За жал и во Скопје е така мора на ГАК, ако си позитивна ниедна друга болница не те прима ни приватна ни државна, ама па ако размислиш поарно да одиш во болница каде што веќе имаат искуство со позитивни трудници и каде можат да ти пружат соодветна нега и тебе и на бебето, сепак и таму докторите се стручни, а за условите ќе се истера се додека и мајката и бебето на крај дома си дојдат здрави и живи. Барем јас вака си се тешам кога ме фаќаат паники од коронава
Па мм кашлаше и пред јас да качам темп и да се тестирам, а сестра му прележа лани у октоври корона, кај неа помина за 2/3 дена, кај мене само еднаш темп, а мм не се тестираше, матичната им даде само на природна база и еве ги и двајцата се добри сега, никој ништо нема..
Денес бевме на контрола 37+4- ехо не ми правеа само пушти срце да слушниме-апаратче користеше... Ми вика шетај на вечер да се спушти бебе надолу и јас вака И викам докторке бебе смени позиција? Со главчето горе беше последно .... Ми вика аи не е свртено на долу нене и викам ааа чекај тогаш... Со апаратчето вреше низ стомак се наведнува да слушни фаќа со раце почна паника да ме фаќа мене и викам се е во ред со бебето ми вика да само проверувам како е наместено.... Испадна дека е со главче горе ми вика дали сакаш да пробаме да го свртиме. Кога? Оваа недела поточно утре... Ми вика 50-50 се шансите ама постои и мал ризик 1 процент дека можи да настани компликации како крварење нешто со плацентата-не ја разбрав добро и да завршам на итен царски... Не фала да си ставам бебе на ризик нема потреба и 0,0000001 процент да е не сакам а и да немаше ризик ќе размислев... Господ вака сакал има причина за ова и сакам да си остани како што и е убаво... Тоа е тоа понеделник тест корона вторник прием на болница среда пораѓај... Не можам да си поверувам дека за недела ипол ќе се гушкаме со беба... Поздрав имајте убав ден
Јас прележав ковид во ноември и антитела имам ама пак ме фаќа склет да не се заразам не дај боже по втор пат на цело пазење а како што знам позитивните трудници ссмо во скопје ги пораѓаат во ковид центарот,во државните болници во другите градови не.Е сега мене ми е мисла едно сценарио ме фаќаат болки одам во плодност и ме тестираат и не дај боже позитивна и со болки за скопје ќе треба да се враќам ами ако почне породувањето....уф бе
И мене ова многу ме плашеше иако и јас прележав и тоа тешко во ноември. Антитела не сум проверувала. Па се испадна добро. Без грижи, се ќе си биди во ред, особено затоа што имаш антитела.
Дали е нормално да падне мукозниот чеп во 36 недела? Искрено не сум сигурна дали беше чепот, само ми падна како поголемо парче слуз жолтеникаво. Не знам дали беше само исцедок, немаше никакви конци низ него, ниту крв. Цела бременост јас имам исцедок, сега беше само повеќе количински.
Не паника, не знам што ке ме фати. Наместо со мм ке треба татко ми СК да ме носи, и со малата дома кој ке седи... И плус царски ке треба дека со првото царски. Дури тогаш ке плачам како бебе
Kovid pozitivni rodilki gi prakaat na Gak. Vo niedna druga drzavna bolnica ne primaat. Se informirav i jas za sekoj slucaj.
Се надевам дека сѐ ќе биде во ред. Јас не сум прележана, барем сум немала симптоми за да се тестирам. Бог нека не има сите в раце, тоа е што е. На крај краева ако испадне некоја од нас позитивна, подобро да е на гак каде што има услови за ковид + родилки.
А во приватниве болници како е ако тестот е позитивен на родилката? Уште ова ни фали, од еден во друг град да одиме
Денес на преглед 29+5, а бебка си одговара според ехо на 30+2. Супер си сме,си растиме, веќе 1530гр. ама мојата инаетчика не сака да ја видиме, па веќе 2,3 месеци како немам слика, и матичнава ми вели тоа е ова бебе ќе го запознаете во живо дури ама ајде кај да е ќе почниме да одбројуваме ситно Со главчето е надолу свртена, ако остани вака, природно ќе одиме на пораѓај здравје. Постелката си била мислам сеуште зрела од прв степен ако добро ја разбрав Крвната слика е веќе подобрена, но докрај си остануваат витамините да ги пијам. И тоа е тоа друшки, јас си сум супер, бебка многуууу ми е активна, навечер почнав да станувам по еднаш за во wc и кога ќе се разбуди малата, не ме остава да заспијам Изгледа душата ќе ни ја вади, ама ако ја чекаме со душа Уште еден преглед кај матичната и после кај докторката која ќе ме пораѓа... леле кога помина времево Чувајте се мамички и идни мамички