Кити јас и ти изгледа исти ден ке раѓаме ако не не фатат болки порано Да се пријавам и јас бев на контрола бебе со нозе надолу цтг мирно , ми зедоја ковид тест и наредна среда закажан царски ,,, ако случајно добијам порано болки ништо не се знај и бебе се сврти може и природно да родам Со лесно на сите идни мамички
Мајки, и јас појавувам симптоми лесни за корона, каслица и многу блага темп 37. Па и керкичката со 37 темп. Хаос сме, сите паника креваат, мене синоќа ме фати па поштено се изнаплакав. Тешко мм. Да спремам торбици за мене и бебе во најлош случај да ме фатат болки или водењак да пукни па да мора ск. Се тешам ке поминиме лесно и ке се породам касно, само морам да се пазам низ дома, не се уморувам премногу.
Фала ти милича Господ да е со сите нас. Ситее ќе си дочекаме и ќе се радуваме Господ ќе ни ги наполни рацете со најмилото нешто. Да ти е со лесно бременоста
Иста ситуација Пеперутче. Малата и мм позитивни. Јас се изолирав, не знам колкав ќар затоа што спиев со малата кога качи тт . И така си чекам и симтоми и бебка да дојде. Психички сум катастрофа. Страв преголем.
Поздрав дами, ќе може ли некоја да ми каже која е цената ма скрининг што се прави во 5-6 месец од бременоста на државна клиника
Мамички како сте? Ја зедов денес крвната слика. Резултатите др. вели дека, се добри. Хемоглобин 11.7 (11.0-18.0) Железо 16.5 (6.6 - 32.2) Глукоза 4.57 (3.9-6.1) Холестерол 7.81. ( <5.2) Триглецириди 2.58. (<2.0) За д димери Трето тромесечие 130-1700 1,811 имам јас. Ми кажаа не е страшно да се качени до 100 единици. Ваше мислење мамички....Инаку никаква терапија немам примено за д димери(првпат испитувам). И сум намалила во килажа, 2 кила.
Денес полни 34гн и како најава или припрема осеќам стегања на стомакот, кратка болка од лева страна изгледа секогаш ми се случува неколку дена пред закажен преглед нешто да ме мачи... марфи
Супер ти е крвната слика мами. За Д димерите мислам дека е океј, нека кажат тие што следат цело време.
Фала мами... Мене ми е повеќе за димерите.. Инаку за железото прашав, вели јади салати, зелени... Велам секој ден јадам.. Мислев ќе ми даде некои таблети. Може подобро што не ми даде.
@Prolett за димерите знам дека не е страшно ако се малку покачени, битни биле вримињата како што разбрав