Немој да дозволиш да те изеде паника. Ќе помине се, ќе добиеш бебе, ќе ги изродиме сите априлски во една недела Ако е ова чепот кај мене падна минатата сабота Со првото на преглед со рака падна, за два саати пукна водењак. Одев на контрола 3 пати неделава, ме прегледаа со рака, рекоа бебе целосно спуштено, меко грло ама не ми рекоа да се спремам да ме задржуваат, иако мора да одам со царски... Пред пола саат се разбудив од спиење со силна болка во препоните, пропратена со потреба за мочање, иста како кога ми пукна филмски водењакот само што станав од кревет во предходната бременост. Арно ама сега не пукна, се напив магнезиум и си легнав. Со лесно @Nefertiti.
Леле како што ве читам, мене ме маваат паники. @Nefertiti. Гледам околу 20 ти април ти е термин, јас сум 01.мај и ме облеа пот. Да си спремам утре торбицата, не ќе да е лошо. Ајде со лесно, сфати го како нешто што мора да го поминеш. Барем ќе си одгајлиш. @Maeve честитки, нека е живо и здраво.
Ма мислам на братучеда една, што и пукнал водењакот додека берела грозје и се смеела таму на лозјето ноншалантно, дури кога кажуваа се мислела дали одма да оде на болницата. Фала ви жени, каде јас без вас, се подсмирив конечно, си лежам, крпа си постелив под мене, се мислев влошка дали да ставам ама си викам белки нема да пукне додека спијам. Ако заспијам... А боле ли кога пука водењакот, кога тече водата?
Не боли. Мене со првото во сон ми пукна. Ставив пешкир и цело време ми течеше додека одев во болница, а болка немав.
Вчера пак беше успиено бебето на цтг, ми пуштаа гликоза,исто, ме качија пак горе у предродилна, ми понудија индукција за да направат стрес тест на бебето, да ми стават чепче за провокации и да видат при болки како се однесувало бебето, одбив, се потпишав дека одбивам бидејќи со цервикс 12 мм немам теорија да го издржам тој стрес тест без да ме породат ке се отворам сигурно, ме преместија на пин и ме следат,од сабајле малку подобро, се размрда бебе.Натаму незнам како ке биде ке видиме.
Не се плаши женче.Водењакот и кога ти го пукат не боли.Уживај си уште малку во деновоте без бебече и продолжи да си шеткаш, така полека ќе се отвориш и без болки .Со дома седење и паничење само ти се стрга мускулатурата и нема да можеш да се отвориш и може царски да завршиш.Значи само позитивно и со убаво и лесно ќе биде.Гледај на позитивната страна.А кога ќе биде докторите сигурно не знаат со сигурност да кажат затоа не се плаши
Биди силна како и до сега мама. Не ти е лесно, ама агонијата ќе заврши со добро на крај, ќе видиш. Многу дечиња се раѓаат во 7ми месец и си функционираат најнорнално низ животот. Посебни се затоа што се борци заедно со мама. Се ќе биде добро, биди храбра како што знаеш!
Утрово имав некој исцедок ама како парчиња - парталчиња во шолја го приметив, бојата им беше како жолтеникава (а можно е и од мокрачата да ми изгледале таква боја). Има ли шанси тоа да е чепот? Читам на нет може да излезе во различни форми, дури и некогаш да не се примети, па не знам дали е тоа тоа. Инаку обично кога ќе се разбудам наутро секогаш имам малку густ лигав исцедок на долна облека и толку, менувам долна облека и немам повеќе. Бев во четврток на цтг и ехо, се си е ок. Нареден преглед имам во петок, тогаш е и терминот за пораѓај. Други некои симптоми немам, обични болки во долниот дел на стомакот, бебето си се тегне, си мрднува, веќе малку и активноста му е поднамалена, ама мислам тоа е нормално, со оглед на тоа дека сме 5 дена пред термин. Да почнам со паника или не?
Само смирено и диши длабоко Колку повеке паника толку потешко и стрес ке ти биде .. само позитивни мисли и со лесно пороѓајот мајка
Исто вака ми падна мене со првата бременост после пешачење, на контрола бев одма и после прегледот имаше уште малку со крв. Така да мислам чепот е.
Почни да си се спремаш ама без паника! Океу? И да е чепот вообичаено после некој ден почнува породувањето, односно така викаат докториве дека тоа е на некој начин показател дека во следните денови ќе биде породувањето. Исто како друг показател кажуваат дека можеш мн често да идеш во тоалет по број два. Јас вчера изгледав милион видеа и мислења од доктори до 4 сабајле тоа правев неможев да спијам. После збореа докторите дека не е потребен адреналин бидејки тој ги грчи мускулите и болката е поголема факт е дека неможеш да се опуштиш и лагано еее ај ќе идам да се породувам ама дополнителна паника или луѓе што те живцираат треба во тој момент да игнорираш или да ги нема најдобро.
На првата бременост јас така се изначитвев што е и што не е ѓомити ке знам појке де И кога ојдов на бокс од болки не знаев кај терав сакав само да излезе побрзо од мене да ми помине се Зато некогаш велат слушај го телото и така прави Секоја жена е приказна за себе на крај
Девојчиња ај помош,вака гледам не е лоша крвнава слика ама ЦРП ми е покачено, што може да е? Доктор дури вечер ако види. Дека малку прокрварев па рече да испитаат крв со црп.
Читав и јас за одење во тоалет и веќе неколку пати како одам да се празнам од сабајле, леле дај Боже да почнува, се си мислев дека ќе поминеме термин. Денес не одам во болница, освен ако не се случи нешто плус, имам енергија мислам маратон можам да истрчам, може од адреналин или возбуда Маратон не, ама ќе одам да пешачам и да му се порадувам на сонцево. Леле, ама сум возбудена Само да не ми е за џабе возбудата, па да се претвори во паника и страв
Незнам каква е поврзаноста за испитување крв затоа што си прокрварела. Тоа е нормален процес на крај, јас мислам веќе почнал процесот кај тебе со тоа прокрварување. ЦРП-то без гајле не е многу високо, ништо за паника, но чекај доктор да го види и даде мислење. Со лесно.
Нормално е, во болничка средина си, интрахоспитални бактерии си има, не е како дома, но и веќе ти е почнат процесот, па не е ништо страшно...13 е ок број, не е не дај боже 100 и поише... по раѓање кај оргомен процент пуштаат антибиотик, се средува.. Како си ти?
Ве молам пишете што можам да пијам за болки во стапалата.Отечени ми се едвај одам или облоги нешто што можам да ставам.Фала
Jas gi mackam so konjski balsam i obavezno drzi gi podignati, ne stoi predolgo na noze i izbegavaj tesni cevli. 100% nisto ne moze da pomogne no malku barem da si olesnime