Мила немој да плачеш и да се секираш, сите минуваме низ своите маки и имаме стравови како ти сега. Не си сама, биди позитивна и прави како што ти кажуваат докторите. Ќе биде се во ред, немој да си правиш дополнителен стрес. Те гушкам
Немој мила со негативни мисли веднаш.Јас борба водев 5 години,3 то инвитро дури успешно,на почетокот крварење па рана бременост ковид закачив и не се знаеше каков ќе биде исходот па не им дозволив на негативните мисли да ме обземат туку со позитивни мисли секој ден станував и се радував на благословот што го добив.Има тука мн трудници кои со шеќер си имаат здрави бебуши.Сега ќе си внимаваш повеќе на исхрана,ќе си мериш со апаратчето и ќе видиш која храна ти одговара која не и ако не со терапија ќе се среди.Не го нервирај бебушот,прифати ја ситуацијата и ќе се среди само ќе треба исхраната да ја корегираш мами
@Andrijana2801 @Maya12 Фала ви многу девојки. Знам дека треба да се смирам, нервозите и стресот не ми требаат дополнително. Ама ми падна тешко што е нормално и ми треба време да ја испроцесирам информацијата. Ќе се смирам, нема да ми трае долго се надевам... Земав апаратче, фала на препораката @Saba08 ...Ќе почнам со диетата и со мерење од утре...тоа е што е. Триста филмови ми се свртеа во глава, хаос сум..ама ќе се средам. Ме исплаши тоа што докторката рече ако е дијабет ќе треба да ме породат со полни 36 недели. Бебето ми е свртено надолу и сакав природно да пробам, ама не се прашувам јас..а и не е тоа најважно на крајот. Ќе ми легнат информацииве и ќе бидам ок, морам заради малиот. Фала уште еднаш, ми значи секој ваш збор.
@Bella_Stella мами верувам дека сега си исплашена, ама испроцесирај ја информацијата и смири се. Ова е една трназиторна состојба, ќе помине. Отвори во темата за ГД, има еден куп мајки што ќе ти помогнат. Не знам од каде муабетот дека треба да се породиш во 36та недела? Демек HGA дека се обично плодовите? Не можам да сфатам. Золва ми со ГД се породи во 39та недела со закажан царски. Сега скоро се породи и @Marge. Мислам дека и таа беше со ГД и се породи 38-39та ако не се лажам. За неколку дена ќе влезеш во шема со јадењето. Не е ништо страшно. Ќе избегнуваш храна со висок гликемиски индекс и ќе го контролираш без терапија.
@Bella_Stella немој да се грижиш воопшто, само исхраната под контрола и мерење редовно. Јас исто бев со ГД, па се породив природно, 3 дена пред термин. Јас морав само да напоменам во болницата, затоа што го проверуваа бебуш првиот ден дали кај него шеќерот е низок, супер си е он, фала Богу, а веќе и јас се враќам во нормала. Само дисциплина во исхраната, колку можеш повеќе активна биди, пешачи ако не друго, вода во големи количини исто, редовна проверка како реагира организмот на одреден вид храна и се ќе биде ок
Фала ти мами на поддршката. Да исплашена сум, не толку за себе колку за бебето. Од прееска се обидувам да се смирам само заради него. Ќе влезам во темата за ГД да се информирам малку поубаво и околу мерењето и се останато, пошто немам искуство. Не знам од каде и е муабетот на докторката за пораѓање во 36та г.н. или само така случајно го кажа без да размисли дека ќе се загрижам... Бебето за сега добро се развива фала му на Бога, ама не смее ништо да се остави на случајност, морам да бидам дисциплинирана. Мило ми е мама што имате позитивен исход, живи и здрави да сте со бебчето. Јас стварно немам искуство на темава, ќе пролистам после во темата за ГД што и како. Ја добив диетата од докторката, ќе се придржувам на неа, ќе мерам и се надевам дека се ќе биде добро. Како што ми кажа таа шеќерот на гладно (пред оброк) не треба да биде над 5.2, а после еден час од оброк не треба да биде над 6.8. Ако имам дополнителни прашања и нејаснотии ќе ти пишам ЛП, се надевам нема да ти пречи.
И да се породиш 36 недела, тоа една недела пред 9ти месеци и воопшто нее страшно. Поубаво да го извадат порано на време него покасно недај бе некоја компликација. Немаш причина за грижа. Ја сум породена исто порано 35 и здраво право дете.
