Здраво дружино, како сте ми. Јас еве веќе терам 29та недела, односно 28+4 и болкичките што си ги Носам уште од 4ти месец веќе некако почнуваат многу да се интензивираат. Званично ќе се прогласам дека сум неспособна за ништо Ве читам сите си средувате си чистите по дома, јас една маса што ќе пребришам и некој играчки од синко да ги соберам од под после тоа ми треба пола саат одмор да се вратам во нормала. Евее на пример денес фатив да си ја средувам тарасичката, време убаво дојде, сонце пукна, викам што убаво за на тераса, луѓе верувате ли дека само што ја изметов после тоа плачев од болка. Плачев во буквална смисла доаѓа мм од работа ме гледа таква цела... после тоа ми викаше што сум фаќала, ама неможам веќе стварно и глупаво ми е се он да прави ама гледам дека стварно неможам. Кога ќе одам следна недела на контрола ќе поразговарам посериозно со докторката на темава, дали е нормално до толку да имам болки, или пак не дај Боже да не има некој проблем со кичмата, зашто цела фамилија моја патат од кичми... И така, друго се е ок, бебе си е активно, си мрдка, тоа ми е најголемата радост во ситуацијава... Големиот синко ми порасна, почна веќе и сам да искача пред зграда, од мука што неможам да седам таму на клупите да се наместам никако... Го гледам од тераса  голем е веќе, голем батко едвај чека да биде  и така друшки јас си се испоожалив, ама имав така некоја потреба да си пишам. Ве гушкам
И официјално мм е позитивен, засега јас и малата немаме ништо, тешко ке биди, само господ го молам да се пораѓам битола во плодност. На преглед нема да одам утре, докторот рече за 10 дена ако немам симптоми на преглед. И тоа е, ке се дружиме со ќерче добри 3 недели ако даде господ.
Да споделам искуство. Пред еден месец мм беше исто позитивен, во исти стан седевме, јас негативна. Се тестирав после 15дена зато што морав да одам на болница,баш во плодност, за зреење на плодот, па мора тест за хоспитализирање таму. Повеќе си мислам стрес имав да не заболам и јас, истиот страв како тебе, да не можам да се породам во плодност, но ете поминав без да заболам. Така да уживај во бременоста и мисли позитивно.
@Peperutka-bt не паничи мајче, можда како Онео и ти ќе бидеш негативна. Чувај се колку што можеш и најважно од сѐ е да сте добро и ти и бебче, сѐ друго ќе помине.
мила со лесно нека ви е,немора да значи дека и ти ќе бидеш позитивна,гледаш дека со вирусов нема правила.Имај убави мисли и се ќе биде во ред
Не верувам дека има салицилна киселина во тие... ама сепак најубаво да се прочитаат состојките на амбалажата пред да се употреби
Јас пак вчера вечер завршив со болки на гак, во ковид амбуланта.. саат ипол со огромни болки чекав докторка зашто не можеа да најдат, и уште ми вика доаѓај порано друг пат, не вака касно и ние имаме гужва.. за на крај да ме пуштат пак да си заминам со болка и со реченица од др: ова не е болка од наша страна, нема што да правиш тука.. боцнете ја да и подпомине сега, и нека си оди...... значи УЖАС, немам веќе коментари за нашиве клиники..
Салицилна киселина секаде пишува дека не е безбедна во бременост, и покрај тоа што е локална употреба, пробајте изнегнете ја. Жуљеви и курје око може да пробате да лечите со лист од чувар куќа. Па откако ќе се породите може со фластериве, јас добив одговор дека нема штета при доење.
Да мила тие се на база на салицилна и затоа гинекологот ми дозволи да го држам фластерот максимум 24часа бидејки е локално, јас само преку ноќ го држев и ми помогна но дури после недела две, самото си искочи коренче и ми се среди фала богу иначе неможев да газам .
Салицилната киселина е безбедна во бременост до 2% ... ама сепак не би ризикувале ова е локално и мислам дека може да се стави инцидентно ...
И јас го сретнав како податок 2% ама незнам колку има во таблетките со фластер. Треба да се прочита во аптека.
Мамички како се справувате бе со ова мочањево?! Значи аман веќе пукнав Кога сум дома, дур седам, лежам и не е толку страшно ама а излезам од дома абе за пола саат ми се примочува (а секогаш пред да излезам мочам). Ова е страшна работа. Да не може чоек да искочи да прошета раат . Стварно не знам веќе шо да праам. У сериозно размислување сум да си ставам пелени за возрасни пред искачање
Иста мака друшке и јас си имам,пред да излезам може од портата уште 2 пати се враќам за да се домочама а што да ти кажувам додека шетам мислам во секој момент ќе пуштам,мене опција ми е си одам кај мама и тато секако они живеат во близина каде што шетаме и така си го решавам проблемот
Иста приказна, ама јас сум на периоди. Планирам да излегувам_одам во вц_ се облекувам_одам во вц_и спред излегување пак одам. Таман ќе излезам надвор,...лелеее пак ми се иде . Но ова вака периодично ме фаќа, пример 2_3 дена ми е така, па ќе се нормализира.
И јас незнам како да се справам Се прогласувам за мочла и јас Еве веќе една недела, две се избудалив Иначе во еден кафич имав роднини, газди, вработени и ептен некогаш кога немав излез таму одев, ама сега и тие ги затворија и и дирек дома треба ај сепак добро што на 5мин ми е и центарот, инаку ништо не правев хахах Памперси да си купуваме
Ма ја како влегов у ова третово тромесечие цело време ми е така. Иначе и ја имам така попатни станици за у вц јас сум од Аеродром и претежно тука шетам а има среќа и мама и дедо и баба ми живеат у близина од кај мене и си одам кај нив на сред шетање. Исто и во Бисер трговскиот имам познати по тоа бутиците па некогаш и кај нив одам на поминување смешка сум цела (гревче). Лошо е сега кафичите ми ги затворија, иначе порано и по кафичите си идев. Мака
Сите сме исти мамички... И јас сум се во веце. Додека сум дома нонстоп.. А и за излегување непријатно. Ќе си мокреме често... Јас кога излегувам си ставам секојдневни влошки(само тогаш, баш од тие причини) Некогаш одам во близина кога сум кај некој.. Ама непријатно е, и коронава итн... Ајде ќе издржеме
Иста сум и јас, паметот ми е само во тоа дека треба во вц да одам, мислам дека ќе пукнам и на крај минимално само мочам. Не можам да испазарам на раат