Е да, баш таква болка, како да сум држела долго за во вц. Ама не држам, дома сум, штом ми се приоди во вц си одам. Не ми е зачестено уринирањето, немам надворешна болка, никаков знак за инфекција (што не мора да значи па и дека немам, в понеделник ќе проверам), а одвреме-навреме многу ми е силна, остра болката во бешиката. Туку, друшки мои, нормална ли е оваа 'спавача болест' во трет триместар? Како на почетокот што спиев, исто ми е. Секое подлегнување и затворање на очите, јас по некоја дремка си мавам. Некогаш очи не можам да отворам по цел ден. И какво е ова гадење и намален апетит? Нели сега најмногу треба да ми се јади? Ниеднаш на почеток ни ми се згади, ни повратив, сега...
Лелее, како почнаа раце да ме болат и колена, плус препони, не знам дали и колку е ова веќе нормално, ништо посебно и не правам, а ме болат како физичка работа да сум работела не знам ти каква...
@IRBBB za spienjeto i ja sum koma. Mislev zelezoto padnalo ama nema vrska,a za jadenje si jadam bogami
Јас сега јадам ама ми се гади, мислам дека притискаат бебки на желудник, па има гадење или киселини,кај кој како. Другарка моја цела бременост супер, на крај повраќаше баш тешко и беше на желудникот и гадење... Нема правила, сега големи се господата и стискаат сегде Кој знае што прават по стомакот врти преврти, а дека не се веќе мали се ни смета и се осеќа...
И раце и нозе секоја божја вечер, онаква нервозна болка, како да ме клука нешто, сабајле се будам со отечени прсти на дланки и стапала, не многу ама отечени се... не знам веќе ми иде да ги исечам
Јас мислам дека ми дојде времето синека до касно имав контракции со болки во стомак и половина, во спиење ги осеќав и еве и денес продолжуваат. Мислам дека и дел од чепот ми падна. Не се со исти интервали ама сите се на помалку од 10 минути..
Мерам одма кога видов отоци (уште во 26та недела ми се појавија прв пат, после се смирија сами од себе, па еве сега 35та пак се јавуваат насабајле, после тоа ги нема), а болкиве дали се од нераздвиженост ама се движам што низ дома што низ двор, во маркет одам секој ден, или од тежина појма неам стварно... ама тупан ми се нозеве
Стварно?Не сум знаела, а фала богу никој не ми кажал.... Мене баш па сега ми треба нозеве да ми ги опушти ко тапани ги осеќам.. Што е причинава да се прекинат Иванче? Нешто со болките поврзано ли?
Па јас колку што знам што ми имаат кажано е дека магнезиумот ја стврднува матката затоа и го прекинуваат до таа недела за да може матката полека да се опушти и да се припреми за припремните болките и контракциите