Па тоа ептен страшна работа ќе висевме таму секој ден де дај име и презиме да видиме на фб хаха леле се мрднав јас види ме што пишувам
Добро утро 36+6. Има денови супер сум како на пр. утрово. Вчера лошо.Повраќам,омалаксана,уморна се осеќав цел ден. На неколку дена има зголемен исцедок,понекогаш немам или многу послабо.Нема мирис и е нормална боја,без чешање. Ок е вака? Утре пак на цтг ама мислам рано е,бебе е уште високо горе,клоца силно без ребра сум.
Добро утро, исто и јас, има денови не ми се живее не можам од кревет да се дигнам, сега станав за во вц па на враќање до кујна и еве уште мелам бисквити така ќе си продолжам да си спијам. Исцедок и јас имам, вчера беше млечно бел, а има денови кога оди накај креместо, не мириса не чеша. Денес и јас на цтг, дај веќе нека даде некој знак оти не можам повеќе, се осеќам како кит... денес 38+0
Хммм јас па вакво искуство немам, секогаш за секое испитување намерно прашувам кај да го правам и ми кажува каде ми е поевтино.. Незнам сега како изгледа тоа по изглед дека си добро ситуиран, мене не ми пишува на чело дали сум или не сум, изгледам скроз нормално средено како што треба, не оставам впечаток дека немам пари за приватно на пр па така да ми вика хахаха.... Мене ме нервира што во последно време се нешто на брзање е, секогаш има гужва и сака побрзо да те реши, не објаснува доволно незнам... Таков некој впечаток имам...
Џабе е се ова кога докторот незнае дека аспирин не се пие во 35 недела, те читам и за термините цело време ти вика дека нема и бараш врски. Ништо лично спрема тебе немој да ме сватиш погрешно ама докторот појма си нема според тоа јас што го читам. За маските немам коментар,јас да бев на твое место ќе си искочев. Стручност нула. 6 години сум по гинеколошките ординации и ниеден доктор не ме гледал дали сум добро ситуирана. Ниту па Васо и другите со него што беа.
Зашто може да предизвика крварење за време на пораѓај. Јас тоа знам. Еве и сите тука што сме го пиеле на форумот максимум 32 недела сме го примале. И трансфузиологот и гинеколог специјалист ми го имаат тоа кажано.
Незнам што да ти кажам еве ти си втора што слушам толку доцна да се прима. Како и да е доктори се знаат што прават.
Секако доктор си знае најдобро Само ме интересираше зошто се прекинуваат порано Фала ти и за одговорот
Мене ме праша што работиш како работиш и искоментира тоа сигурно добро е платено одма знаев дека прегледот нема да тече нормално...не дека сум богатела или заработувала нешто не знам колку сам си направи претпоставка. На моја колешка исто она па и мн се дотерува, нејзе и на кафе ја викна дури Една другарка исто она е програмер и нејзе исто ја испрашувал што како кај работи и на двете ама буквално истото со глумење потресен со се пишував у гинеколози детално. И тоа не ти прават на Гак мора у Систина и стегање за рамо. Ја прв пат го гледам него се Ива ме прегледуваше не знам што да кажам...
Абе не знам што да кажам вака е супер човекот и елан ти дава и премногу то објаснува. Јас лично за термините не мислам дека е до него ја така си ја почнав од кај Васо зашто уште таму почнав ај за приска ај за скрининг, ај за брисеви зашто он или Ива ми кажуваше како никој нема да ги прими или да ме прими. И после сестрите кај Личовски кога ќе речеа ај од утре ќе ѕвониме пак нема термин јас ѕвони си по тел. Таман работа сите имаме различни искуства ја аспиринот го пиев сега со корона зашто сум заразена тие 15-тина дена пред некој ден ми рече да го прекинам. Искрено мн доктори видов на почеток на бременоста кога демек имаше синдром бебето па после паднав како за беља, па вади секој месец боледувања зашто на газдата не му се допадна што сум бремена и некако ми дојде многу од сите а еве имам две другарки кај Васо они па се мн задоволни од него секој како ќе се има искуство изгледа
Имам јас блиска многу добро ситуриана и се гледа по нејзе скоцкана од глава до пети се скапо на неа што се вика. И вакво нешто не и рекол никогаш а кај него оди. Зборам за пренаталните испитувања и синдроми. А докторот дека е женкар си го знаеме од времето.
Хаха што да ти кажам мош она иде подолго време кај него или па нас не виде со прво извадени од памет бајчиња везе немаме што да правиме хаха не знам што да кажам. Инаку ја не де налутив ли слично пто ми кажа дека има синдром сите ми рекоа се посомневал во ред е и јас сакав таму да си идам од најпроста причина имаат се таму да не идеш ваму таму. Плус блиску до работа за било што тука одма ми беа. Ама неможам да ти кажам колку беше нападен со тестот само на телефон ми се јави три пати лично он, кога кажав дека мора со мм да се консултирам ми рече па океу е ама ти си тас што одлучува се... и тоа искрено не ми се допадна зашто на секое идење ќе беше тоа муабет, сега го имам заборавено ама тогаш стрес ми беше од памет се извадивме па има ли па нема ли
Да, затоа дека си е женкар знам и јас од времето е, ама за другово баш ме чудиш... Немам воопшто таков впечаток.. Плус јас одам кај него ептен одамна, само што напушти од поликлиника бит пазар и го отвори ова кај мвр... Така да можеби и затоа..
Бевме на преглед 33+6 Бебушка супер е напредува како што треба машалаа килажа се се си е во ред... Сеуште не е свртена па на 29 пак да видиме како е ако остани вака на 5ти ќе ми закажат за царски.... Сепак се си е со причина Господ сакал вака да биди сигурно има причина ЗОШТО така да не се секирам ич.... Само бебе да е како што треба и како што кажав здрава права да ми ја дадат па другото мање битно ми е ... За гадење ми даде апчиња па да почнам да ги пијам И така од овој преглед тоа е тоа
Најважно е што куклата е добра, мама е добра. ❤️ Абе, таа исправена седи и во меше, спремна за шетање уште неродена. Собирај сила и кондиција, морско дете ќе биди, нема да застанува 5 минути.
Барем до полна 38 ма и плус некој ден да почекате за породување, ако може да се чека нормално ,како рано ми личи 5 ти..