Јас пак вчера вечер завршив со болки на гак, во ковид амбуланта.. саат ипол со огромни болки чекав докторка зашто не можеа да најдат, и уште ми вика доаѓај порано друг пат, не вака касно и ние имаме гужва.. за на крај да ме пуштат пак да си заминам со болка и со реченица од др: ова не е болка од наша страна, нема што да правиш тука.. боцнете ја да и подпомине сега, и нека си оди...... значи УЖАС, немам веќе коментари за нашиве клиники.. од инекцијата денес укочена цел ден, ми рекоа да лежам да мирувам.. недај боже и за пораѓај пак да сум позитивна ќе си умрам ако треба на гак да се пораѓам...
Не знаеја да ми кажат не биле од кај нив нешто... и сеуште не знам, а ме боли.. иначе сум 35, рано ми е за породилни болки и контракции.. беше нормално цтгто немаше ништо..
Здраво девојки. Само што се враќам од преглед, 30+5 по менс. а бебе 30+4 по мерки, 1415 грама. Се свртел со главчето надолу, се надевам така и ќе остане. Обравчиња големки, буце мамино. Е сега има друг проблем, сум имала зголемена околуплодова вода. Го прашав докторот што значи тоа? Вика обично кога има проблем со шеќерот кај мајката ова се случува. Кај мене шеќерот во 25+ г.н. после гликоза беше 7.3 и стварно пазам на храната од тогаш. Ова ми го кажа пред да види колкав е, а од кога виде дека се добро е развиено и си одговара со неделите, вика не ми се верува дека ќе биде проблем со шеќерот, супер си расте и се развива. Ама ај да повториме Огтт да бидеме мирни. И така, утре ќе правам пак Огтт, а до тогаш мислам дека ќе умрам од мисли. Што значи таа зголемена околуплодова вода, има ли некоја од вас искуство со вакво нешто? Дали може да прави проблеми? Ум немам веќе, мора нешто да има за да се загрижи човек значи!
Ич не се секирај за плодовата чим шеќерот ти е во ред и бебе си расте нормално ,, и на предходната бременост и на оваа имам повеке плодова и се е во ред и со бебе и шекер
Фала ти на поддршката. Се надевам дека се' ќе биде добро. Утре ќе повторам Огтт за секој случај, пошто ќе го мислам. Бебето е супер со мерки и со развој, само молам Бога да биде се во ред до крај.
Мене шеќерот ми е супер,бебето супер недела две и понапред и мене претходниот преглед ми кажаа дека имам повеќе плодова вода ама докторот кажа дека е се супер.Утре повтори го огтт тестот и немој да ди ствараш нервози,бебушот ти е супер
Твојов доктор малку паничар да не е Шала на страна, нема ништо страшно од повеќе плодова вода, лошо е да е малку... Јас со првото имав премногу вода, дури стомакот ми личеше како близнаци да носам од водата... И се си беше најсупер... Во ниеден момент не беше прашање као, зашто е повеќе вода?? Уживај си
@Bella_Stella не се секирај јас стартував со зголемен шеќер па го регулирав и на преглед околу 27-28 имав зголемена плодова вода па наредните два прегледа си беше исто и се е океј до сега, сега сум 34
@Andrejaaaaaa @Solen☀ Фала ви девојки. Прва бременост ми е и знаете како е, да не кажат нешто и одма прашалниците се активираат во глава. Водата ја искоментира пред да го измери бебето, а мене одма таму ми отиде паметот, викам сега ќе рече не се развива убаво..зошто знам дека мајките со проблеми со шеќерот обично раѓаат бебиња со мала родилна тежина или недоволно развиени. Одма го прашав како е плодот. Го измери и вика ехее идеални мерки има, супер напредува. Ама доволно беше муабетот од претходно за да се извадам од памет. Знам дека веројатно не треба да си правам филмови, ама нема да си ја смирам психата дур не видам утре резултат од повторен Огтт. Фала ви што ми ја смирувате душичката барем малку, а за докторите немам коментари..прво ќе те испаничи.. после пу пу не важи..
Те разбирам како е, еве и јас уште не сум 100% мирна што ми рече прошлиот пат нехомогена постелка, а не ми рече ништо да испитам... Имам уште една недела до нареден преглед, бројам денови..
Знам дека не треба, инаку под стомакот од десната страна ме болеше и тоа многу, ме боцнаа со никлофен мислам дека беше, не знам у таа паника не ни запамтив, и вчера малце ми беше поокеј, денес исто ко вчера.. па ми кажа матичниот доктор дека можеби е нешто со цревата да биде, бидејќи тешко одам у вц.. ми дадоа апчиња сеа ќе ги купам па ќе видиме..
Ќе биде се во ред, со редовни контроли и без паники да сме само... Во многу специфичен период сме бремени, па мислам дека и тоа ни ствара дополнителен стрес и притисок. Среќа се имаме тука за да споделиме искуства и да се поддржуваме.. па малку полесно поминуваат грижите..
Ццц како можеле само така да те остават, што треба да пукнеш од мислење сега? Јас многу тешко одам во вц и ми помагаат суви сливи, ама кога не одам имам чудни болки од лева и десна страна ама не е до толку страшно. Пробај со апчињата ама ако не ти поминува пак оди, не чекај, па не може ти да се измачуваш зошто никој не ти дава одговор од докторите
Ние одбројуваме ситно наредната среда ќе се гушкаме со беба...37+6 Колку ми помина брзо времево... Фала му на Бога што помина до сега се како што треба да поминиме лесно понатаму.... Беба моја веќе место нема во меше па турка се тегни и се излегува и на неа за удари не мава ама цело време си се тегни со душа чекам да ја видам во живо да и ја гушнам да си ја бацам да си ја мириснам оххх.... Спремни сме куфер спакуван креветче наместено алишта прибрани се се само да се роди принцезата Само да си пишиме ние ве гушкаме
Kakov ubav moment kakvi ubavi emocii, bi ja posakuvam celata srekja na svet i Gospod da bide so vas! Site da go docekame toj moment i da se raduvame! Srekjno!