Во Чаир идам на цтг таму и ќе се породувам...Да не се видовме денес јас бев таа што највеќе се буни дека сите се убутуваат преку ред хахах
Леле, исто и јас вчера во Чаир се изначекав за ЦТГ со две маски, а други жени ги гледам гајле си немаат симнуваат маски, една ја гледам се спремила за пораѓај, симнала маската ама битно се шлапа со средство за дезинфекција. Не сфаќам како не се плашат за сопственото здравје и здравјето на нивното бебе кога веќе не мислат на другите
Речиси секој ден ика, некогаш дури и по два три пати на ден нормално е, се сеќавам и со првото беше така, многу икаше.
Добро е Штом повеќето имате значи не е за секирање. Јас ко само да си наоѓам нешто за поничење Хормони ахх едвај чекам да идам на преглед
Хаха леле не, не сум била денес,утре ќе одам. И јас со врски прв пат нешто у животот, ама затоа си одам после 5-6 приквечер,ич не сакам да се бутам таму да ме пикаат, а жени чекаат
Toa e pravo vreme za ctg,prviot pat se zeznav vo remedika vo 11 otidov isto bese guzvi na site strani. Sestrata 3 pati im vikase na partnerite da izlezat nadvor, sega 5-6 top zivo pile nema. Dzabe privatno do mentalitetot si e
Леле ќутиии, мене нон стоп некои прашања ми доаѓаат во глава и само гуглам што значи ова, зошто го осеќам ова ♀️
Епа и јас со врски ама си чекам не се буткам, докторот денес ми рече дојди од 12-13h а јас влегов у 14h кај него. И ми вика па кај си ти, си помислив нема да дојдеш. И му викам како нема да дојдам така сме договорени ама имаше повеќе женички и така си почекав. На сестрата и се сврте и и рече нареден пат нека не чека ама јас реков океј си е сите сме дошле до тука ќе влеземе де сите до една нема ваљда да не оставите непрегледани се насмеа и ми рече така е. Стварно ми е глупо тоа убутување па и да си со врски може да се направи ред бре ќе им се скрши чин ли ако почекаат. Мене ми е битно да завршам работа и така. Инаку и на мене ми рече нареден петок или порано или покасно најдобро покасно да сум отишла
Мамички како сте? Сакам да прашам ваше мислење кое креветче е попрактично, од монтажните или дрвените... (јас мислам монтажните).. И дали што се монтира од едната страна ( се спушта ограда) или не...Ваше мислење..
Јас другарки ова го направив на почеток е со ниска предна страна и е во висина на нашиот душек. Има две високи страници со отвори кругови за да го направам од иверка не од Mdf не ми се ставаше бебето до фарбано. И после ми текна дека ќе ја брца главата у дупките особено ако е на мајка му. Исто го направив со спојници и котници да можам да го кревам нивото нагоре надолу со тоа што моето има повеќе парчиња како дрвениве за да се како посебни делови. Еве го расклопено уште деновиве ќе го стокмиме ќе ви пуштам слика. E сега ако не функционира ќе го монтираме од внукот креветчето ама не верувам дека нема да функ. Инаку тие огради тие перници мене од такт ме вадат мора ли да ги ставам од околу се ми е страв немој да го поклопат бебето па да биде недај Боже...
Да да те разбрав ама пропратно сакав да ми каже некој мислење и за ова моево хахах инаку ја мислам дека тие монтажните со подесување и тргање на одредени делови се пофункционални
Мами и јас не сакам дрвени, ама дали лесно семестри страната, мене ми е да не се расипе, а и малово ако науче, кога ќе порасне хаха, ќе си игра со страната
Јас лично ич не го сакам дрвеното креветче сепак се си и индивидуално... Знам дека има да ставиш за да не се повреди и сл ама сепак јас се одлучив на вакво креветче На почеток беше-леел ова не за играње е не за спијање и сл... На две нивоа е со играчка и плус за пресоблекување ми стаса пред две недели толку е убаво па не можам да му се изнагледам до килажа 25 е така да мене ми е топ... А муабетите од ЗА Играње е не ме допираат ама ич...Ова да си решам да си заминам МК или да се преселам во друга земја ми тежи 10кг и без проблем во една троба ќе си го однесам. За играње и зедов нешто слично на ова И искрено голема е разликата меѓу првото и второто... И што ми беше најбитно лесно се монтира-Сама си го наместив додека сите беа на работа ....
@Ula и јас се мислев да го поставам прашањево за оградиците. Негде имам сретнато дека не треба да се местат заради ризик од задушување на бебето. Макар што искрено јас лично не гледам ризик, тие имаат врвки за врзување, се врзуваат од трите страни и четвртата страна и одозгора е слободно. Баш со оградиците ми изгледа како монтажно креветче. Од друга страна, првите месеци не ни мрдаат, колкава е веројатноста да се удри во дрвото или пак да го протони главчето во решетките? Кога ќе е поголемо, да.
Јас сум за класично дрвено креветче со решетчиња за да може бебето да си дише нормално во него. Сакам да се спушта од едната страна на ниво на мојот кревет за да може цело време бебче да ми биде при рака. И исто сакам да има има фиока доле за складирање на работи за бебчето. Секако во комплет би си земала и една детска фиокарка со пресоблекувална. Ни јас не сакам перничиња од страна туку би земала плетенка. Ако некоја од вас знае кај има вакво креветче нека ми каже, ќе ми ја олесни работата