Мислам дека не, ги препраќаат на Гак, таму имало посебен одел зс позитивни од корона. А и да сакаш да одиш на Гак покрај крвна слика ти земаат брис и за корона.
Јас мака мачам со киселините. Пишував и погоре. Грицкам гастрогард, рупурут, пијам сода бикарбона растворена во вода, кисела вода, голтам коски од маслинки, зрна жив ориз, јадам јаболка, бадеми... Некогаш било што од тоа ми помага, некогаш буквално сѐ од ова ќе наакам во мене и и покрај повраќање, џабе, спас нема, си врие, си клокоти. Ама да знаеш ќе ти олесни за скоро, ќе потслези бебчето надолу и ќе се олабави малку желудникот.
Жени ви се случило гребење на грло во последните недели? Памет немам веќе.. Мисли ми идат накај корона.
Не значи дека е корона можеби е прелада ?! Имаш пиено ладно нешто па те греба ,, пиј чај со лимон и мед повеке
Со тебе сме сосема исти значи со неделите. И јас во вторник влегувам во 32 недела. По две недели ќе одам пак за брис кај матичната и после тоа толку со неа, продолжувам на болница со цтг. Со лесно нека ти е!
Јас исто многу сакам ем ладно ем газирано ама успевам некако да се воздржам ,, посебно сега на крај пред пороѓај и ова короништево
Леле не е можно, мм има многу малку темпертатура, изгледа се заразил, денес ке се тестира, како можеше сега, само што влегов во 9ти месец, ако треба да се пораѓам во битолската државна болница... многу ми е страв. Денес ке се консултирам со мојот доктор како и што да правам.
Иста ситуација и кај нас мила. Памет немам веќе. Јас сум 37+2. Тој уште пред да почне да качува, почуствувал малаксаност и се изолира. Денес ќе се тестира. Мене ме интересира што ако јас сум негативна, но ако бидам во изолација поради него, дали ќе можам да се пораѓам во Чаир? Имам уплав од Гак.
Нека кажат поискусните, јас едвај чекам да се слушнам со докторот, за утре имав закажано редовен преглед.
Мм замина на тестирање, докторот вика ај не е страшно и дс е ковид ке прележиш дури дс ти дојди термин. Само витамини да пијам плус ако сакам и толку. И дс не одсм на преглед утре, боже здравје за 10 дена ако немам симптоми да одам. Е сега реално ме фаќа паника, краен термин 11.05
Кај мене па обратно.. прво јас качив температура, итно се тестирав, позитивна па после сите дома по мене.. јас еден ден бев само со темп, мм 3/4 дена темп и кашлање, абе ужас... и сега ме фаќа паника како понатака, ја сум 35гн требаше минатава недела последна контрола кај матичната и брисеви.. ама тешко, сега чекам да искочам од изолација веќе у 37ма ќе бидам... како ли ќе биде за пораѓање, не се знае..
Со лесно нека ти е. Офф не знаеш што е полошо. Ама мислам кога веќе требало да биде, подобро сега. До породување ќе ти помине и ќе си бидеш раат со бебче. Јас 37+ сум и сум во паника. Ако се заразам, морам во ковид центар. Не знам како оди процедурата, може и бебињата не ги даваат. Офф маки. Матичната е оптимист дека се работи за гнојна ангина. Крајниците му биле лом... По колку дена по тебе, домашните пројавија симтоми?
Ако од нешто имам уплав, тоа е да треба во бт државна да раѓам. Значи ако не дај Боже испаднеш позитивен, од плодност те препраќаат на државна?
Не се секирај...појачај на витамини Ц,Д,Цинк и б комплекс обавезно и многу течности(мене така ме третираа)...имаш време до терминот