Ако се е во ред со беба со постелка не треба да се секираш Но доколку ти е мисла, за месец дена закажи на трансфузиологија комплет со хемостаза уште од сега треба за термин да следиш
Извинете што ќе се вмешам, ама сакав да те прашам зошто за железото мислеше дека ќе ти дадат терапија? Нели е одлично? Или нешто ти е нагло намалено од претходно? Или заради хемоглобинот што е на граница можеби си мислела Јас не сум бремена, ама случајно прочитав Нели и во бременост е пониско од вообичаено или заради превенција, да не падне многу ако се намалило значително од минатиот пат?
Мамички ја цела во паники од сабајле ноќеска станав за у вц, се напив чаша вода и си легнав. И почна да ме боли стомакот горе под градите точно на средина како да ме сече некој. Не контракции од оние лажните. Баш константно како да ме сече. Не знам колку време траело пошо после сум заспала, дур мислев дали да го будам мм да ме носи на дежурен сум заспала. Сега утрово не ме боли ама на тоа место имам чувство како воспаление на мускулите да имам. Беба мрда битно. И се јавив на матичната вика најверојатно е како спазам на мускулите од шо притисла бебе дека е голема и нема место ама дојди сепак да те видам. И сега чекам да дојде мажето да ме носи а до тогаш мислам ќе полудам од грижи
На тоа место кај што опишуваш е желудникот, и мене ми се случи пред околу 2,3 недели да ме сече така баш оштри болки како со нож, ама јас не поврзав со бебе, си мислев желудникот од некоја храна... Околу пола час траеше и помина
И јас прво така помислив ама и друг пат ме болел желудник ама не вака. Инаква била болката. Не знам шо може да биде, уффф
Не е ништо страшно чим поминала болката и си успеала да заспиеш. Веројатно е желудечна болка или мускулна. Ќе си одиш на преглед сега и ќе те смири докторката. Мене докторот вчера ми рече пошто веќе е свртен надолу со главчето, очекувај да те удира со ножињата под гради, може и малку да те боли. Викам знам докторе, си мава одамна..само не знаев клоци или боксови. Уште малку имаме ајде..за брзо време ќе се топиме од љубов и ќе заборавиме на сите испитувања, болки и грижи.
Не си стварај само стресови сега и тоа не е убаво за бебе... Отиди си на лекар за мирна глава и готово.. Бебе чим си мрда што... Контракции не се осеќаат толку високо во никој случај... Плус сега во овие недели може од било што да биде, ако евентуално не е желудникот... Сите органи се стиснати, поместени, бебето притиска... Ама се е тоа нормално..
Одвај чекам. Ти како помина на огтт? Или моментално го правиш? Фала мами. Ме смирувате малку. Добро е шо ја осеќам дека мрдка. Ќе одам до Ремедика после, се чув со докторката и она мисли дека не е ништо страшно ама за секој случај ќе одам да ме ѕирне. Таман и ќе си ја видам бебка.
@kostovaivana јас пред 40 мин ја испив гликозата и сега си чекам да дојде време за боцкање. После тоа ќе јадам бурек! Еве кажувам јавно и без срам!
Еве го, чека.. Мм пред работа отишол да ми купи.. Срце ми е Вчера плачев како неможам веќе без ич тестенце и сол во јадењето.. Ама стварно не можам Нека ни е на здравје[/QUOTE]
Леле и јас вчеравечер се испаничив Почнав стомаков да го осеќам целиот стврднат и затегнат особено под градите, но претходната вечер осетив бебе се исповрте и ми се наби во дијафрагма, изгледа тоа почна да смета на желудник и црева ми беше тешко и од што пиев цел ден многу вода кога се вртев во кревет слушав клокотење... Тука почнав со филмовите... Дека .ми се одлеала плодовата вода низ органи дека ќе ме фатат болки предвреме ... Сабајлево си се испразнив и еве се е океј... Едвај чекам утре на ехо Наздравје женски, и јас вчера пита со мелено месо јадев после долго време, ама ништо чудно и од тоа да ми беше тешко
Мислам дека не е страшно или желудникот што си испила наеднаш чаша вода,мене на пример кога на гладно пијам вода одма ми се повраќа или бебушот мавнал една клоца во желудникотАма чим ти е мисла нека те видат.Мене во саботата бебето мислам со газот де на едниот де на другиот бубрег ми седеше и ме болеше ама после помина и јас како тебе ми дојде мисла и проверив урина и уринокултура ама мене ми кажаа веќе 32 недела нормално е болка да се јавува,секако да не биде неиздржлива оти веќе им се намалува просторот за уживање
Мила и јас мислам дека не е ништо страшно. Органите ти се поместуваат и се набиваат поради помал простор и затоа може ти се јавила таква болка. Требало одма магнезиум да се напиеш. Јас па два дена имам болки во левиот препон, али баш таква како да ме сече нешто. Си викам бебе притиска сигурно е од тоа. Одма легнувам и земам магнезиум и по некое време се смирува. Баш како што пиша @Maya12 мислам дека и нормално е веќе и болка да осеќаме
@Bella_Stella ај нека ти е слатко.. Јас некни кога ми зимаа крв јадев бурек и јогурт.. Мм Пиши како се резултатите и не паничи... Гушки мами.
Еве ме. Резултатот не е сјаен, 7.9 два часа по оптеретувањето со гликоза. Гинекологот се залета одма со терапија, ми кажа ќе пиеш Елова и Глукофаж од 500мг е добро да пиеш по едно навечер. Ама јас му кажав дека сакам прво да се консултирам со ендокринологот, да видам какво е нејзиното мислење. И се јавив и она ме искара што не сум и кажала уште кога беше 7.3 во 25+ г.н. Рече не е добро, до 6.8 треба да оди најмногу после 2 часа од оптеретувањето. Ќе ми испрати диета според која што треба да се хранам и ми кажа да купам Гликометар и да мерам шеќер 6 пати дневно, пред и после секој оброк, 6 дена по ред. Треба да запишувам се во табела и на крај според резултатите ќе реши дали да пијам нешто или не. Вика мора да биде известен и гинекологот што ќе те пораѓа зошто најчесто трудниците со дијабет ѓи пораѓаат порано, само што ќе наполнат 36 недели. Многу ми дојде шок сево ова, си плачам од мака од прееска, ептен ми е тешко.. Таман се радував дека после сите маки да забременам, имам лесна бременост.. ама на крај Марфи не ме поштеди. Извинете за негативнава енергија. Знае ли некој од каде и каков Гликометар да купам и која цена е?
Ќе биде во ред, полека, без стрес само и еве, повели https://24apteka.mk/product/caresens-n-eco-aparat-za-merenje-seker-vo-krvta/