Јас малку сум загрижена. Сега бев по мала потреба и како да видов во шољата парталче исцедок погуст ми личеше на мешано со розево. Во водата беше не можев да го видам убаво. На бришење немав ништо. 32+5 сум што можи да е? Да не е чепот? Дали да одам на преглед, што да правам или да почекам да видам дали ќе има пак нешто?
Денес пак ме зафркава нешто кичмава како контракции осеќам,бебево се испупчува на десната страна на стомакот со грбчето и ми прави кратки контракции по околу 20 до 30 секунди и поминуваат... Да си лежам или да се раздвижам,што е покорисно во вакви ситуации?
Devojki 35ta nedela sum, od sinokja osekjam bolki vo preponi na levata strana i kako cela noga da mi e ukocena. Slednava nedela sum na kontrola na GAK, no sakam vase mislenje, dali e normalno i dali nekoja od vas gi ima istite bolki
Јас ги имам од 26/7 недела и секој ден ми е мачење,а сега сум скоро 34та. Си ги трпам со недели болките, не е страшно, во однос на бебе, само нас што не боли...
Од утре сум 34та недела, пред 2-3 недели ми беше карлично, сега во понеделник сум на преглед и за брисеви,па едвај чекам да видам дали се свртел. Главата кај мене во желудник му беше, ма да уште осеќам како топка се испакнува таму, ама ај викам може газето е
Јас баш вчера се смеев со матичната, викам докторка да не ми беше волкав стомакот немаше да знам дека сум трудна, никаква болка до сега, од оние лажните брекстон еднаш два пати дали ме фатија само, абре ништо, викам читам по форуми ги болат препони, кичма, глава ова она, ми вика биди среќна што е така.. и се урочив од како станав еве уште ме подзаболува кичма нешто, сега ќе одам пешки до продавница да се раздвижам малку на снегчево. Иначе за лажни контракции имам читано дека кога ќе те фатат се препорачува да се легне на лева страна и да се пие вода колку можеш повеќе и ќе поминат.
Сода со вода Јас без болка бев со првото и се чудев што зборат жените и се породив 41недела ама со второво се ми наплати Сите болки си ги имам и уште не ме фаќаат вистинските болки
Ама нели бракстон се кога се се грчи цел стомак,мене не ми се грчи цел стомак туку бебево ми се испапчува со грбчето на десната страна на стомакот и тогаш ме боли кичмата,сече, па престанува за кратко....штознам или тоа е тоа а ?ма веќе незнам што е што хахаха.
Матичната ми рече магнезиум да појачам,се напив сега и ако не поминувало диазепам...а уште ме боли и си лежам и си плачам, повеќе од страв признавам... @Ava.84 @jarec6 дајте некој совет или уште малку и на дежурен да идам ....
Не паничи за џабе која недела си веќе? Нормални се тие лажни контракции.Исто и јас ги осеќам како прчење на бебето ,па некогаш почнува и половина да ме боли.Пробај раздвижи се за кратко оти половина боли и од многу лежење.Мери ги дали се на точен интервал ако не се уживај можат и некоку часа да траат.Еве кај мене трае 3часа последниот пат. Јас сега се изнервирав ми излегле стрии на стомакот во последната неделаСамо на едната страна , а секој ден се мачкам со кремАли тоа е што е од стрии не се умира
33+2 сум,на секое мрдање ме стега кичма,легнав на лева страна и сега напред доле повеќе боли,ке мерам сега ке почнам.
Мери па види, ама ако се плашиш или имаш некои компликации во бременоста ,одма оди на др подобро да си сигурна
Не бе јас ви викам дека нема да знам за контракции, мене цело време вака ми се грчи стомакот јас па ич не се паничам, си викам така треба и си терам, навечер пред спиење си плачам од болка препон и колк и толку... Нит знам да проценам контракции, нит знам дали му е грб, глава, само гледам топка некоја мрда...
И јас сега се збунив, значи ако мрда бебе и во исто време те боли кичма тоа се контракции ??? Не знам