Девојки јас сум на ургентен,цтг-то ми ги покажува болките,вагинално не сум отворена,бебето си е добро ...ми удрија инекција против болки и за 2 часа пак цтг ке ми прават,ако ги има пак болките ништо чудно и да ме остават на патолошка
Мисли позитивно мајка, се надевам ќе се смират контракциите и ќе поседи куклата уште малку кај мама. Секако си под надзор таму ќе те следат за што и да биде. Со лесно!
2400 ми го мереа првин па 2600 и нешто па 2800 сите различно само една докторка на гак точно го измери 2460 и стварно толку се роди, не е битна килажата само да е живо и здраво ,ние сме супер се прилагодуваме една на друга извини вака доцна што ти враќам сега видов
Останувам на патолошка да ме следат,леле колку се плашам тоа е чудо,не се отварам ам болки имам којзнае што ме чека
Super bas mi e milo,i ja ne se sekiram sto e malo ke nadohnadi,ke vidime kaj mene sea nedelava so ke kazat
Што збориш бре жено, ајдеее само позитивно таму си под надзор, чим не си отворена ќе изгурате!!! Те мислиме сите и ти посакуваме среќа, пишувај ни
Утрогестан , прогестеронска подршка може уште да ти дадат против контракциите , исто така може да те боцнат со Токолиза 48 саати инфузија капка по капка ( со првото во 32 ра недела добив болки , ги смирија па си ја родив после термин ) ... чим не си отворена ОК е , со третово и отворена и скратено грло на матка 21мм и контракции од 26 та недела па само утрогестан и истеравме после 36 та недела ..... само смирено ќе биде се во ред
Мајка можеш ќе издржиш се ќе ти помогнат , таму подобро во таа ситуација да лежиш одколку дома.Позитивна мисла и ќе успееш до 36 та.( за истото се молам и јас за мене). Пишувај како сте кога ќе можеш
Јас лежам дома ,имам болки но се смирени.Под терапија сум се надевам ќе биде се добро.Фала ти што не мислиш
Ме префрлија на друг оддел,примам инфузија за намалување на болките,јас не ги осеќам ама цтг то вика имам и ако не се намалуваат ќе ме породат царски