Јас се опоравувам, ама ми излегле хеморооди,еден или два колку орев големи,не можам луѓе ни да лежам,ни да одам ништо,ужас.Па купив некоја крема да видиме дали ќе помогне
Јарче ставај ацити борици на влошка. Од искуство, со првото бев така и ми дадоа уште во болница да ставам
Негде го имам прочитано и сум запишала дека Rectovenal гел дека многу го фалат, особено по пораѓај Пробај ако не поминат со кремата што си ја земала
Ајде миличка да ти е со лесно уште малку те дели до најубавиот момент. Да си јадиш немој гладна да се оставаш
Пред да отидам на клиника правев крвна слика, како за трудница со корона ми кажа матичниот супер била .. Дај боже да сме живи и здрави само.. јас 34+2 бебко одговара за 36+4 )) е тоа малце ме паничи, сеуште последните брисеви ги немам направено, требаше утре, ама сега ситуацијава искочи вака лошо..
Да ти е живо и здраво бебулето И јас имам премногу мака со хемороиди така два три ми се излезени огромни неможам ни да одам ни да седам Во аптека ми дадоа од frezyderm rectanal aid крем воопшто не ми помогна 3 дена се мачам. Сега мм ќе ми донеси procto-synalar n добра била ми ја препорача педијатар. Се надевам ќе помогни. Ти каква зеде?
И јас мислам таква земав. Не очекувај одма да поминат, треба време досадни се, ај од утре дома ќе ставам ациди борици коншто пиша феминката па баш да видиме,се надевам ќе помогне.
Јас исто како тебе бев па ги направив и брисеви и се, не се секирај ќе ги направиш и ќе се стокмиш. Важно е да бидете добри после короната си дупло поуморна и се уморуваш лесно.
Одлично поминав, ништо не се осеќа местото е уште туѓо, и две секунди работа е, позз до мамичките што ги чека царски, да не се плашат и колку побрзо се раздвижите толку полесно за вас ќе биде, само храбро
@jarec6 Живо и здраво нека е!!! Ајде уште едно бебенце добивме јеее . Како помина ќе прочитам кога ќе пишеш. Јас превентивно си купив една не знам која е ми ја дадоа у Зегин треба да видам каква е. Ми збореа за некое масло и што да се прави многу помагало ај да се информирам ќе ти пишам. Инаку женски мене ми рече докторот прием утре кога се возбудив се возбудив таму. Не знам зашто имам навика да им ги демолирам ординациите на докториве се му побутав и закачалка и параван и кантата. Викам како утре докторе он ми вика абе најдобро да се заврши одма после почнувааѕ рестрикции ова она и затоа сега утре ќе дојдеш и наредно ќе видиме во четврток како сме со распоред или крајно ќе биде петок. И јас викам а што да земам со мене и он ме пипка на мешето само бебето и ти. Ги изнасмеав и докторот и сестрата зашто ми летна телефонот кај сестрата у скут кога требаше книшката да си ја земам со упут за лабараторија. Вика абе ајде полека ја не знам кај терам па уште му викам аии докторе една пијачка би лупнала сега хаха
Мене тука ми рекоја одма наредниот ден дека форсираат со станување движење сестрите биле тука за помош. И искрено мислам дека е подобро одколку да се залежиме... Здравје да помини се како што треба
Да да одма да станеш утредента е најдобро. Јас се правев слепо црево операција и со мене имаше две моја возраст. Не оперираа у исти ден една по друга и јас бев втора, таа што ја оперираа прва она стана уште дента до вечерта. Мене не ме пушташе анестезијата и знам дека повраќав, па утредента станав. А третата не стана залегна и мн полошо помина од нас. Ние и помагавме ама повеќе се измачи. Вака стануваш и одиш два чекора па пак два чекора да можеш до вц да отидеш да ти тргнат катетерот хахах се опседнав со него. А тоа кивање и кашлање и смеење знам дека беа луксуз...
Колку ти беше црп ако памтиш?Немаш гајле ситно ти е...беба супер напредува ќе биднат и брисевите...Мене така ме фати паника ја бев 27ма недела а ми следеа кумбсов тест,скриен шеќер во 28ма,ама изолација 10 дена ми одредија па завршив тоа..и пак се затворив дома кашлањево не ми се смирува...трае чудово .
Друшки ве барам за совет Ми заврши изолација, короната супер ја поминав со ништо скоро, освен изгубен мирис и сѐ супер, крвни слики две направени, ддимери и сѐ што требаше, баш подобра крвна слика имав сега него предходно. Пошто ми пропадна терминот за трет скриниг бев вчера да ме видат. 33та недела, сѐ е топ. Протоци, постелка, бебе со главата свртено надоле, 2 кила тежи, вода има, цервикс добар... Е сега, цела бременост кога одам на прегледи бебето ми беше 1 недела поназад, секојпат, освен нозете. Кога му ја мереа бутната коска секогаш беше недела дена понапред. Гинеколозиве, матичната и во Ремедика ми рекоа дека покасно е зачнато, покасно ми била овулацијата тој месец, а и јас немав редовно точна менструација на 28 дена.. Вчера докторкава ми вика "Оооо големко бебе, ти си 33та недела, главата му одговара за 35та, нозете за 35 и пол, мешето му е малку помало накај 31ва,32ра, се на се како за 34та одговара..." Јас цела со прашалници како вака за 2 недели се сменија работиве?! Од короната ли порасна?! 100 пати ја потпрашав дали е океј и дали е сѐ нормално, ми вика супер било сѐ. Сите параметри ти се супер, немаш скриен шеќер, немаш високи ддимери, не се грижи. Сеа како да не се грижам кога бебето си го замислив како вонземјанче Дали на вас нешто такво ви се има случено или ви имаат кажано? За 2 недели пак ќе одам, ама до тогаш ќе ме утепаат мисливе...
Друшки утеха ми треба. Денес 35+3, синко ептен слабо е активен. Си мртка, удира, ама многу помалку и послабо отколку до вчера. До вчера мислам дека органите ми ги изместуваше од многу чести и од силни удари. Знам дека е нормално при крајот да се намалуваат движењата, ама ќе полудам од грижа. @Dee*Tee од почеток плодот ми беше помал и затоа имав корекција во терминот за 5 дена уште од старт. Како наголемуваше плодот, така понапред беше со ден-два-пет. Главчето константно поголемо од неделата. Во 32ра недела бев на преглед, бебче ~1900гр. Со некои мерки одговараше на 33+5, со некои 34+3,варијации до бескрај. Океј. По 10 дена бев на преглед кај друг доктор. Бебе ~2500гр. Океј, знам дека при крајот качуваат на килажа, ама што е многу, многу е. Шо 10 дена после тој преглед, во 35 полни пак бев на преглед кај првиов доктор. Бебе ~2400гр. Тој, пратејќи ги мерењата од претходниот преглед кај него, во 32ра недела, презадоволен како бебе убаво напредува. И да не напредува, не дај Боже, може да стагнира со тежина, сигурно не ослаби. Муабетот ми е, различни доктори, различни ехо апарати, различни мерења. Еден ист доктор два пати да премиери, две различни мерки ќе испаднат. Читни низ темата за тежината според ехо пред пораѓај и родилна тежина, и по повеќе од килограм правеле грешка. Така да, не вреди да се оддава многу внимание, чилирај.