Мене искрено на Гак ми изгледа како лудило целиот тој систем горе Клиника ми е лудница. И во право се тие што се плашат особено што немаат врски, јас имам неколку дешавки и тоа со врски и со се...Да не се разбереме погрешно ја не планирам да се породувам во приватна клиника. Ама мислам дека уште мн треба да се работи нашето државно здравство да биде океј. Не дека некој треба да не гали ама па и не треба да има такво понашање...
Значи на Малтс ти се исто дива лига како кај нас...Пробај да не се стресираш, ☺️ отприлика знам како е и јас останав без работа и со мн мало бебе ќе морам да барам работа. Но немој да се нервираш зашто јас со нервоза си направив други проблеми. Се ќе се реши ќе видиш сега најбитно е ти и бебето да сте океј! Знаеш мене дедо ми како ми викаше абе дете не се секирај се ќе се намести до утре има уште два дена...А и друго кога си негативен, па и само такви работи си навлекуваш
Малта ти е исто Македонија само малце повисоки плати и во ЕУ што е .... Како и да е моментална ми беше нервозата едно ќе речам има причина зошто се случи баш вака Господ си знае и има некој друг план за нас... Бебе ми е најважно и повеќе не се замарам како сака така нека биди Ви благодарам на сите за поддршката
Вчера сабајле носев примерок од урина, и беше бистар,со жолта боја, од вечерва еве веќе на трето мочање приметувам скроз заматена урина,а пијам вода постојано и тоа баш многу.сега баш бев до вц и дури се исплашив кога видов,сабајле ке однесам уште еден примерок урина на тестирање.
Никогаш не сум имала ваква заматена урина,мн ме фати паника,немам друг симптом освен бојата.можно ли е од апчињата да е,ги пијам сите навечер
Носиш сабајлечки околу 15h ги добиваш сигурно истиот ден. Пример јас во Фармахем носам бидејќи ми е најблиску и тоа ги носам во 10-11h накај 14:30-15h ми стигаат на маил.
Уринокултура е за 3 работни дена,обична урина имаш рез.истиот ден. Добро утро мајки.Денес 38 ,време лети. Се разбудив вп 4и30 со мисла да јадам.Оставив и презаспав не сакав мм и синче да разбудам.Во 6 пак се разбудив со мисла за сочен сендвич и јадам . Одлично се чуствувам.Да осатавам дете до градинка и одам на цтг,инфо имате до пладне .Гушки еден тон
Браво,и јас дежурам цела ноќ,си ја студирам урината,3 пати по ред ми беше страшно матна како јогурт да сум истурила во неа,и потоа ништо,најнормално.Еве сега спремив чашка за да ја носи мм кога ке стане и нема ништо на изглед најнормално делува,бистра со светло жолта боја,Марфи,ке шизнам.вчера ми се стврднуваше стомакот,па мислев да не се болки,27+5 сум,па потоа приметив матна урина,цела ноќ во страв,и еве сега фала богу нема ништо,а вчера сабајле однесов урина за контрола најнормална беше,дали да ја носам сега оваа.страв ми е од инфекции многу имам скратен цервикс и фланелинг да не му наштетат на бебе,а ниту ме пецка на мочање,ниту ме боли,ке полудам јас вака,дај боже да те стигнам тебе во неделите,убав ден имај мајка
Да не користиш вагиналети или антибиотик па нешто да се замати урина.Јас секоја урина матна жолта,до два плуса бактерии ,и секој месец уринокултура чиста затоа не се плаши.Јас за скратен цервикс од 33 до 36 примав сабајле орално утрогестан,една таблета Панцеф на пладне и една вагинално утрогестан пред спиење со двојна доза магнезиум на 8ч.Се среди се и цервикс и фланелинг па еве денес до кај сум.Не се плаши се ќе биде во ред. Јас лежев ама не цело време.Синче дома бара игра,прошетки и внимание.Се одмарав додека е во градинка,после тоа бев посветена целосно на него.И дома умерено работев се,ама ти си со неделите порано не се опуштај колку и да сетиш дека ти е подобро.До двор на воздух,на маса за ручек и до тоалет за туш толку.А урина однеси денес ништо не губиш барем ќе знаеш на што си.
Пијам добростон,витамини прегнакер плус и омега, витамин д3,мг,витамин ц и фероглобин ама сите ги пијам на куп во период од 18-20ч можда и они се излачуваат па така ми заматуваат,баш ке видам вечер пак, иначе ке однесе мм сега урина за уринокултура ама резултат ке треба да чекам дури до понеделник,ке пијам чаеви,повеќе брусница ке се среди.Мене ми забранија и седење, ми рекоа само лежење и станување само до тоалет, и јас сум со мало синче 3 год, се врти околу мене како маче ама тоа е.
Урината ти е таква од тоа што си јадела и пиела. Не се секирај, ако немаш некој чуден исцедок или чешање не му ја мисли. Лежи и гали меше
Нормално ли е да имаш како менструални болки во 34та недела? Ноќеска траеја може 1 саат, па со лежење на лева страна со перница меѓу нозе се намалија, па сабајлево еве пак ги имам ама не се толку јаки како ноќеска.
Со колку недели да ве дружам и јас во темава? Денес 27 полна, укочена лева нога, благи тахикардии (најверојатно од ниско железо) и друго се ок за сега. На мисла ми се вториве брисеви, ми ги закажа матичната на 8ми април, би била 29та недела +-, дали после пак ке ми земат 33-34 недела или..? Ич не се сеќавам со првото како беше.
Mislam deka ti e rano za brisevi togas. Moze planira posle samo za streptokoka da ti zima,vidi prasaj si ja. Dobredojde vo treta sezona