@jarec6 најлесно да поминеш и да не тешиш после нас дека не е ништо страшно!!! Да го изгушкаш принцот од нас тетките од форум
Со лесно мајка, не се секирај под надзор си, ќе биде се во ред, за кратко ќе се гушкате со бебе со лесно
Има некоја мајка за пораѓај со термин околу велигден за плодност? Мислам ке збудалам сама 3 4 дена Сега сум 34 недела, утре крвна слика и мокрача да испитам и дс ги земам рез од последните брисеви, си чекам да влезам 36 недела за на преглед. Паника не да ме фака, ке шекнам мислам. Некогаш велам да се породам да се ослободам, некогаш да дојди мебелот, да се средиме, нека помини и велигден да си бидам дома со маж и керкичето големо. Крај не ми се наоѓа. Планирав да работам до крај ама можи ке одмарам и порано.
Не знам, сигурно ќе е на мајка.. Хиперактивно.. Ај нека е здраво и живо, уживај.. Др. Ќе каже.. Замисли да сме учеле за, се... Немало да биде интересно.. Хаха.. Така барем секојдневно учиме за некои работи..
Не се секирај Јарче! Јас отидов без болки, ако не се отвараш пример, или не ти пукне водењак за 24 часа, они следат, и ќе ти стават провокација, ќе ее породиш со провокација, не се секирај! А за притисокот те прочитав, мене од мисла и болка, ми се качи и 160 на пораѓај, ми ставија кислородна маска, ама ништо страшно не е, јас не го мислев тоа воопшто, само сакав да се роди бебко жив и здрав, психата во тој момент ти е насочена на друго место, и верувај нема да мислиш на тоа, значи јас таков паничар сум, дури и со високиот притисок, па не миелев на тоа и се излезе во ред. Без секирање, за кратко ќе се гушкате со бебко!
Мамички бев денес на преглед 28+6 и ми кажаа дека бебче е понапредно скоро 2 недели. 1500 грама е господинот веќе Ми рекоа дека се си е ок но да си припазам на храна, да не јадам благо и леб А јас без благо не функционирам Но тоа е што е мора да се контролирам заради бебче. Пред две недели беше со главчето надоле а сега е карлично поставено. Но за тоа не се секирам, рано е уште си се врти цело време тоа. И природно и царски важно да е живо и здраво. Но се секирам дали е проблем што оддеднаш стана две недели понапредно, предходно си беше една недела понапредно