На едно чепкалце за уши стави кокосово масло и помини го одвнатре увото. Два до три пати на ден. Мене веќе наредниот ден ми помина болката
Да знаев дека е волку ќе ми се спие во последно тромесечие.... значи очи ми паѓаат, сила немам за ништо. Станувам од кревет како да не сум спиела 8 саати па и јачееве ручек време дојде, сакам само да бутнам нешто во стомак и да си легнам.... Страшен умор
Лелеее иста сум и јас. Да можам цел ден би си лежела и спиела... дали се должи тоа, на тоа што навечер не можам позиција да фатам за спиење, не знам... ама како папсана сум преку ден хаха
И мене ми се перутаат малце од време на време. Јас си ги мачкам со маслото на Еуцерин за трудници што е, со тоа и на стомак се мачкам и ми помага.
Мене фактички не брадавиците него ареолите ми се перутаат. Како сува ми е кожата на ареолите. И еве со маслово си терам. Мислам дека е од хормони и од ширење на ареолите.
Не, мене баш брадавицата и тоа како трошки се, некогаш залепени за маичката некогаш на самата брадавичка. Ова што викаш чим е на ареолите не ќе да е колострум
https://www.ringeraja.mk/m/statija/video-7-najdobri-pozicii-za-poroduvanje_6277.html?page= Погледнете го линкот мамички..
Она си лежеше претходно таму мислам дека немаше проблем. Направиле грешка што пишале дека си оди на сбоја одговорност а мислам дека кога се потпишуваш така болницата не те прима пак назад. За третманите јасно ние ама мислам не враќаат толку ризични. Кога нема да постои митото и врските ќе биде се подобро.
Јас лежев минатата недела во Ск, они сами ме пратија дома, не по мое барање.сега кога ми се случи пак отидов прво во Куманово во болницата, таму неможеа да ме примат зашто во Ск ми е уште отворена историјата,сами ми рекоа оди во Скопје а на извештајот ми напишале дека јас сама одбивам хоспитализација.ама јас од после видов од што бев цела испаничена.како и да е,сега сум под надзор,дај боже да биде све добро и до мене и со бебе.
Здраво мамички. Нова сум на форумот, па сакам да ве прашам нешто. Бремена сум 34+3 супер бременост до сега без сериозни проблеми. Од вчера ми се појави болка во десното ребро, буквално реброто на допир, вртење, станување како воспалено го чувствувам. Дали има простор за паника да се слушнам со докторот или е нормална појава во овој период Убав ден
Мислам дека немаш потреба за паника јас од сабајле кога станувам кичмата ме боли нозете ми се кочат , самиот организам се спрема за пороѓај Со лесно нека ти е мајка
Ти благодарам на одговорот. Ме загрижи тоа што болката е присутна цело време, освен кога движам и лежам.
Може нешто притиска таму, бебенцето да удира, мислам не е страшно, се не боли овие недели... сепак ако ти е во мисла цело време консултирај се со др кој што те следи.