Јас сум сега во четврток, цтг знам дека обавезно ќе се прави, а би сакала и ехо да си го видам бебче, ќе бидам 36 + некој ден, до сега во 30та и во 34та недела ме гледаше прво ехо па цтг и двата прегледи, се надевам и сега ќе е така
Дали е нормално рацете, поточно дланките и прстите, како да ми се стврднуваат, т.е како мравки да ме полазуваат, па се губи, па пак.. и тоа најчесто во спиење, дали е од намалена циркулација, или е нешто друго не знам, ама мн е безврска..
Devojki kako go izdrzuvate vaginalniot pregled koga proveruvaat dali ste otvoreni, jas mislam deka ke umrev deneska, mnogu nezgoden pregled
Тоа ми беше најнезгодно нешто, кој стигне бута прсти, имаше некои не ни осеќаш дека те проверува. Па мм е понежен
Јас пред 2 години кога се пораѓав ти кажувам, го мразев и сеуште го мразам тој вагинален преглед. Мн е незгодно.
Некои како да немаат осет,цела рака протнуваат и уште брцаат....мислев дека сака матката со рака да ми ја извади...најверојатно немаат осет незнам...БОЛИ БРЕ!!!!
Истото и мене ми се случува,како фа ми трне дланката а и нозете.Незнам до што е така.Пијам магнезиум па ме смирува моментално тоа.
Јас сум веќе 38ма, ми кажаа да не пијам магнезиум, ептен ако мн јаки болки имам во нозе, или зглобови, ова како да губам циркулација, и ми трнат прстите, и тоа највеќе во спиење така, или додека се расонам.
Пробај со масажи ако не смееш магнезиум,нека ти помогне сопругот. Јас понекогаш и со бебешко млеко се масирам и тоа помага. Во спиење мене па ме фаќаат многу силни грчеви во листовите , како да ме парализира така ме стресува тоа во сон ,многу непријатно и болно
Тоа е тој прост муабет дури и од стручно лице. Јас вчера бев кај матичната за последни брисеви, и баш и реков, цела ноќ го мислам спекулумот, минатиот пат пред една недела кога ме гледаше дали сум затворена Господ го видов значи, те молам употреби нешто помало или ептен полека, незнам зошто толку болно ми беше и реков, од секогаш бил непријатен ама сега беше болно. И ми рече болно е бидејќи си отечена доле, почувствителна ти е станата, не се секирај ми вика нежна сум јас, ќе употребам најмал сега. Јас и викам има ли врска шо секс сум немала 8 и пол месеци. Се си влијае вика, па и тоа. И најмалиот го употреби, беше скрос внимателна, беше незгодно ама не беше болно. Само шо ме чепна со памукчето на брисот ми потечи крв од ѕидовите, ми вика пренежна си, такво ти е премеко и пренежно ткивото и ѕидовите, затоа и се жалиш нонстоп од болка доле вика а малце се оптеретиш. Битно доле скрос затворена и нема сукрвица од цервиксот. Ме исчисти со јод и заврши прегледот. Иначе за со рака преглед, Саша Јовчески и во 8ма и во 13та недела ме прегледа кога бев на дежурен заради кафен исцедок и болки, првиот пат беше страшно груб и ме збрца наеднаш неочекувано, и вториот пат баш му реков пополека малце ако може, ме боле, и само ми рече опушти се те молам значи, и се трпеше тој пат, а спекулумот у секој случај ми е понепријатен од рачен преглед. И пред 1 месец исто со рака ме прегледа Весна од ГАК и и реков, пази те молам, имам болки доле, и ми рече со еден прст ќе чепнам ќе бидам нежна, не ни осетив кога ме прегледа. Муабетот ми е, укажете пред преглед да се понежни и да припазат, јесте да се медицински лица ама некогаш стварно се без осет, дали се брзат дали нешто друго небитно, не им ќутете ако сте имале лошо искуство. А пред пораѓај е тогаш се брца подлабоко да бидеме реални и сакаме неќеме - тоа ќе боле, нема бегање. Белки од контракциите нема толку да осетиме.
Магнезиумот ги опушта мускулите и лигаментите ама ја стврднува матката и затоа после 36 недела се прекинува
Мене докторот кога ме прегледуваше вагинално воопшто не ми беше болно, многу беше нежен,ама таа акушерката кога ме збрца од памет ме извади
За истово ќе пишев пред некој ден. И кај мене е исто веќе цела недела. Посебно десната рака, одвратно чувство и највеќе навечер, кога ќе легнам да спијам. Не можам да се наместам, се раката здрвена, се масирам во сред ноќ. Го прашав докторот што ќе ме пораѓа, рече нормално било, и да пијам насабајле и навечер магнезиум. Јас го прекинав, зашто читав дека во 9ти не смее да се пие. Мене ми кажа докторов да си продолжам да го пијам ама најверојатно зашто јас ќе бидам царски. Прашајте си најубаво. Инаку за тоа преглед со рака, ми било најстрав кога ќе сум помислела на раѓање, на бременост... До сега не ме прегледале така, ако стварно бидам царски може и ќе се спасам од тоа. Ама па со царски за друго ќе си го ''јадам стапот'' и така. Да не си жена.
Одвратни ми се и мене овие прегледите, а замислите по двапати дневно ме проверуваа.Па прво бркат па ти викат стави тупаници под газ и ти бркат пак .Бебето ми бегаше нагоре секогаш кога ќе ми бркнеа.Од толку бркања само еден доктор не го осетив, толку беше нежен што мислев оти е маж затоа е нежен.Исто и бабицата кога ми кажа 10см си отворена. Туку друшки ми недостига темава,ама немам време за пишување.Бебе виси по цел ден на цицо, па дада бара внимание,а јас сум ваква од не спиење. Туку вишок свекрва да нема некој да даде, да ми потпомага малку околу ручек и бебе.Мојата си ја штедам.
Утврдено ми е намалена плодова вода во 34та недела. Слободен џеб 3,8 цм. Сега секој втор ден ќе одам на цтг. Ќе треба да се следи ситуацијата и најверојатно порано ќе се породам. Некој со слично искуство?