И јас сум исто при крај 38 + 3 и мене ми се потечени и нозеве како перничиња згора се а немам ни притисок ни ништо секогаш 120 со нешто никогаш не ми се покачил. Исто прстиве на рацеве кога станувам рано ми се цели потечени и болат не можам да ги виткам. Докторката ми рече нормално е при крај и да се потечени и да болат
Тоа во некоја нормална држава важи за сите. Мене кај не ми е дозволено да користам мерки, работа од дома фул работно време 3 дена, 2 дена во неделата одам со физичко присуство. Па и ми го прекинаа договорот, бев на определено 2 години, требаше да ми дадат договор на неопределено, а мене ме почастија со нов на определено со рок додека ми трае породилно. Не, не работам во локално фирмиче...
И јас сум тука со тебе. Ни болки, ни други сериозни знаци. Понеделникот не бев ни отворена, воопшто. По некое безболно стегање на стомак на ден, малку зголемен притисок надолу на бешика, и толку од знаците. Кога само ќе се сетам како се молев да го додржам до 33-5 недела Едвај чекам понеделник, да видиме до кај сме. Сакам да го гушнам, милото на мама @martty06 не чекај, оди ако пукнал. Ја пуштам цела среќа на свет
Мешиња вие што сте веќе над 36та недела, по колку пати сте оделе на ЦТГ, значи како што читам сите одат бар еднаш неделно да ги следат на ЦТГ, незнам зошто докторот кој ме води досега не ми кажал и мене да ме стават на ЦТГ а веќе аум 37 г.н. +3. Бев последно на преглед во 36та +3 и ми кажа, ако не ти пукне водењак или недобиеш болки, дојди повторно на преглед за 2 недели, а тогаш ќе сум веќе 38ма +5.....Стварно ме чуди што ми закажува нареден преглед после толку долго, како што ги читам повеќето дека веќе штом влезат 36та неделна одат почесто на контроли. И друго, од кога почнуват да гледат колку си отворен, и како се гледа колку си отворен, со вагинално ехо или тоа е тоа рачно шо мерат докторите
Isto pritisok dole samo i cesto mokrenje,drugo nisto i jas vo ponedelnik veke edvaj cekam da me primat i porodam,nemozam veke da izdrzam,i mn mn mrda mislam 24/7 nema prestan,a kade ke se poragas i kade ides na ctg??
Во Плодност ќе се пораѓам. На цтг бев еднаш таму пред недела и пол. Немаше никакви знаци, грло затворено, па ми кажа само да чекам или да одам на преглед ако не бидне ништо за тоа време. Уште еднаш бев кај матичниот за секој случај, немаше знаци. @sunmoonstars од 35та негде полна да ме вика на две недели. Пред тоа еднаш месечно. Цтг само еднаш досега сум направила, бидејќи не даде никакви знаци ми кажа исто ко тебе, да си чекам болки.
Не прашувај Од денес сум 40+0. Што и да ви кажам ќе ве исплашам само, ќе пишам кога ќе се породам Психички сум даун