И мене ми се случува истото деновиве, читав дека наводно организмот автоматски се спрема за пораѓај, демек го чисти дебелото црево, за да има повеќе место за бебето при пораѓај...колку е ова вистина, немам поим Ама дали ова значи дека пораѓајот е ептен близу, не би можела да знам. Јас имам уште некои 3 ипол недели до термин, се надевам дека ќе почека бебуш уште малку во стомак
Девојки, се враќам и јас сега од матичен. Ми зема брис за стрептокока, ми направија ехо, бебе добро, грло малку намалено, плацентата созрева, веќе има калцификати. Сакав да ми дадат упут за ГАК, прв пат и таму да отидам,да видам што како, ама не ми дадоа. Треба во Понеделник пак на ехо!! Уште една недела до 36 да стигнам, после полесно се дише!!
Нормално е и мене ме тераше последните две недели пред да се породам повеќе пати да одам како се спушта бебето повеќе ти притиска заради тоа
Девојки 33+4 сум 4 дена како ме боли главата имам и киселини ги смирувам со зелено јаболко.... Е денес толку многу ми се лоши и повратив дури.... Нормално е во оваа недела или да си се консултирам со доктор? Исто така и замор а ништо не работам и ми се спиее ептеннн имам чуство како во 1во тромесечие хаха
Јас не сум мк а тука времето не е лошо затоа прашав дали е нормално во овие недели притисок во ред се е во ред а се чуствувам......
Бев денеска на преглед во државна, се изначекав 3 саати. Ме прегледа Весна Чибишева и ми кажа дека на ехото во стомачето на бебето има некоја структура што реално не треба да ја има во нормални услови, тоа било дистензија на цревни вијуги во дистален дел на колон, во превод нешто на крајот од дебелото црево. Најчесто тоа било знак дека цревата сеуште созреваат, но може и да значи и проблеми со цревата понатаму. Бидејќи на претходни скрининзи ништо не нашле, да почекам после раѓање да си го носам на ехо на абдомен. И покрај ова јас не сум мирна, имал ли некој вакво искуство, дали да одам по приватниве за второ мислење, стварно сум за никаде. Наместо да се радувам дека се наближува денот кога ќе си го видам бебето, јас сега немам желба за ништо.
Мене два дена ми се лоши до повраќање, ама јас знам дека е од промена на време. Плус и глава ме боли и ме тера на спиење, така што големи се шансите и кај тебе од времето да е.
Кај него направив 4д ехо во 20 недела и немаше ништо тогаш, исто и во 30 недела скрининг. Ќе морам да отидам, иако ич не ми се оди по болници, нон стоп си замислувам како дома сум се породила и само сум отишла на преглед со бебето и сум се вратила истиот ден
Мислам дека чим не видел дoктoрoт нема ништo, имам предoбри искуства за негo читанo. Чистo да си бидеш пoмирна.
Кога ќе може ќе пише, да знае дека мислиме на неа. И ја за 2 недели здравје боже почнувам со цтг.. Мала доза на паника имам и возбуда
Ако ви се верува од 5 ипол тек сега се прибрав Ме измрцварија за џабе. Цтг пак пасивно бебче, а цел ден жонглираше у стомак,па ме враќаа, па тој еден доктор вика да ја задржиме. А се е ок и плодова вода, и постелка се напнав, па среќа дојде Шпишиќ вика оди си дома,какво останување. Не знам која е потребата да задржат некој вака, да ме малтретираат после со денови со провокации,нит термин поминат нит ништо Тој изгубен еден, за истото цтг дека докторката рече ок е, вика аа ова ти е ок може да си одиш, а не ни правев 3 пат истото му го дадов Триста људи, триста чуди....
Баш те мислев викам шо напраи женчево. Исто и мојава се изместува сеа се натртила од лева страна и не се помрднува само се искачува.