@Bella_Stella Шок е додека да ја прифатиш информацијата, после ќе се навикнеш. Не се плаши, не паничи. Кај мене шеќерот беше уште повисок од твоите вредности, па никој до сега не ми спомна дека треба предвремено породување (кај мене шеќерот беше добар на гладно и 1 час после тоа, проблемот беше мерењето 2 часа подоцна). Бременоста ја водам во Систина и плус бев на консултација со ендокринолог веднаш откако ми го открија покачениот шеќер. Бебето на последниот преглед беше точно според мерки, јас сум влезена веќе во 31ва г.н. и имам +7 кг до сега. Цел месец сум на овие +7 и никако да накачам повеќе. Може една позитивна работа од целава ситуација е што до сега немам киселини, ниту прејадувања, пошто оброците треба да се пофрекфентни а количински помали. Јас три дена бев во шок, не можев ниту да спијам, ниту имав апетит, и јас имав патешествија пред оваа бременост. Не ни можев да си поверувам од каде јас скриен шеќер, кога мојот начин на исхрана е скоро вегетаријански, многу ретко јадам благи работи, физички активна, цел век со соодветни пропорции висина/тежина итн итн. Консултирај се обавезно со ендокринолог, па и со друг гинеколог ако си во можност, слушни што имаат и тие да кажат. Мерењата ќе ти помогнат многу за да видиш кој тип на храна ти одговара повеќе, што може да процесира твоето тело, што не. Во принцип, ако си се хранела поздраво и до сега, скоро ништо нема да смениш во исхраната, но сепак ќе откриеш нешто и што не ти одговара. Прочитај нешто повеќе во темата Гестациски дијабет, таму има доста прашања/искуства. Најбитно од се, не паничи, непотребно ти е, не си стварај стресови, не е толку страшно како првиот момент откако ќе дознаеш. Сепак, уживај си во бременоста. Пред неколку години ова испитување на го ни правеле, ниту знаеле, па раѓале прави и здрави деца. Да не бидам сфатена погрешно, фино е што сега повеќе информации и испитувања ни се достапни, може да се спречат доста работи/компликации. Мала промена во начинот на исхрана ти е доволна за да си ја истераш бременоста до крај без проблеми.
Фала ти многу на опширното објаснување. Многу е полесно кога ќе прочита човек искуства од некој што веќе минал низ слична или иста ситуација. Со ендокринолог се консултирав одма после проверката, ме води уште пред да забременам бидејќи сум со полицистични јајници и со Хипо/Хашимото. Пред бременоста имав солиден режим на исхрана, знаев да си дозволам и благо и тесто, ама тоа се случуваше ретко. Од кога забременив реално малку се опуштив со junk food, се до првото Огтт во 25+ г.н. кога вредноста после 2 часа беше 7.3, тогаш се исплашив и почнав да внимавам. Моментално сум 30+6 г.н. и се хранам релативно здраво. Имам редовни оброци и ужини и практично и да не јадам глупости, ептен ретко си дозволувам. До сега имам +11 кг, бебето си одговара со неделите и добро се развива, што во целата ситуација ме теши. Мачнини и киселини сум немала до сега, се надевам дека нема ни да имам поготово со новиот режим што ќе го почнам од утре. Ќе се придржувам до него и ќе мерам шеќер па зависно од резултатите ќе видам какви насоки ќе ми даде за во иднина докторката. Како што кажа сигурно дека ќе ми помине чувството на страв што го имам моментално. Свесна сум дека има многу поспецифични состојби низ кои минуваат голем број жени во текот на бременоста, но ете изгледа спојот од хормоните и шокот од информацијата прилично ме раздрмаа.. Ќе ѕирнам сега и во темата за ГД ваши искуства за да знам како да терам понатаму. Фала ти уште еднаш и со лесно до крај.
Мајки, јас сум 30+3 и од вчера ме боли малку кичмата... баш како да ме фатила промаја и ме врти Дали е страшно ова? Да трчам на лекар или да не кревам паники многу? Да не се контракции? Како се чувствуваат? Искуство некој?
