Добра сум сега, мерев ТТ 36 со 5 ми беше, а глава пак ме болеше, и се напив парацетамол, грлото ме гребе на голтање од десна страна, пробав со лимон и чај, топла вода со малце сол како гаргара, ама тогаш за тогаш и пак се враќа пецкањето, друго за грлово појма немам што да земам. Се надевам ќе сум подобра и сега на крај нема некоја глупост да ми се задеси, затоа што ќе треба да мењам доктори, па да одам на ГАК, абе не сакам да помислам... само нека заврши се добро, и да сме живи и здрави со бебко.
Не се секирај не е корона ќе знаеш ако е корона и јас предходно на секое затнување на носот или болки во мускули си викам готово корона е ама не е така. Сега кога ја фатив одма поинаку се чуствував... А и да е корона не се плаши ќе биде се во ред!
Утре земи чај ѓумбир, мед и лимон, или чај од ловоров лист со цело оревче ако имаш со се лушпата ако немаш само ловоров лист и можеш на коцка шеќер прополис капки. А сега ако можеш направи си прегорен шеќер, млеко и путер ќе ти го опушти грлото да не те гребе толку. Немој ништо врело да пиеш и немој жалфија, бел слез тие чаеви...
Ништо нема да сменуваш, ќе си продолжиш кај што си тргна. И сѐ ќе заврши не добро, туку одлично. ❤️ Како што кажа и Ула, гледај ладни течности да пиеш, за да се намали отокот во крајникот. Цеден лимон, гаргара со бетадин, ќе пројде одма, таман дури синче реши да излезе.
Фала ви женски, може било од возбуда, ама јас осеќам привремено како да ми тече вода, чиста вода, по некој мал млаз, ј на моменти имам слаби болки, прво стомак па после кичма, наизменично, ме пуштаат за брзо, така да ќе си почекам некое време, и онака за некој саат требаше да одам на преглед и ЦТГ, па ќе видиме што ќе биде.
Здраво мајки, ве молам за инфо дали некој има вакво искуство и дали е опасно. Вчера при преглед во 37 недела во државна болница на ехо докторката ми кажа дека кај бебето во стомак се забележуваат дистендирани црева, подуени црева и да дојдам во понеделник од сабајле да ме видат на подобро ехо за секој случај. Ми рече дека можеби не е ништо ама она што читав по нет од памет ме извади.
Никако, секое сабајле се будам со бумбар нозе и раце, ќе станам ќе се измасирам и ќе се раздвижам па поминуваат... и нозете многу ме болат, од бутови до прсти, дали е од тежина појма неам ама од 28ма недела сум вака
Мислам да пробаш да го намалиш количеството на сол што го внесуваш.... Од тоа може да се појавува оток...
Не е водењакот тоа, јас го имав истото пред пораѓај на гаѓите како вода малце. На темава доаѓам поради тебе да видам до кај си што стори. Чекаме убави вести ајде
Уф ме задржаа мене веќе, водењакот беше, само што ме провери вагинално докторот, уште повеќе истече, и сега имам слаби болки и си лежам, си чекам, па до вечер ќе видиме како ќе биде ситуација.
Ајде веќе редно е една по една да се олесуваме и да се радуваме,доста се жалевме .... или ќе продолжиме да се дружиме и жалиме по други теми.
Леле бе колку е лабава женскава, зар е истата шо трчаше по дежурни цела бременост?! Женче конечно се ќе се исплате, со лесно, и едвај чекам у породилни да те читам!
Ama ne mora da znaci treba da se vidi od sto e, otok moze od pritisok i da ukazuva na preeklampsija. Jas sekoja vecer butam cips,pukanki,smoki pa neam otoci. Moze solta da igra minimalna uloga ne deka ne ama ne veruvam tolku da vlijae
Мами ај не читај по интернет, не се вознемирувај за џабе. Убаво ти рекла докторката, можеби не е ништо. Искрено се сомневам дека ако имало нешто досега 37 недели никој не го видел. Види трпелива до понеделник, ќе видиш тогаш што ќе кажат. Па уште малку и рацете ќе ти се полни со еден цел свет!