Јас се депилирам уште од старт на бременост. Првата депилација од кога забременив ме болеше повеќе од вообичаено и поради тоа на нозе еднаш два пати удрив бикче ама се изнамачив. Викам или ќе соберам храброст за целосна депилација или ќе викнам маж да ме средува. Некни бев прв пат со поголем стомак и да гледаше некој од страна можам да замислам колку било смешно. Кревав нозе, лево, десно се местев како слонче, абе хаос. На козметичарката уште на глава не и ја качив ногата. Инаку одам сама во термин, внимателна е, чисто е и не ми е страв. За чудо и не ми беше болно како претходно, така да планирам до крај да се депилирам. Се надевам само дека ќе успеам добро да истемпирам.
Вo врска сo депилациjава, не знам дали каj сите е така ,ама каj мене и првата ,а и oваа бременoст вooпштo не ми растат влакна. Буквалнo еднаш вo два месеци oдам и пак не ми се пoраснати. 29 недела jа пoчнав едваj чекам за еднo две недели да испитам пак трoмбoцити, ви кажав за ниските трoмбoцити и сега некакo на мисла ми се.
И кај мене растат побавно. Се депилирав секој месец пред бременост. Сега на два месеци пошто сум подрасната исто како за еден претходно.
Значи исто сме сите.. Се мислам само за некои 10 дена да се депилирам мада неам скоро ич.. Највеќе ми е за интима, на нозе и онака немам..
Мене следна депилација ми се паѓа да правам точно кога ќе влезам во 9ти. Се мислам и јас како да правам тогаш, ама веројатно ќе ми треба уште една после таа..секако ќе подрастам барем малку дур да се породам...
Јас во среда влегувам 9ти. Па зс некои 10 дена да се средам, да не и текне порано да искочи. Да си бидам убава бар
Јас од негледање, а на брзинка демек за брисевите да бидам спремна без клиторис ќе останев и се заразив со корона бре не отидов џабе се испокасапив
@jarec6 како е мајка? Дај апдејт Јас денес 38+4 бебе високо ни сантим се нема спуштено.Болки никакви само мака мачам со отоци последниве 3 дена. Денес некои минимални главоболки од сабајле ама продолжив да спијам па сега сум супер.Утрр пак на цтг и знам ќе ме вратат дома.Ќе си го носам ова до краен термин
Предходната бременост имав онаков nesting период, се одмарав, го квачев бебе шо би рекле Сега 500 на саат, ми се чини утре ќе нема ден.. Редам, прередувам, месам, организирам, ми се чини нема да се растури, ќе остане така скоцкано се.. Демек да си олеснам кога ќе се породам барем некои работи да ми се средени, па премори се и офкај навечер... Торбица спремив конечно Си се восхитувам како издржав да не претрупам илјадници глупости Од денес официјално отворено породилно. Бебенце ритка колена, рачиња, ќерка легнува на меше и најслатко на цел свет ќе ме погледне па ќе ми каже:ејј бебе мрда Како ќе издржам 5 дена без неа
Јас дрнес пак на цтг ќе одам па ќе видиме што ќе речат, јас мн не разбирам ама од тоа што гледам висок ми е стомаков... Малку вечерта ме наболнуваше така ко пред добивање стомаков и кичмава, ама не некои болки онака.Може и од пешачење вчера ептен одев. Ај баш ќе видиме после. Мене ми помина терминот вчера, ќе видиме кога ќе се реши дечкото за излегување... Инаку и мене прстите на рацете, а и стапалата деновиве ми отекуваат. Ај крајот е блиску
Која недела си? Јас терам 36та и истото чуство го имам како тебе. Цело време чистам, прередувам, средувам. Дури и собата на ќерче гледам да ја до комплетирам со ситници што и фалат. Некако ме мачат негативни мисли. Ги гледам алиштенцата од бебе и се прашувам дали ќе доживеам да го видам во нив (знам претерувам). Вака кога сум активна помалку мислам на глупости. Одев на работа до пред една недела и тогаш немав време да мислам негативно. Сега работам од дома и да не е ќерче би скренала
