Тоа ми е најважно да е како што треба.... ако биди како мама ќе ми треба кондиција ахаххах Вие како сте ?? Грешно сум се изразила на 5ти сум на болница па тогаш ќе ми закажат датум за царски.... Се извинувам за недоразбирањето
Истото ќе го пишев. Споредува преглед со кафана Ко прво во кафана не оди секој во пандемијава. Ко второ сигурно со некој што поим немам кај акал претходно да седам на иста маса. Да ми симне маска на преглед, одма излегувам од таму. Тоа не е знак на опуштеност и кул доктор, туку торко доктор.
Jaс да ви кажам денес излегов од карантин и сабајле станав у 7 мислиш не знам што ќе правам. Се истуширав, се нашминкав,се дотерав, кафе пиев, јадев и излегов возбудена целата мислиш у Њу Јорк ќе се шетам хаха. И поодев до кола и ми падна силата толку ми е купив цвеќе за роденден и сега немам сила за у аптека. Па ја сум пораснала неможам баш така да одам како пингвин се движам па и се преоблеков мислиш -20 и сега не се предавам ако ме нема до после сум паднала у несвест некаде хахс
Мајки дај предложете каде да правам крвна слика? Бев во авицена и синлаб, сеа матичната ми вика да испитам на др место. Се е измешано, црп е добро, леукоцити ми се покачени, еритроцити паднати.
Јас денеска потполно исто се осеќам, немам сила за ништо, се изморив од што здиплив алишта и ја наполнив машината за садови. Малава сакаше да играме и тоа седев и само зборев, се задишав мислиш маратон истрчав. Затоа ја облеков убаво и ја испратив кај мајка ми и си се изнаплакав накај дома зошто не можам да и посветам внимание. Што да направам за побрзо да се породам, има ли некој некоја успешна метода, чучњеви да земам да правам
Малку ги смеша ти,Коруновски ги гледал по ситуираност не Личовски,инаку истото би го кажала за маските а богами и за фолната од 80 денари
Се измешавме малку,јас колку што разбрав Личовски и ги кажува небулозите со маските,аспиринот и фолната,а Коруновски ги гледал по ситуираност...како било,небитно.
Девојки, неколку болки до 40 на цтг, 3-4 пати, другите околу 20 значи ли нешто? Др ми е на итен царски треба да чекам саат ипол па да ме види, инаку јас немам болки ништо не осеќам
Јас завршив со преглед, си добив и со рака вагинален, отворена 1 прст, постелка 2 степен појма неам што значи тоа, вода има доволно уште. Следна контрола во понеделник. Совет од др: повеќе односи
Е не можам да разберам со односиве, како бе во 9ти месец со стомаков, не можам да мрдам се задишувам одма, башка шубе дека бебе мрда, ај до 7ми некако имав поише енергија, ама сега ич немам ни желба. А иначе и јас читав дека има врска сексот со побрзо породување, секој ден се токмиме да пробаме, ама ништо. Во првата бременост од што бевме испаничени мислам дека ич немавме односи цела бременост, како сме издржале не знам. А дали имаше тоа врска не знам, не бев ич физички активна и ја надносив, се породив во 42 недела.
Ние имавме цела бременост односи, и сега пред две недели претеравме малку и прокрварев изгледа сме повредиле некој капилар па се договоривме до пораѓај ништо да не праиме, ама еве денес добивме зелено светло штета само што мм е трета смена вечерва, иначе одма у акција ќе тргневме за местење се местиме некако, кој знае како изгледа од страна
А мора ли баш односи да се?! Нели е доволно оргазам само, демек тоа поттикнува контракции на матката?! Јас затоа и сум немала оргазам од 4ти месец, и од шо сум лоша мажот сам си е одговорен за неговите оргазми, шом јас не смеам нема ни он, со мене де. Јас не можам да станам од кревет без повикај пријател шо се вика а не па да скокам врз пријателот. Не за друго значи заборавив шо е оргазам а цела бременост сум попалена мачка, доволно е малце за мене само не мора луксуз од секс да имам. Уфффф тешка тема! П.С Колку пати напиша оргазам очајна жено...
Па јас колку што сум читала оргазмот предизвикува контракции, а спермата го омекнува грлото на матката... нема ти да скокаш, ти само лежи и уживај
Блазе си ви. Ние оваа бременост до кај 7ми месец редовно, ама сега некако избегаваме, а и малава касно ми заспива во 1, 2 по полноќ и плус спие со мене па не сме имале ни шанса, а и стварно не знам дали можам, ко баба се осеќам едвај седнувам, легнувам, едвај станувам од кревет.
Ден 37 г.н. си чекам ред за ЦТГ ,да видам "мирниов" што прави. Јас добра сум,имам енергија се осеќам денес одморено.Уште возам количе,сама дојдов прво оставив дете во градинка па после имам некоја обврска две да завршам.Како сте вие мајки? Убав ден,ќе се јавам покасно со инфо *