Се зависи од тоа дали имате болки, контракции и стврднувања и колку се чести. Јас сум 36та и магнезиумот ми е задолжителен ради болките (3 х 250мг) , ми рекоа до 38ма обавезно да го пијам. Доколку немате болки или можност за предвремен пораѓај тогаш можете и да го прекинете. За ова прашував доктор во ремедика во петокот.
Мами како ви поминува денешниов ден? Јас, после вчерашниот ден (цел ден имав менструални болки и болки во кичма) сабајлево се разбудив супер, но тоа траеше кратко. Пак ми почнаа и болки и стврднувања, па ме фати една паника, немам ништо испрано за бебе, немам спремно за мене ништо, кога срипав од кревет, еве сега ја чекам третава машина да заврши па ќе пеглам. Барем тоа да биде спремно, ако изненади бебе. Оваа недела сум на преглед, уште не сум закажала, планирам накај четврток петок таман ќе бидам 36та и некој ден.. сакав теписони да носам на перење, не можам да најдам фирма, уште тие останаа друго све ми е исчистено и така, еве сега ке пијам кафе на тераса па ќе праам ручек, ми се јаде мусака имајте убав ден
Ако ти треба фирма за теписи најди ги на инста profesional.n.b.i јас втор пат перам теписи кај нив зимаат од дома и ги враќаат за 3 дена. Инаку дај си одмор три машини перење,пеглање ќе стоиш на нога со саати.Испеглај основно што мислиш,утре,друг ден по малку.И да дојде бебе па ќе пеглаш ,така да мусаката во рерна ,кафето на тераса и одмарај . Инаку јас сум 34+3 бебе гимнастики во стомак,немирно многу.Имам и јас болки во кичма,препони повеќе навечер болат кога ќе ми се опушти телото. Ќе се издржи за малку
За купувањето јас одам со свекрвами купуваме заедно.Имаме да не речам исти вкус и лесен е договорот со неа. Мене ми е задоволство да пазарам со неа,жената е немам збор баба на место. После се купено за бебе ручаме заедно негде и го завршуваме денот Така пазаревме за првото ,сега за некој ден исто сме договорени за второто. Со останатите блиски имам супер комуникација купуваме што треба да се купи ако не си позајмуваме една со друга зошто сите сме со мали бебиња.
Јас денес имам чудна болка во стомакот... Не боли многу ама како пред добивање кога ме мачел стомаков безвезе така нешто повеќе е позади болката како кај бубрезите...ко да ќе добијам за некој ден е баш така ме наболнува Инаку бебко си мрда ко и секој ден, нема некоја промена. До сега сум се грчела болки во кичма страшни и се, ама вака не ми било, чудно. Не знам ни како да објаснам. Сабајле така станав ама имав дијареа па викам нешто од тоа да не ми е цел стомак пореметен. Не знам што да мислам веќе.
Јас денес го вклучив моторчето,пу пу да не се прерочам..незнам што ми стана од сабајле со фул енергија ,доручек,ручек па и тортиче стигнав за дечкиве мои да направам,бришев,чистев и сега одморче малку ,нозете во вис
Иста ваква земав пред 4 години за првата бременост, 400 денари беше отприлика, само заборавив како се викаше продавницата, во близина на соборна беше, во Скопје.
Камо да беше мојава таква, леле ќе се радував жими се Јас се спремив исправ, испеглав, здиплив, постелнина ставив, торби спремив, алишта за мене и за бебе, ниту ме прашала за помош мојава, ниту рекла нешто, се сами со ММ. А бебе абер нема 38+ утре сум на ЦТГ во Чаир, па ќе видиме. Се живо ме боли се уште, болки и контракции никакви, само работам нешто да не мислам на пораѓај.
Друшки кога е време за прв преглед таму каде што планирам да се породам? Вторник полни 30, во 31ва недела влегувам. Океј е или уште е рано? И што документација би требало да носам? Или така да си појдам само на закажан преглед?
