Ние шо сме при крај изгледа секој втор ден се бричиме спремни да сме. А како се фаќам Господ знае само оти и на огледало веќе не сакам да се гледам. Кога ќе се потфанам негде е мазно а негде има влакненце од 2цм. Како и да е, битно прегледно е, и чисти сме си. Мене ме боле вагината, цервиксот, ме боле накај задникот, ако стоам долго ме боле кичма и грб, пошто почнав да пеглам и перам се овие денови, по 2 3 работи пеглам и одмарам, после пак... Денес и душек купивме, утре постелнина ќе перам, и у аптека уште ми остана да одам да купам се наеднаш шо треба. Алишта не смеам да купувам веќе, 3 перални исправ само за неа, сум претерала и јас и мајка кога сме купувале. Нека издрже беба уште 10тина дена, после нека излева кога сака. И не можам да пишам ич, раците ми се нонстоп отрпнати, посебно левата, дури и ме болат, како грч трнење, не се видно отечени ама на нерва ме мава скрос, незнам од каде овој симптом испадна, според матичната нормално било. @thelittle17 осеќам напнува на боксот моментално. Еве сум навечер кога сакам да се свртам, заглавувам у оваа положба.
Искрено многу ми помогна, и јас колку што знам е дека тоа порано ќе се видело, а сите скрининзи во Систина ги правев, бебето одговара на возраста, има доволно плодова вода и наместено е со главче надоле, така што не се секирам веќе. Фала ти многу. Кај тебе како е ситуацијата сега, се ли е во ред?
Се си е на свое место, не му ја мисли, спремај си се полека и уживај Jас почнувам 21 недела, следам бременост во Систина и Гак, па со Бог напред... сепак, не бил колабиран толку сакусот, колку нивниот елан....
Мене исто ми е мн низок докторот ми рече кока кола и кафе да пијам. И цела бременост никој не пие кафе ја пијам зашто пливав од низок притисок
И пак има дежурни што не спијат... @IRBBB ме насмеа со маубетот дека го будиш либето да те сврти хаха сега веројатно уште малку ќе му биде термин за будење
Не спие уште, штом заспие ќе му дојде терминот. Му велам 'шо си толку лабав, изнервирај се малку, нека ти се направи притисок, бебето иди' и ми рече 'епа лабав сум уште малку, дур не е родено, после ќе имам притисок' и си пушти музиче. Како да не му вратам?
Изгледа се потсмирила и спие или вика сега на цел глас, турка, бутка и тако... Ние трета смена ја тераме кој неможе да се намести, кој затнат па неможе позиција да фати па кој и киселина го утепува...
Јас од време на време имам некои болки ептен ниско како со игла да ме боцка нешто. Вака веќе неколку дена. 26+5 сум. Одмарам еве избегнувам движење некое големо ама на контрола сум по 10 дена. Тогаш треба да примам и инекции за зреење на бели дробови. Само се молам да не е предвремено породување ова што ме пецка. Со ќерка ми знаев еден ден пред да ми почнат вистинските болки дека ќе се породам за скоро. Цел ден пеглав и спремав се зошто имав чудни болки ама не силни, туку како да објаснам не знам. Како менструални не беа, ама беа како тапа болка од време на време цел ден и вечерта ми пукна водењакот во 12 некаде часот и одма ми почнаа болките на 3 минути. Е тие болки беа како некој да ме цеди како крпа во опашката назад и во половината. Мене стомак не ме заболе. Ама да ви кажам, се е тоа издржливо. Јас на нозе бев 12 часа и се потпирав на еден радијатор во болница. Кога нешто ме боли, не можам да лежам. Ама се е тоа ок. Тогаш бев еден ден по термин, а сегс е прерано. Ако вака продолжи и денес се мислам за на преглед да одам, а не смеам да шетам до 21.03 сум во изолација поради контакт со заболено лице. Некоја друга да имала вакво пецкање? А исто и кога станувам осеќам голем притисок долу. Близнаци носам па си викам затоа, ама сега ова ме плаши. Барем уште две три недели да истуркав
Девојки, ми треба совет. Денес кога мрда бебче, како некој со штравцигер во вагина да ми чепка. Искуство со такви Болки? Дали да одам на лекар? Да не се породилни? Немам ништо друго симптоми.
Породилните болки и те како се појаки и ќе те боли и стомак и половина и во вагина. Ако ти е на мисла оди нека те видат ама мислам нее тоа, туку бебе си се спушта доле и се се осеќа.
Леле и мојот е ептен лабав, јас цела упрпана, изгледа како да не се замара... Јас знам дека не е така, дека си е таков човек по природа опуштен ама ме нервира.. Кога бев да испитувам д димери на своја рака па зашто па како па немаш потреба се е во ред да требаше ќе ти кажеше докторот, сега за скриен шеќер е истото... Кога сум сакала да барам второ мислење, ех па замисли сега тој другиот друго да ти каже од кај знаеш кое е точно, на трето ли ќе идеш... Ако му кажам дека имам некоја болка во стомак чај со нане ми вари   абе што да ви кажам, некогаш посакувам да сум како него лабава
Уживај жено, ќе биде све во ред. И кај мене беше ист случај, 34та недела еден доктор установи дека сум еден см отворена дури и ми "предвиде" дека ќе се породам во рок од 2 дена Мојот матичен малце се насмеа кога му кажав но не коментираше понатака ми рече дека сѐ е во ред. Јас се породив ден пред краен термин
Meне вака ми се појавуваше и му се јавувам на мојот доктор и му викам абе мислам како да ми излегува бебето и он па уште полуд ми вика аха раче пушта да види какво е времето. Ми рече дека е нормално ми се оптегнувале лигаментите и ми се буткаат сите органи се прави за бебето место. Ама бев упорна и ме позна дека сум испаничена и ме прегледа и тогаш ми рече трудница ако може да стои треба да седи, ако може да седи треба да лега и чувај си го газот и не туку мисли глупости.