Мајка мене ми потече заб и ме болеше само на притисок. Испадна за вадење дека е и бидејќи имам претходни компликации, кај мене вадењето би одело на максило, со стоматологот се договоривме да го одложиме за после породување. Испив една доза Клиндамицин и еве скраја да е, ни ми потече ни ме заболе веќе 3 месеци. Појди на стоматолог, нека ти го ѕирни, можда ќе ти го среди за 5 минути да не се мачиш.
Јас да се пријавам како неспијач последниве два дена. Дремка не ме фаќа никако, очите отворени, замислувам си доаѓам дома од болница.. Вчера прв пат добив слика 4д каде убаво му се гледа лиценцето, муценце и исто како сестра му, носето исто Утре на контрола, се надевам конечно ќе закажам термин.. Ќе си земам Торбица па ќе се надевам дека ќе ме задржи Се утепав од перење, ќе ја расипам машината, трупај и што треба и што не треба перам демек се да е чисто дома. И така утрово ми текна да месам кифли, пошо не ме боли грбот ич нели
Мојава не работи викенд.. А да одам по др доктори викендов не ми се оди. А тие што се, антибиотици или нешто друго? Јас бев некни, ми чистеше забен камен и 1 заб правев. И ми рече уште 1 имам за правење(баш тој што отече). И беше планиран да се прави сега во понеделник/вторник. Ајде белки ќе помине. Може и ждлебината да е.. Не знам..
Антибиотик е мила, безбеден е да се пие во бременост. Ама, јас не сум за земање антибиотици на своја рака, можеби нема да имаш потреба. Пробај да го добиеш стоматологот на телефон, ако не успееш, консултирај се со Annath, таа е стоматолог, ќе ти помогни.
Случајно некоја да не имала ПУПП осип во текот на бременоста? Господ го видов што е овааа, доколу има некоја нека ми пише да размениме совети
Еве ме си седам домче си завршив еден куп работи низ дома, се искапив, и кај и да е ќе тркнам до болница да видам што ќе ми кажат,цел ден контракции имам на 15 минути.. Некако ми е увртено во глава дека ќе е утрешна дата
И на мојата агонија нема крај.Уште сум на ГАК,на 31 и на 01 примав пак Флостерон,бебето на први не мрдна ич,сите ЦТГ лоши,нереактивни,ме качија на пин,од 6 поручек до 11 другата ден на пладне бев постојано на цтг уклучена со паузи за вц.Вечерта околу 11 на 01 ме запнаа да ми прават царски рез,се карав,молев,вртебжв телефони,да ме прегледаат на ехо,на ехо бебе добро,проток доволен,ме оставија на мониторинг,ми дозволија да јадам, и цела ноќ се здрвив со исклучено ЦТГдо утредента на пладне.Вчера ме прегледаат на ехо, бебе добро, проток добар, не идеален ама доволен, ми спомна заматена вода дека и се гледа ама не е сигурна, рече да дадеме шанса да го почекаме да не брзаме со царски.ме вратија на патолошка, ми прават ЦТГ постојано ама цело време се исти, немам контракции, пулс на бебето 130-140 ама едноличен, чат пат паѓа на 120.памет немам веќе, мислам дека понеделник ке ме породат, веќе немам сила, пропаднав психички скроз.денес сум 29 недела, многу се плашам а во мат позиција сум на ништо немам влијание.
Не се секирај мама. Биди јака и само позитивно. И да биде породување ќе си бидете живи и здрави, ќе видиш! Сестра ми е во 30та недела родена па еве ја 30 години и си е супер. Седмомесече ќе биде и ќе биде херој на мама. П.С тие деца викаат дека имаат натпросечна интелегенција ♡ види јака и известувај не. Good luck
Биди силна ќе биде се океу мн бебиња околу мене се родија во 7-ми супер се не се секирај за тоа, подобро порано отколку да се искомплицира скроз
Ајде мајка само позитивно се ќе биде во ред и со бебуш и со тебе... Докторите знаат што прават безбедна си на болница и да се породиш јуначето ќе биде гордост на мама Гушки миличка
@macalavica мисли позитивно, ќе биде се добро. Опкружена си со доктори.. Те следат и ќе биде се добро.. Гушки мами и многу среќа
Nema paganje samo pozitivno se ke bide dobro. Vie ste borci i ti i bebus i ke izlezete posilni od sevo ova i gusnati
Мила верувај им на докторите, знаат они што прават. Немој само да си ставаш дополнителни стресови, како што е Господ никој не е. Се ќе си биде добро
@jarec6 Како си мама денес? Како е стање? Бебуш како е? @macalavica Ти и беба сте борци мама! Под надзор си, сигурна сум дека ќе бидете добро
Си одам од кратко пешачење и на бришење еве шо ме пречека. Ај од поскусните што минале низ ова којзнае да каже дали е чеп ова. Пишев со матичната ми рече според мене треба да одиш да те видат, ако не одиш прати движења на бебето ако се намалат одма оди, и се исплашив јас, а бебето е најактивно ова време, и еве одам на дежурен сега, срцето ќе ми испадне од гради, готово ме фана паника, ми се повраќа. Ни болки имам ништо. Еве слики у спојлер кој не е гадлив да виде и каже. Спојлер