Фалави мајки, бев на преглед ми направија цтг и проверка само еден прст бев отворена, ме вратија дома да следам како ќе биде па да се вратам покасно..
Прва пат го осетив бебуш да ика, баш како пулсирање на едно место,како откуцаи,можно ли е да се исплаши од гласното лаење на кучево?Слушаат нели?Пошто ова ѕверов мој е огромен и кога лае се слуша низ пола населба,како залаа ова почна да ика не знам дали е коенциденција
Слаби менструални болки цела вечер и цел ден (на неправилни интервали), болки во кичма повремено, стврднување на стомак еднаш до два пати на саат време, нормално ли е за 35+3?
Стигна и синко мој, му се брзаше за надвор. 35+4 малечко бебуле 1900. После 43 саати со прснат водењак и еден куп провокации и страшни контракции едвај се отворив на толку чување и страв ради грлото на матката. Сеа во инкубатор и уште незнам како му е состојбата
Нека е живо и здраво , ќе биде добро, ќе се стабилизираш и ти од сите болки и трауми и ќе уживате заедно
Девојки да не барам низ темава дали може да ми пратите линк-вежби за да се стимулира вртењето на бебушка? И дали на некоја и имаат помогнато тие вежби?
За тие што прашувавте за уреаплазма во бременост. И мене ми се појави во 25та недела. Пиев сумамед и после еден месец ги повторив брисевите пак ја имаше. Ми препиша матичната еритромицин, ги пиев една недела и баш ја прашував за породување и ми кажа дека не смета за природно породување, ми вика што си се уплашила толку од уреаплазма, не била страшна воопшто. Јас планирам кај Бојаџиев породување и тој ми рече дека нема потреба да ги повторувам брисевите после испиен еритромицин. Следната недела сум пак кај него и ќе го прашам баш уште еднаш,ама добив впечаток дека не е толку сериозно.
Девојки, 38+ недела сум ама денес некако бебе многу мирно... не дека воопшто го нема, тука е но е многу нежна денес, без нагли удари туку се чувствува движење ама споро. Мислење?
И мене ми е така 38 ма недела, од другарки што слушам скроз е нормално да ги нема ,го И јас сум исто 38 ма недела. Некогаш го нема во текот на одреден период,некогаш како тегнење осеќам . Мислам е скроз нормално бидејќи се големи и го зафаќаат целиот простор во матката па нема многу нагли движења како порано.
Најпрво честитки жив и здрав,голееем ќе расте. Тежината да не те плаши и јас моето го родив 2кг.,намали до 1600гр. па сега е дечко ипол здрав,силен,јунак на мама. Многу е битно сите органи да се развиени а мислам се со оглед на неделта Побрзо опоравување на тебе,и собирај сила да го чуваш бебуш
Девојки денес прошетав малку подолго нешто што ретко правам во последно време. Откако се вратив од кај 3ч. еве досега имам цело време стврднување во стомакот. Болки немам, можи на моменти така слаби менструални ама ништо посебно. Ме загрижува стврднувањето доста често е. Магнезиум се напив, вода, лежам. Што мислите дали од движењето ова ми се случува? Јас општо имам повремено такви стврднувања ама не толку често како денес. 34+5 сум.