Јас еве немам направено таков скрининг а се консултирав со матичната и ми кажа дека на секој преглед се прати срценцето и нема потреба од тој преглед. Мене ми е второ, ни со првото не бев, зошто тогаш немаше воведено трет скрининг па фала богу никаков проблем нема со срцето.
Jaс колку што разбрав опционален е го прашав докторот во Чаир за тоа ми рече немораш тој да го правиш секако е пред породување што и да се појави како дијагноза ќе мора да се роди бебето. А и секако се прати бебето и срцето и се по ред цело време.
Здравo здравo Oд денес член на темава пo втoр пат. Пoчнаа прoблемите сo спиењетo, се вртам и местам сo перниците. На ќерче oмиленo стoлче и е стoмакoт па самo гледа да се намести и да успее да седне Леле кoга прojде времевo, 28 недела...дефинитивнo сo втoрo прелетува времетo. За бебе вo меше не сум пoчнала да спремам, oд маjка самo еднo плавo ќебенце. Каj и да е ќе пoчнеме сo пoдгoтoвки. Не мoжам да дoчекам да се стoпли и да се раскoмoтам вo некoе памучнo фустанче, не се издржува зимава. Иначе мене сo првoтo другарки ми бараа селфи акo се успиев пoвеќе наутрo и не сум активна на сoциjалнни мрежи или каj мм се jавуваа.... @mamaJana истиoт прoблем гo имав сo грчевите, вo сред нoќ де будев и си ги удирав нoзете...сo oва бебе уште не ме фатилo.
Леле ме изнасмеа од душа, баш си ја замислив ситуацијата, дури и си додавав филмови , си викав кога ќе те види следен пат ќе си помисли леле оваа дојде завесата што ми ја сруши
Денес сите сме крш од времето значи. Јас денес се изнаплакав културно, перницата мокра ја направив, на рати плачев низ цел ден, битно ми олесна отпосле, и најмалите ситници мене ми ствараат нервоза и одма плачам, човече во животот се случувало со години солза да не пуштам, сега не можам на раат да се доискарам, одма на плачка ме тера. Јас само да кажам можно е дел од чепот да ми падна сабајле, дабростон не пијам 2 недели веќе, и одма крварење имав, ама од што незнам, Адела ми рече можно е да имаш исцедок и затоа смирена сум, ама беше многу лигаво со крем кафено во него, незнам дали е од што не сум под терапија или е дел од чепот. Не бев на дежурен бидејќи бебето си мрдка, се е добро, само што имам многу јаки болки доле во препоните и едвај станувам од креветот. Тоа на дланките што не ги осеќам и што ме болат прстите, е Карпал тунел, зборував со физеотерапевт сабајле, ништо не може да ми помогне, не смеам терапија, ни инекции, ни операција, само ми рече да се надеваме дека ти е од бременоста, и дека ќе исчезне штом се породиш ако не ќе одам отпосле одма кај него. За 2 дена 36та недела, иако бебе е напред со мерки, реално едвај чекам да се породам, да се препородам и јас и ова мало ѕверче што ме исцица уште неродено. Во понеделник прво цтг у животот, освен и утре ако немам некој исцедок па да одам на дежурен.
@Nefertiti. Мила и мене ми трпнат рацете, речиси 2 месеца, имам и грчеви на нозе.. Дури на левата рака имам изгледа некој нерв изместен над палецот и додека да раздвижат немам сила ништо да фатам како што треба.. Пијам директ магнезиум и ми кажаа дека е од бременоста... Се надевам трпнењето на рацете ќе помине после породувањето..
4 ден во болница,27+1,бебе добро,многу помирно изгледа од терапијата за зреење,ми правеа ЦТГ,нема контракции фала богу, само јас имам страшна главоболка од вчера а притисок нормален.Ми паднале многу лимфоцитите и крвта ми е генерално заслабната, ми рекоа нормално е како последица од флостеронот.прво спомнаа леукопенија се извадив од памет, после ми рекоа дека тоа се случува од флостерон да не се грижам.почнав со фероглобин капсули плус од вчера,се надевам брзо ке се среди,и синко ми фали многу.
Супер вести мами. Ајде верувам ќе бидете добри, лавица си ти ќе издржиш. А за главоболката може и од времето да ти е, деновиве сите трудни сме ко зашеметени. Те гушкам и биди силна
Ќе се среди мила. Најважно е да бидеш опуштена, да не се нервираш за и бебче да биде по мирно. Јас се надевам дека ако се си ок и ќе ве пуштат наскоро домче па со лежење и одмарање ќе си истерате до крај
Девојки како сте? Јас 3 дена мерев болки ама денес отидов на ургентен,прво цтг не беше добро,болки имаше па ај стандард малку кока кола,благце и тоа со пазење ради г.д..отворена2,3 прста,за 2часа пак цтг,болки пак имаше ,бебе малку поактивно исто пак отворена 2,3 прста ништо повеќе. Ако пукне водењак или јаки болки или крварење одма назад ,ако не сабајле на контрола ми рекоа. Си дојдов дома идам во вц на бришење крв,светла...на второ одење во вц ,се бришам како конци крв,не многу ама сепак имаше измешано со лигаво...дали почнав да се отварам повеќе,дали се одлепуваат ѕидовите којзнае,решив да не паничам и да почекам,ако почне да тече крв или да појачаат болкиве одма им се враќам назад,па и време е више нели . Имал некој вака крвче малку после ваг.преглед?
Јас претежно после секој вагинален преглед имам малку како црвено или некој кафеав исцедок али ништо страшно ,, е сега дека тебе веке почната ти е процедурата на отворање можно е и да се отвораш по некој прст , има жени бавно се отвораат има побрзо .,, ај како и да е ке разбереш ке имаш болки појаки ,,, со лесно мама
Или од прегледот или чепот е ако не ти е паднат.... мене на сам преглед така испадна чепот и ми го пукна водењакот докторката несакајки па директно на оделение ме сместија
Мене така ми беше кога се пораѓав со малиот.. Ми рекоа штом имам крв почнувам да се отворам и ств така беше.. Со лесно мајче побрзо да се олесниш
Ќе се олесниш за брзо изгледа Ајде за убаво нека е, известувај не. А термин кога ти е?Не те гледам таму по термините
Значи тука сме со термин мене 28март, ама гледам вие од април пред мене ќе отидете Како и да е во безбедна зона си, ќе се гушкате уште малку.
Ти женска шо седиш на фемина оти не скокаш врз маж ти? Земи утре скали некои нагоре, надоле, купи си свеж ананас, урми, и малце на мрсно ударите му ја со мажето, убрзај процес иако може нема везе ништо ама сепак де. Не за друго, плус и да се намале некој ден од породилното шо така ни мине веќе...