Добро утро девојки,инфузиите завршија синоќа и сега за сега на цтг нема болки... визита чекам да кажат што како после. Инаку со вакви и такви болки како вашите не сум само јас и вие,не има повеќе и баш околу таа недела,не сакам никој да плашам ама бидете претпазливи и секоја чудна болка не само на форум ,одма матичен или на ургентен,што е сигурно , сигурно си е.
Мајка се надевам ќе успееме да влеземе во 36та и да здивнеме. Во врска со болките во првата бременост неискусна ги издржував мислев рано е па отворена отидов на клиника и се породив во 33та,овој пат веднаш зазвонив на матичната и испадна болките да се за скратен цервикс па мирувам. Убаво си пишала нема простор за паника само повеќе претпазливост. Пиши инфо после визита
Моите беа како контракции,само што болката во кичмата и ниско доле не беа заедно како за пораѓај туку се менуваа наизменично и мислам дека и доста ми помогна апликацијата од @Ava.84 (mnogu blagodaram Ava)за мерење контракции....беа на 5 до 7 мин.
Ете знам дека нема да ги познаам, ќе се породам јас или дома или на паркинг боже ме сачувај..... многу ми е мило што сте добри, уште малку имаме до 9ти месец, мора да изгураме и ние и нашите принцези
Моите почнуваа со слаби болки во препони,па стануваа појаки да ме боли да неможам да станам. Ми се грчеа нозете,ме болеа бутовите.Почна и кичмата па после слаби менструални болки ниско доле паралелно со папок и стануваа појаки. Болките не беа еден ден траеа неколку дена.Сега веќе сум под терапија и намалени се.
Од кога почнаа болките Панцеф една таблетка и Утрогестан една орално наутро ,една вагинално пред спиење.Магнезиум наместо еднаш, два пато во денот наутро и напладне.
А утрогестанот што ти рекоа до која недела да го користиш? Мене дабростонот сега во 32 ќе ми го прекинат, но ќе продолжам со утрогестан.
Мене 20та недела ми го прекинаа ми оставија само аспирин и ми рекоја да го земам до 36 и да го престанам и него
Јас сега баш кога ќе одам кај матичната ќе и кажам ако не ми дава Дабростон дека приватно утрогестан ќе си земам. Нема шанса без терапија да се оставам, она ми зборе до 32 недела само дека се користел, а сите како што знам до 34 35 користат. Баш за една недела сум на контрола па ќе видиме што ќе испадне.
Уште едно прашање до мами што се на строго мирување. Дали за запек сте ставале чепче, пошо со храна тешко дека ќе пројде моево. По цел ден со напони сум, дури и кога лежам, мислиш дошол момент за раѓање
Јас бидејки околу 30та недела имав сериозни проблеми со одење по надвор, одев еднаш два пати во неделата и тоа беше пропратено со појава на хемароиди, докторката ми ги препиша овие, не ги земав бидејки ми кажа да пробам прво со храна (едно јаболко на гладно секое сабајле) и имаше ефект кај мене. Со лесно, белким ќе ти помогнат
Zdravo na site jas sum 29+0 i deneska bev na kontrola maticnata mi kaza deka plodovata voda mie 7 bilo normalno do 8 i maliot e za 31+1 dali nekoj ja imal ovaa situacija (malku sum zbuneta)
Денес бев на контрола, 39+3 малото нема абер да излези, вода доволно, постелката не е презреана, на бебето убо му било топло.
Добро утро девојки, Јас вчера на дежурен во Ре медика завршив. Имав некој чудни болки, подолу и болки во кичмата и грбот. Ме ставија на ЦТГ, имаше мали активности. На ехо се е во ред, грлото е затворено убаво, но лепотанот мој паднал многу ниско доле врз матката и ми создава притисок. Денес повторно треба да одам да се провери ЦТГ. Ајде да слушнам искуства со ниска поставеност на бебето, ве молам. Инаку ми рекоа лежење од денес. 31/4 гн сум. Што ќе се прави?