Зависи каде одиш во Чаир ако на цтгто покажува дека имаш контракции и болки те проверуваат иначе протокол им е од 39 да прегледуваат вагинално
Мене ниеднаш не ме прегледале, вчера бев 3 пат. Ваљда ако покаже цтг контракции или ако имаш болки проверуваат со рака. Јас сум 38+2. Цтг мирно,ехо ок и не ме прегледале уште со рака...
Уф ми олесна, а чек кој го прави тоа со рака и матичниот или само таму кај што правиш цтг. Се надевам само таму пред пораѓај те прегледуваат. Ја се надевам мојот матичен нема да ме прегледува со рака зошто е два метра со раце раце и изгледа како фитнес инструктор не како гинеколог хахаха
Јас по препорака отидов кај него и знаеш како ми го објаснија има 50год, мн искуство и мн пациенти,позитивен е и не си прави бизнис шеми со лекови и тестови. Очекував со седа коса и постаричок со мешенце.И изглегува у ходник ја кога го видов огромен подголтнав,стегнат у бела маица на кратки и пупките му се познаваа на градите навежбан и ми пружа рака ме стегна и ми вика ајде дете влегувај. Искрено тој може у раце да те однесе до бокс сериозна сум. И раскажувам на такозвана јатрва она не верува, по некој ден и она ќе иде кај него да се упишува пациент она па ситна ниска и ми вика абе стварно огромен докторов од мене дупло поголем и викам ти реков ли. Инаку за гладна кокошка не збори...
De kazi go koj e doktorov...vise koa go izreklamira vaka...ko onie od greys anatomy go zamisljam ko mark
Hahaha Licovski mi e doktorot, a predhodno kaj Korunovski bev i zatoa ocekuvav takov sed i postar. Inaku crn e za Mark hhaha me iznasmea
Мене во петокот ме проверија вагинално 2см ми пишува во извештајот ама дека јас им дојдов на дежурен во паника дека бебето послабо мрда и помлитаво и тогаш ми кажаа за цревцата и ме избезумија. А вчера кога бев не ме прегледаа, ама многу гужва имаше, сите ги упатиле во понеделник во 8 во соба 36 и гунгула беше. Инаку јас ич не планирав на цтг да идам, викав ако не се породам до 40 недела тогаш ќе идам, зошто со првото дете идев скоро секој ден и стварно беше измачување.
А за промена на матичен и јас сум дефинитивно, оти мојот доктор отиде во пензија, закон беше, а таа што го наследи и му ги презема пациентите ко неарна малце е.
Другарка ми е кај Личовски, ама никогаш не ми спомнала дека е ваков, само го фали дека е топ доктор, ако е истиот... Во Јане Сандански така?? А зашто го смени Коруновски? Јас сум кај него... И ме нервира у последно време
Главоболка и гадење повторно вечерва а цел ден бев супер.... Гледам на бришење и како зеленкасто имам па утре ќе барам да ми испитаат мокрача И каква е активноста на бебче во 33-34 недела некако ми ја намали и само се тегни ..... Јас и 1000 зошто 1000 затоа
Да да тој од Јане Сандански, абе во фаца не е некој страшен лепотан ама не е па ни грд човек. Навежбан зачуван си се одржава човекот. Инаку шала на страна ептен сум задоволна од него, мн реален и позитивен. Кога идам на преглед исто и како на сеанса за добро расположение да сум била. Ми вика абе батали таа маската да бевме у кафана како ќе бевме без маски. И се објаснува и ти кажува и дури те потсетува дали ова си го направил и дали вака спиеш и се по ред. Не сака да ги троши пациентите и мене не ми наплатил нигу еден преглед како сум бремена. Цело време вика и фолна киселина од 80ден е супер немора да биде од 1000ден. И баш од оваа причина го сменив Коруновски целото негово работење е бизнис шемички од лекови до пренатални тестови,брисеви,приски и било какви други испитувања, па и за породувањата морало у приватна клиника. Во исти период останавме бремени неколку другарки и колешки. На тие што така личат како подобро ситуирани на сите ни рече има синдром бебето и се налути кога побаравме второ мислење (ниеден од специјалистиве не се согласи за неговата дијагноза Димчев, Симонида, Ќаев, Ефремовски... и ниеден и не го ругаше, а он се испонаша кои се они да наоѓаат забелешка они ме чекаат мене јас да најдам дијагноза па да ја кажат) и најјакото кога рековме дека сами сме си нашле врски за пренатални тестови покажа разочарување и го напушташе состанокот...Јас знаејки дека нема да му биде океј да слушне забелешки за неговата работа бев мн умерена и не му кажав ништо он збесна буквално како паун се надува зашто сум си нашла кај да идам за пренатален тест кога му реков дека на моја другарка маж и работи у лаб... и тука ми пукна филмот