Јас пред три недели ја имав плус кандида, пиев еритромицин 10 дена, не направив друг брис. Сега им кажав ми ставаат венски антибиотик. Ништо страшно викаат па кој знае
И јас во болница до пред 3 дена примав венски антибиотик,како не се излечила ако сум ја имала тогаш? Можеме само да нагаѓаме од каде што и како....дај боже само малава да ми биде ок...фала ви женички за брзите одговори,лов ју,ме утешивте малку....
Инаку никој ништо не ми кажува. Така лежам, повеќе нема вода да тече. Сестри викаат на програм си за утре за царски. Сега поминува една докторка пројде вика ти за сабајле си за провикација. Ми е страв до кога може да издржи бебче без вода. Пошо до утре до визита над 30 саати ќе пројдат
Некогаш однесувањето на докторите изгледа како да не им е гајле за нас ама верувај мила дека си ја знаат работата и сигурна сум дека ти ја следат состојбата,одговараат за тебе ,така да не се секирај...денес опушти си се,утре ќе ти биде најсреќниот ден
Те проверија на ехо, за плодовата вода до каде е? На ЦТГ те ставаат или не? Ако не, барај сама, прашувај. Со лесно да е, да бидете добри со бебенце, и да ни пишеш тука најубави вести.
31 недела бебе со главче на горе ножиња на долу... Го прашав докторот ми реќе до 33 34 има време да се сврти па да се надевам дека ќе се сврти ...
Еве и јас да се придружам на тема нелагодности..35+2 сум и пукнав од тие стврднувања, не се болни не се регуларни, ама нервираат ептен..Цело време и јас мислам порано ќе се породам. Цел ден дома сама се збудалев само тоа мислам, да влезам во деветти. Во понеделник сум на контрола одвај чекам..со лесно на сите
Кај мене се сврти на 36 недела, прва бременост. Има време, ќе се сврти. Само добро би било ако правиш вежби за да му помогнеш, има на youtube побарај.
.Ехо не ми направија уште едно. Еден од медицинските браќа вика може ти останало вода па затоа немаш болки. Лежи вика мирувај да порасне бебе. Како бе ??? Плус хемороиди воспалени надворешни у пм болат
Хаха нормално тие сигурно не се како сега ама јас цела бременост се нешто ме боли и затоа си мислам да не закаснам Инаку од денес 39 ама девојка нема абер да излегува бев на цтг супер е слаби контракции ништо во моментот како за инает, а дома навечер ги осечам почесто. Ни урми ни ананаси ништо не помага. Се си мислам од бебињата во март мојава ќе биде инатчиката до крај
Не мора да значи мора да пукне и да истече водењакот, може и по малку да тече плодовата вода секој ден да се намалува, ама не се плаши, тоа се гледа на ехо одма.
Какво време дојде само цццц, цела бременост со стресови.....де инфекции,де бактерии,не мрдало,многу мрдало,еден преглед па друг,се нешто сумњиво цела бременост,стврднувања на стомакот,стравови аман аман аман....да неможеш да уживаш во бременоста,многу жално....пред 15 и 18 години уживав,ништо не ме болеше и на преглед одев 3 пати во цела бременост....сега,сега се е опаку па се чудам зошто по едно дете чуваат младиве или не се мажат/женат. Искрено едвај чекам да се породам,едвај!!!!! Преку глава ми е од стравови и стресови...
Хахаха значи не пишувам многу по форумов, ама сѐ читам што пишувате. @Pacient srna најјака си ми вака со твоиве коментари
Isto i jas cekam da vidam toa. Mi kaza drugarka ne se maci so vezbi ja se utepav vezbajki ne mi se svrte taka da kako sakas
Јас сега кога бев кај матичната зборувавме за интернетот се што читаме и што се правиме дека се знаеме, дека не е ич добро и убаво за нас, сами стресови си правиме некогаш. Муабетот почна кога ја прашав за папочната врвца на бебето, и ме праша зошто прашувам. И кажав најголем страв ми од тоа да не му се умота папочната врвца, го пратиш ли тоа и реков. И она вика добро што ви е со таа папочна врвца на сите? Нема трудница да ме праша за неа, зошто мислите вие ми вика на тоа? И и кажав дека читаме од нет искуства, за жал дека многу бремености и бебиња во 9ти се мртви родени заради тоа. И само ми рече значи нема што ти да мислиш на тоа, тоа се некогаш кобни минути што може на секоја да и се случат ама се доста ретки, најчесто сите бебиња се раѓаат со замотана папочна околу врат, ама тоа најчесто се случува додека трае пораѓајот, и зата постое цтг то се пратат претходно тоновите на бебето. И ми покажа дека нема папочна околу врат кај бебето, дека да, прате и на тоа. Не ни е доволен нивниот збор, сами мерки споредуваме, а зошто тебе така а мене вака. Порано беше подобро ми рече, сега ти одиш на пораѓај знаејќи се што те чека и секакви сценарија си правиш читајќи различни искуства, а не сфаќате секоја бременост е различна, секоја жена различно си ја носи бременоста. Болките се тие да, ама секоја мине различно ми рече. И секогаш може се нешто да се случе лошо, и некогаш може да немаме објаснување за тоа, едноставно може да се случе, ама тоа не значе да читате по цели ноќи и да мислите на лошо, затоа е подобро кога не ви се сите информации достапни.