Спиење никакво веќе месец дена наназад, ми трпнат колковите од болка Денеска се разбудив со некој немир во душава, нервоза, ме стегаат градите... Мерев притисок ок е, низок како и секогаш а душава клопче
Оф... не сум само јас со вакви маки Кај мене почнаа и киселините пак, па сега гледам да не јадам после 9, за да можам да заспијам без да ми се враќа храната. А некогаш сред вечер ќе се подразбудам и почнува бебушка да клоца, да се размрдува, е тек тогаш нема заспивање. Од сабајле сум уморена уште
Јас пред некое време земав и мене ми е супер. Ја користам и за седење, за потпирање, а можеби и за доење ќе врши работа (така пишува) и кога ќе завршам со се, се правела табуретка . Мојата не е гломазна и голема, затоа што ако земев таква, ќе немаше место за маж ми Инаку, ми го држи телото на страна во добра положба, колковите правилно и мене ми е супер, си спијам супер Пред тоа користев обична за спиење, таква издолжена, само меѓу нозе ја ставав, ама како растеше стомакот, стануваше некако премека и неудобна, а оваа (најверојатно сите труднички се такви) е полнета со некои топчиња внатре и не се сплескува. Мојата е овој модел.
Добро утро женички,денес полни 37 недели,ја осеќам малава дека е спуштена во малата карлица и на моменти како да бутка имате ли вие такво чувство...ноќеска имав малку болки во стомакот и не спиев баш убаво,а од сабајле се превртува цела,искрено мене почна да ме фаќа и страв и паника и возбуда и се
Веќе не знам што да кажам, го осеќам бебко доле уште од кога, ама никакви знаци нема за пораѓај, не ме боли стомак, ме боли нерв и нозе да, ама уште од кога. Утре влегувам во 40та, и ако не се породам после недела дена, ќе се индуцира пораѓај, а читав за тие провокации и лоши коментари, не знам што е добро што не е веќе, не е донро ни да се чека, не е ни вака да се индуцира, кој знае како е добро, ме фаќа веќе нервоза!
Како и да е со лесно да ти е , бебе мора да излезе од тебе Јас да се пријавам од утре 33 недела туркам , бев на контрола бебе супер ,димензии во ред со главче надолу е и така За сега се е добро, другата недела треба да одам на последен брис и после разговор со докторката за пороѓај Возбудена, уплашена се собрано од сабајле ми е се мислам како и што ке биде Ај со лесно на сите мамички
Имам едно прашање, сега сум 29та недела уште 3 дена и ќе влезам во 30та. Од предходно ми имаат кажано гинеколозиве дека високо е поставено бебето, ама јас онака го осеќав, во висина на папок одприлика, да кажам нормално, ни ниско ни високо. Последнава недела го осеќам над папок, а кога ќе легнам на грб ко под ребра да ми е качено Тешко ми е секако, и при јадење и при спиење, ама се прашувам дали е нормално вака да оди нагоре?
Види мила се е до начинот на гледање на ситуацијата.Некој го доживува постресно, некој полесно.Гледај позитивно и на резултатот.Нормално е за прворотка да го надносиш бебето .Исто и психичката состојба на мајката, дали е спремна за пораѓај има голема улога во отватањето.Затоа не се плаши, пораѓајот е најлесна работа. Најбитно е здраво и живо бебе.Со лесно . Од 36 почнува да се спушта надолу, кај тебе се уште оди нагоре, што е нормално.
Точно, јас еве веќе сакам да излезе бебе, не можам психички се нервирам дека треба можеби со провокација, а тоа колку е добро кај нас не знам, читав различни мослења, поделени се. Пораѓајот веќе и не го мислам, повеќе сакам да се породам него ли било што. Здраво и живо да е точно, другото ќе си биде, фала ти сепак.
Доста читаш Уште не ти е надминат терминот, а и да се надмине не е страшно,честа појава кај прворотки. И јас сакам што побрзо да излезе, се опуштивме сега дека сме во безбедна зона, па не ни се чека Јас денес сум крш, гадењево веќе не се трпи не знам што не испив и јаболка јадев зелени и џабе...го мразам чувствово, затоа едвај чекам и јас да се породам, д ане замарам само дрндам лошо ми е, ми се гади, ми се повраќа и така цела бременост. После сум пак на цтг да видиме денес до кај сме.
Оф јас со тебе си се тешев баш му викав на сопругот дека една друшка од форумот во 8 ми престанала да повраќа ама изгледа и двете до крај ќе си тераме со повраќањево и мачниниве...Мене во 6 ти медец малку ми се поднамалија ама еве за неколку дена влегувам во 7 ми пак исто,нема спас до крај со ова повраќањево ќе со тераме
Од 8ми не повраќам, траеше еден месец, се изнајадов изнапив за сите пари Сега не повраќам, само ми се гади, киселини имам ептен, ама мислам на крајот сите со киселини мака. Јас им викам на дм и мајка ми, ко ќе се вратам од болница на маса од пиле млеко да има и еден бокал кафе и цигари и остајте ме некој саат
Значи има некоја надеж за повраќањево ама мачнините не хахахах Леле да знаеш мене највеќе ми се пие кафе турско лелел,прееска баш варев за други и 5 минути си го мирисав ѓезвето да се надишам од мирисот хахахах Ајде ќе издржиме се за нашите бебушки а после ќе надокнадиме
Сега само што дојдов, се исплашив малку, 2 ипол саати дремев таму,многу беше пасивен, па сто пати пиев кока кола,па благо два пати, па мрдна малку, а вака на ехо ок, 3350 го измерија, плодова вода и постелка ок. Се вознемирив малку ама ај ваљда е ок.