Ќе видиме дали ќе остане карлично, битно се да е ок со двајцата, начинот на пораѓање мање битен Мене ладно млеко ми помага само, пробај ако не си веќе Едит: сега гледам дека постиш, извини
За низок притисок пијте повеќе течности.. Вода со лимон.. Или газирана вода со вкус на лимон, добра вода што е со вкус на портокал.. И пробајте солено повеќе да јадете.. За да пиете течности Гушки и чувајте се мамички
Фала мила, ќе пробам. Но мене ми се случува кога идам на прегледи обично и тогаш ги паничам сите. Припаѓам, пребледувам уфф. Дома и да ми се залоши ќе каснам нешто, ќе легнам, ќе помине. Тоа е секој си има некоја мака
Јас премногу пијам и вода, и солено јадам и пак ми е низок Јас општо и пред бременост низок си имав, сега уште понизок ми е мислам..
Леле ве читам со киселини, си викам на крај нема да ме фатат како до 4ти месец, ама еве викате може. Секој организам различно да, ама па уште да повраќам ми фали со стомак, влегувам во 32ра од вторник. инаку не е престанато бебево да мрда, 24/7 лево десно, па бранови, клоца, бокс, од се по нешто добивам дневно, цел месец еве, а со првото ич, само навечер ми мрдаше ама благо онака, ова џудист невиден, може дека женско па потемпераметно Туку немам испитано крвна слика едно 6 недели ме фатија, ради ситуацијава, викам денес утре - да видам железо и се што треба, и чувствувам грижа на совест. Ајде се надевам поажурна ќе сум, уште последни брисеви и еден преглед кај матичната да ме види, и да почнам со цтг и планови за пораѓај.
Јас пијам многу течност, и да понекогаш сум омалаксана, немам сила ниту да седам, си легнувам, ама обично кога времето е променливо... Ајде ќе издржиме уште малку...
Да може и од тоа. Од сега не мрдам од дома без солено. Претходно мислев шеќерот ми паѓа затоа припаѓав али испадна притисокот бил
Мора да носиме по нешто во ташна или да сме во близина на дуќан да купиме, ама тоа е.. Јас со себе си носам вода обавезно, и некое чоколатце секогаш.. Солено ретко..И пред да останам бремена... Па и сега. Ајде мора да сме силни за нашите малечки...
Девојки, кога отидовте на прв цтг? Јас 37 +1, матичната не ми кажа ништо, па се мислам од утре некој ден да одам. Дали треба упат или дирекно си одиш таму? И дали може да се оди за викенд?
Упат земаш од матичната после тоа нема да ти треба нов упат, ќе те имаат во евиденција. Јас почнав од 36+2.
Јас бев пред околу 2 недели во Чаир со приоритетен упат, за да се консултирам за терапија за ддимери. На извештајот ми пишаа контрола за 2 недели. Можам со тоа да поминам да не одам кај матичната за упат за цтг?
Мамички ај ја по 100ти мислам пат истово прашање. Нормално ли е да се има водлест исцедок без мирис? Сега пред малце у вц како подмочкана на гаќичките. Све друго си е, беба сабајле мрдкаше. Обично ич не сум паничарка ама сега дека веќе сум 30+2 некако Последно бев на 5ти на конрола и све беше ок и со мене и со бебе и со протоци. Наредна контрола треба после 1ви Мај.
Јас цело време сум така. Све е ок на ехо и бев убедена дека на брисевите ќе покаже нешто. За среќа излегоа чисти. Затоа мислам дека е нормално.
Нормално е, ти кажувам од искуство. Јас паничам буквално за се и кога бев на лекар за таков исцедок излезе дека е скроз нормално. Може бебе притиска, може самото тело природно го создава, ама ништо страшно
@kostovaivana нормално е мила. И јас имам цела бременост, ама паниките се на крајот, туку се проверувам водењакот да не е. @Luna91 мене докторот што ќе ме пораѓа ми рече дека нема потреба да одам на цтг. Ако има некоја индикација, тогаш. Додуша 36+2 сум. Следен преглед ми закажа со полни 38гн, во меѓувреме ако има нешто, тогаш да одам. Е сега, дали после 38ма ќе ми рече да одам, не знам.
@IRBBB е арно кажа, паниката на крајот иде. Еве ја цела бременост си ја терам супер без паника, опуштено све. Ама како иде крајов почна да ме фаќа. Контрола ми закажаа за месец дена, околу први мај а мене уше сега почна нервоза да ме фаќа. Мислам дека нема да издржам до тогаш, ќе си отидам порано изгледа
Јас сум 30+6, иста сум, само што ќе сменам веш наредниот пат во тоалет (по 20-30 мин) одма забележувам. Нормално е, кај сите е така
Мамички како се справувате со киселини, болки во телото особено кичма и стомак, несоница итн вака при крајов... моментално сум 34+6, не знам дали од коронава плус, ама цело тело ме боли, и како нозете да ми откажуваат на моменти.. а од киселини си повраќам секој божји ден, ништо не можам да јадам на раат..