа се прашувам до кога има шанси да се сврти. Вака не ми бега царски.
Лелее, како го виде волку добро, не знам до детаљ. Јас само прашав како е свртено и толку, нити нешто гледам таму, нити знам ако не ми каже.
Па освен парацетамол не можеш друго, прашај си гинеколог, оди на забар, смееш да одиш да поправаш заб и со анестезија.
Не најдобро. Скратен цервикс,строго мирување. Утрогестан,антибиотик и да се издржи дп 36 недела. Се надевам ќе биде добро .Фала ти што пиша