36+5 денес.. Ја отеков ќерка ми со објаснување какво ќе било бебе, па си викам ќе направам контра ефект, наместо да го сака бебе да и се здосади пред да го родам Јас од ноември до почеток на март работев од дома, користев одмор до денес, од денес породилно. Се мислам следна недела ќе ми закажат царски, па се реметам дека ќе боли, дали ќе станам, дали бебе ќе е ок... После тоа ме фаќаат хепи мисли, како ќе си дојдам дома, па ќе си се гушкаме сите четворица, дека ќерче веднаш ќе го прифати бато
Se jacav ne peglam nisto, od susara nemalo potreba ko popce si ispeglav se so takov kejf prosto ne mi veruva....se racunam za nested veke
Јас на свеќи и ги пратив нека пегла и пере, неколку пати се понуди и така не постигнувам се преселуваме и двата стана се хаос. Отекувам мн вчера отидов нова сушара да гледам мислам паднав во несвест во Нептун, па ај до стан кога дојдов дома заспав со чинијата на меше нормално се разбудив во 21 и до сабајле дремев цртав кујна на другарка до 3 саат ноќеска. Јас некако друштво немам енергија, а и не правам нешто посебно се околу мене некој нешто прави ја само ги гледам и се живцирам дека бебето ќе излезе, а ние распарталени. Кај ич не сакам селење па и пред термин се селиме бре ќе го слушам мм со бебето у нов стан да сме биле, будали. А пазете овој стан кај што седиме празен е мислам само ние сме и на моите е они се во странство и така си го комплицираме животот
Девојки помош!!! 37 н. Денес имам болки појаки доле во препоните, траат некаде околку 5 до 10 сек. И кога ќе се олеснам во вц. ( извинете на зборовите ) се намалува ептен болката. Не знам дали да одам во болница. Леле лудост ме фаќа! Не сакам да досадувам на лекарите ама ќе ме полудам. Се си мислам нема да стигнам до болница и ќе се породам дома или на улица.
Денес бевме на контрола Во ред си е се бебе супер напредува мама пресреќна.2751 порасна бебето мое Главчето горе остануваме на царски. Понеделник на болница контрола и да ми закажат датум доктор рече околу 20ти ќе биди... Возбудата секој ден се поголема и поголема уште малце останува во најубавиот момент во животот Денес 35+4 алишта за пеглање и торбица за спремање останува се на се добро е не ми е многу на трчање уште некои ситници за мене и за бебе да докупам и тоа е тоа .... Киселини-имам гадење имам одење во вц повеќе пати и тоа имам хахха Гушки
Ќе биде интересно... И ќерка ми сега за сега се радува. Ми гали меше, му зборува на бато, му ја средува облеката... Но, ќе видиме како ќе реагира кога ќе дојде. Јас пак природно ќе бидам, па се обидувам да ги исфрлам од глава некои сцени од првото породување. Мотивот е голем, па ќе издржиме се.
А зошто да одиш кога после одење во вц ти прекинале болките? Сигурно имаш читано дека повеќето така сме имале болки, и а се олесниме ги снемува. Исклучи малце паниката жено аман, и до крајот стигнаме а ти никако да се олабавиш, не си прави филмови. Немаш комплицирана бременост, батали толку ситничарење на симптоми, ако фанат јаки болки и не престануват е тогаш ќе одиш, а овие се нормални, и јас у текот на ноќта ги имам и што, секоја ноќ ли на дежурен да трчам треба? Како не бе! И не, верувај нема дома да се породиш, да беше така лесно тоа арно ќе беше, ама не е. Ни на улица нема да се породиш. Оди олабави се малце ајде, земи чисти таму средувај, јас така се релаксирам и не мислам ногу, а богами и нервоза вадам.
Јас се вратив пак домче од цтг Кошмар ми е ова цтг више ме мрзи аман, само ме враќаат, се нешто не мрда,ќе јаде ќотек Се спремна одам со торбата како блесава.