Дечки како сте? Што ќутите бре? Не кажувате какви луксузи има тука сарми фрчат на сите страни... Шала на страна дојдов сабајле направив цтг, чекав на шалтер тие работа работа им пукаше главата. Ајде влегувам да се облечам у спавача и на болничарката и викам немој да си ми дала било каква исклучиво барам да е модерна. Оваа се изнасмеа вика најмодерна на тебе и ми вика мож и со дупче ќе се погоди. Па ќе бираш од напред или позади. Викам ауу топ такви се сега модерни со исечен дел. И ми дава една ми вика за тебе виолетова викам фалаа. Бидејки се разочарав дека нема дупче ми даде да бирам влечки. Ајде се товари она со количка од маркет со се кој што добел и ја со нејзе одам си изнаправив муабет ова она. Во соба сум со една женичка има болки провокации вика не се отварам и ми се извинува што викала. И реков викај си колку ти се вика ич гајле немај и така. Отидов до тоалетот очекувана работа и до менза бев јадев и така сега ќе дремам...
Мене почна да ме боли долен дел на стомакот искрено незнам што да правам дотор не ми крева магнезиум нема од каде да земам моментално не ни имам некој дома дали да одам на болница или да си седам да видам дали ќе помини
@Ula @mamaJana до лесно и на двете... @Andrejaaaaa и јас се потам неколку вечери. Преку ден ми е жешко, времето е променливо, де сонце, де облачно де дожд. Се чувствувам понекогаш омалаксено и немам сила. Ама неколку вечери се потам, се пресоблекувам ноќта, не трпам се е залепено за мене. Дали е од времето, дали хормоните не знам, а по дома сум претежно на кратки ракави(премногу ми е топло). Ајде ќе издржиме уште малку.
Чим се потиме повеќето значи нормално е... Преку ден исто и мене ми с'клет, обично сум зимурлива ама сега и јас нон стоп сум со маичка на прерамки и боса.. Само ова навечер мене не ми личи на потење од топло, бидејки спијам по кратки и не чувствувам дека ми е прежешко, туку како наеднаш да ме облива потта... Шо викаш ќе издржиме уште малку
Дечки како сте? Што ќутите бре? Не кажувате какви луксузи има тука сарми фрчат на сите страни... Шала на страна дојдов сабајле направив цтг, чекав на шалтер тие работа работа им пукаше главата. Ајде влегувам да се облечам у спавача ина болничарката и викам немој да си ми дала било каква исклучиво барам да е модерна. Оваа се насмеа вика најмодерна на тебе и ми вика моше и со дупче ќе се погоди. Па ќе биташ од напред или позади. Викам такви се сега модерни со исечен дел. И ми дава една ми вика за тебе виолетова викам фалаа. Ајде се товари она со количка од маркет и ја со нејзе одам си изнаправив муабет
Ти си жено комедија се смеам до тебе.. Ти као што гледам се паркира во чаир. Ја денес ќе идам да се депилирам да си бидам средена, да не ме фати неспремна малава.. Почна да се лудува да ми клоца пред време.. Дупи ли дупи со главчето гајле и е.. Ти како си? Има гужва таму?
Јас бев саклетлива, а сега не трпам... Се соблекувам и јас.. Ми смета се. Дури и не се покривам навечер, па во утринските часови ќе се покријам, заспивам на кратки, ноќта се будам испотена, на долги тенки се облекувам.. А и топло е, ама и пред спиење отвараме прозорци да, се влезе воздух Ќе мора да издржаме.. А тие денови и бебето ми клоца повеќе и преку ден..претпоставувам нормално е за оваа недела 30
И кај мене исто. Ме боли кичмата и доле срамната коска. Едвај се движам. Ќе видам до после како ќе биде. Ако не се смири ќе идам на цтг. @Ula фала ти за цела позитива што ја шириш на темава. Мене лично многу ми помагаш да го намалам стравов. Ти посакувам најлесно на свет да поминеш.
Па мене ми беше планот наредна недела баш од прва причина дека викендов требаше да се допреселиме како што треба а и имав закажано депилација ама среќа малку сум подникната само па се фатив колку можев сама со ретровизори хаха. Му викам на докторот дојдов за преговори за датум ама ништо и ја како владата на Македонија си попуштив кога ми рече утре дојди. Па јас буквално се паркирав ме испомерија и ми ставија цтг и не мрдам. Гледам како да дише женчево до мене црка вика, а не се отвара. Гледајки ја викам боље царски човече...
Хахаха сега се смеам а после и ја ќе викам како цимерката.. Знам за првото на сред пораѓај им викав носете ме царски, они каков царски главата се гледа на детето,па извадете ја ако се гледа. Со лесно нека ти е само.
И јас истата бев ко женчето. Во соба уште 3 женички, они си кулираат ко да нема да раѓаат. А јас стенкав, викав, се мрднав и многу бавно се отворав. Имав чуство како најнеотпорна на болка да сум и уште толку ме фаќаше нервоза. А они пак ми викаа блазе тебе ќе си се породиш, ние ќе дремеме тука без болки... Секој со своето
Aбе дека нејзе и е полесно не ми се верува баш два дена со провокации и да не се отвори како што треба... иначе тука такво е затоа сме дојдени да викаме да урламе само да биде се како што треба со бебињата...
Леле, ова и на мене ме потсети, со тоа инфузијата и ЦТГ на мене закачено, плус едно такво пластично за повраќање, и само го преместував, викав урлав како блесава, тие три жени во соба ме гледаат и се чудат хаха, исто ми викаа што убаво ќе сум се породела, а јас се мрднувам од болки, не знаев кај терам веќе, земав доле седнав на под едно време. Затоа после на бокс они ме качуваа. Немав сила за ништо веќе, им викам носете ме царски готово ќе умрам јас, и таа едната акушерка ми вика "Да, да, сега веднаш, откако ги истрпе болкиве, и детево ќе се роди за некоја минута, на царски нема да те однесеме сигурно" И во право беше, јас после им се извинував на тие во родилна што беа.