Ти посакувам да издржиш до крај,но и да не се плашиш на ГАК се многу добри доктори. Јас пред точно 2 години се породив на 33+4 ,сега кога прочитав што си пишала солзи ми потекоа,спомени ми се вратија.Само за да имаш верба и добра мисла,моето родено таа недела денес ги надрасна сите,јунак е мајкин,здрав без ниеден проблем. Не се плаши има килажа и твоето,неделата не е и толку страшна. Биди смирена,насмеана,среќна.Се ќе биде добро верувај мајка Тука сме да си помагаме,да си пишеме ако ни е тешко. Јас сум втора бременост и еве пак низ истото поминувам.Ќе бидеме добро и ние и тие мали бебуши наши.
Ајдее бебе е срцка, херој како мама, опасни сме ние жените, ќе биде она одлично знам јас! Баш читав деновиве за бебка родена во 25та недела со 850гр па ене ја уште се бори, пораснала до 1500! Се ќе биде во ред. Стискаме палци
Многу ми помагате,многу и фала ви за секој совет и утеха,психички сум подобро,секој час се подобро и подобро. Има многу женички овде во помали недели од мене,па бебињата се добри и твоето искуство @abc1234 ми дава многу надеж дека се ке биде добро. На последново цтг немам болки,се смириле од инфизијата Ве гушкам сите
Се ке биде во ред, моето синче е родено во 35та недела, но со 1 и 800гр. Здраво бебенце, ене го не се соПира. Само Позитивни мисли и се ке биде добро.
Веќе сум 36та недела + 3дена, денеска бев на преглед, и докторот кажа постелката ти е зреана 1 степен, имаш уште време до термин...Па сакам да прашам што поточно значи тоа созреана 1 степен, за колку време би требало да созрее до 3ти степен, толку ли треба да е созреана постелката до породувањето...зависи ли од тоа колку е развиен плодот, или пукањето на водењакот...малку сум во прашалници во врска ао тоа. Може ли пример да ти пукне водењакот а да не е сеуште зреана постелката? Ако знае некој да ми раскаже повеќе инфо околу тоа
Јас како што знам, треба да е веќе некаде 3ти степен во тие недели. Јас сум 36+2 тука некаде со тебе, на последната контрола ми рече др. крај на втор степен, почеток на трет, така нешто. Можеби има жени и така што се пораѓаат, така да да не се секираш. Колкаво е бебето? Беше на цтг?
Лошо е да е созреана 3ти степен а ти да си 6ти месец. Созреана постелка значи бебето не добива доволно храна. Јас се породив со 2 степен зрелост.
Можеби и јас лошо се изразив. Зрелост на постелка е степен до кој таа созреала т.е. остарела. Кога е 1 степен значи има одличем проток на хранливи материи до бебе.
Јас денеска всушност бев за прв пат во државна болница, да се видам со докторот кој планирам да ме пораѓа, досега одев само кај матичната. За бебето кажа тежина 2800гр, и тоа само рече постелката е зреана 1 степен, па ако во меѓувреме не добијам болки, или ако не ми пукне водењакот да се видиме следен преглед во 38ма недела. Инаку последен термин ми е 11ти Март, заедно сме значи ние со термините А јас бев ко збунета преѓеска кога бев на прегледот, ништо што ме интересира непрашав, еве и тоа што веќе влезена во 9ти месец не ми спомна да ме стават и на ЦТГ....
Еве ме пак девојки,болки на цтг нема,добив второ зреење и се надеваме дека до утре вечер се ќе биде добро и мирно,а од задутре или дома ќе си одам или ќе излезе принцезата моја
И кај мене е таа килажа, во Чаир ми рекоа да не било мало, ме подзамислија, ама помина и тоа, хахах. Туку, на ЦТГ знам дека треба штом влезеш во 36та, не знам зошто не ти спомнале.. а мене ми кажаа секоја недела сега на ЦТГ. Тоа за постелката ќе го прашап нареден пат, ама сигурно не е страшно.
Мене во 36та ми рекоа бебето 2.500, па се роди 3.500 ич за килажа да се не оптеретувате. Син ми е роден 4.360 и напредуваше 500гр месечно Ќеркава кило помалце родена, а досега скоро кило ми напредна за неполн месец. Нема правила
Ќе биде добро , минатата недела и јас имав болки, исто примив инекции за зреење, еве веќе сум плус една недела од тогаш дома. Се појавува повремено стегањето на матката и тогаш пијам магнезиум и носпа. Ќе истуркаме уште 2-3 недели, верувај