Јас уште немам доиспрано се, а некои работи не ми се ни купени. А 37+5 сум. Паника ме фаќа Вечерва пуштив две машини, од алишта скоро се ми е испрано, уште пеглање и средување. Утре постелнини, па да се намести и креветчето конечно. Ни торба за мене имам спремено ни за бебе за во болница. А за првово месец пред да се породам торбата ми беше спремна Досега чистев од што сум испаничена и вознемирена Сред ноќ се будам и не можам да презаспијам од што ми шета паметов на 1000 места. Понекогаш и си поплакувам и така... Утре сум на контрола кај докторката што ќе ме пораѓа, па ќе се договориме и за термин конечно дека сум со царски па ќе одиме на закажано.
Девојки, вие што сте веќе над 38ма/39та недела, како ги осеќате движењата на бебето? Јас денеска како ич да не ги осетив или многу слабо, не се концентрирав на тоа преку денот колку преташе бебе, но ми остави впечаток дека од толку многу што преткаше претходно денеска како ич да не ме клоцна? Исто денеска немав никакво стегање и стврднување на стомахот, ниту болки во интимата а до вчера имав ептен силно стврдување на стомахот, пиев 2пати магнезиум..незнам дали е нормално тоа во 38ма недела +4 да неллоца бебе...
И ние не сме спремни ништо... Од денес активно почнувам со перење и пеглање. Има и некои работи што треба да се докупат. Катастрофа, се замислував дека порано ќе бидам спремна со се, денес 37+5, несоница на ниво! Почнува да ме фаќа паника што од царскиот, па и дека не сме средени уште. Инаку бебе е многу активна кај мене, посебно поручек, од сабајле не изгледа спие, ама после ручек многу турка со главата деновиве, само уште да беше наместена како што треба, ама тоа е. Имам и болки некои на моменти во кичма, менструални ама мислам веќе е нормално во последниве недели. @Skorpija25 ептен блиску ќе бидеме ние, ако ми е прво дека со царски нема да ме чекаат до крај мене. И не да ме фаќа паника.... Некако од почеток замислував и се спремав за бебе крај на март да дојде, прворотка си викав ќе надминам термин гаранат, сестрами двете ги има родено 41 накај 42 недела. Сеа малку шок ми е, што викаш се будам и нема презаспивање од овие мисли мои. Само го замислувам денот кога ќе помине пораѓајот, ќе се подопоравам, ептен ми е страв. Со лесно мамички, си дојде и Март, а како вчера да го гледав тестот позитивен.
Јас сум 38+5 и баш завчера пишав дека не ја осеќам беба. Т.е. Ја осеќав, ама многу слабо, нежно а не како предходно. Ама к’снав два реда чоколадо вечерта и оп, се врати во форма. Не е навикната на многу благо, па ова може ја шокираше, па почнаа рингишпилите
Jas negde citav deka pri krajot veke deka se golemki nema da osekame udari nego ko vrtenje prevrtuvanje sto e valjda poslabo...jas 34 od denes i mojava ne prekinuva ne se ni trudam da brojam dali se 10 vo saat zaso ne e soprena
Па да, не е веќе удирање туку е како тегнење, ама во повеќето случаи е силно и понекогаш дури и боли кога ќе го испрчи г’зено. Или ко ќе ја истегне ногата до бубрези и тоа се дешава по цел ден. Дента беше како многу мирно и го немаше долго време. Јас сум со плацента на заден ѕид, и ко ќе се испрчи, точно г’зе излегува полна рака
Jas pa se utepav gledajki vo stomakot dali ke prepoznaam race nodze gze nesto....veze nema niso ne prepoznavam
Како ви се ехо прегледите во 9ти месец? Последното ми е во 34та г.н, во 35та само брисеви правев, сега сум 36та и докторот смета дека цтг е доволно и немам потреба од ехо повеќе. Мене некако ми е шубе