Првичната информација е секогаш шок, но полека смири се ради бебчо, ГД не е ништо страшно, следи диета и мери се. Еве го моето искуство, во првата бременост имав ГД и плус еден куп други проблеми, и јас првично со плачки и паники ги поминав тие денови, но следев диета, мерев со апаратче и се консултирав со ендокринолог, бебето си го родив природно во 39+2, сега со втора бременост повторно имам ГД, гинекологот не ме ни прати на ендокринолог само ми рече да следам диета и да мерам дома, еве ме 37+4 и докторот во чаир во ниеден момент не ми рекол дека царски ќе ме пораѓа, напротив си чекаме природен пораѓај, така да не се секирај нема причина предвреме да се паничиш дека треба со царски и пред време да се пораѓаш, тоа најверојатно го кажал ендокринологот во случај ако бебето е многу големо што може да биде резултат на тоа ако не го контролираш шеќерот, а реално твојот и не е толку висок и со соодветна диета и дисциплина ќе го изрегулираш, сепак кога сме одговорни за друг живот во нас сме многу повнимателни и подосциплирани. Со лесно и без паники, многу од нас поминале и минуваат низ вакви маки и тука сме за взаемна поддршка.
Штом веќе се придржуваш до некој режим на исхрана, одлично. Нема да имаш големи промени. Јас исто бев многу испаничена на почеток, додека откријам дека р'жаното брашно ми сметало, и тоа многу. Пр, јадам две кришки леб со ајвар и сирење, шеќерот отиден на 8, 2 часа после мерење. Јадев 5 мали коцкички лиснато тесто со пица фил полнење, со чаша јогурт, исто отиден шеќерот у пм. Полека, ќе откриеш по нешто што ти смета. Во принцип, јас тие работи што веќе ги јадев, како гравче, леќа, спанаќ, компир, интегрален ориз (никако бел), продолжив да си ги јадам и комбинирам во оброците, имам доста нормални бројки после таквите оброци. Леб без брашно и квасец јадам итн итн. Прави си комбинации на почеток додека да видиш која храна какво влијание има, и запишувај си обавезно што ти одговара, што не.
@Marge @Magde20 Супер што го споделивте и вашето искуство Уште подобро е вака кога некој ќе сподели, и веќе поминал низ истото (па и сте завршиле работа до крај, со прави и здрави родени деца). Ни давате дополнителна мотивација на нас, кои сега поминуваме низ истото и сме во тек на прва бременост.
@Magde20 Фала ти многу на споделеното позитивно искуство. Сигурно за секоја од нас на почеток ваквата информација е шокантна, но мора што поскоро да се прифати како таква и да се следат инструкции за проблемот да се држи под контрола, свесна сум за тоа. Моето бебенце за сега е со просечен раст, вчера последно бев на преглед во 30+5 г.н., тоа одговара на 30+4 г.н. и има 1415 грама. Многу е точно дека за животот во нас се бориме уште повеќе и со поголем мотив. @Chrysanthemum Да, обавезно ќе правам список на продукти што ми сметаат. На почеток ќе се придржувам на диетата што ми ја даде ендокринологот 7 дена, па за понатаму ќе видиме што ќе ми препорача. И објаснив и нејзе како се хранам, рече дека не е лошо, ама дека сака една недела да бидам на таа диета што ми ја препорача и да мерам шеќер, за да види како ќе бидат резултатите и да се реши дали сум за терапија или не. Се надевам дека ќе се снајдам со апаратчето.
Мамички јас бев во Ремедика. Ме виде докторотката, се си е во ред со бебчето. Протоци одлични, вода таман, постелка добра. Беба си одговара на мерки, идеална е со раст. Болката ми рече дека е најверојатно мускулен спазам и дека не е ништо за паника. Да пијам парацетамол ако ме боли. Големка е, јас мала и нема место кај да се тегне веќе. Свртена си е со главчето надоле и конечно се намести и направивме преубави слики, ептен јасно и се гледа фацулето. Се стопив ептен. И ми олесна. Докторката ми рече ако имам болка во долниот дел на стомакот тогаш да одам во болница иначе не. @Bella_Stella мами знам дека ти е шок ама не е ништо страшно. Има многу посериозни компликации што може да се случат во бременост. ГД не е страшно. Ќе држиш режим и ќе си биде се ок. Нека ти слегне информацијата и смири се, се ќе биде добро. Не знам само зошто те исшлашиле дека ќе треба во 36та да те породат. И ова докторотиве некогаш стварно немаат ич пристап како да кажат некои информации особено во вакви случаи. И да стварно треба да се породиш во 36та и тоа не е страшно душо. Има еден куп такви мами со здрави прави деца. А начинот на кој ќе се породиш верувај дека е најмалце битен. Природно или со царски најбитно е и ти и беба да сте живи и здрави. ЕДИТ: заборавив да пишам 1630 грама тежиме
@Bella_Stella не се вознемирувај. И самата ќе видеш дека се ќе биде добро. Мисли позитивно и придржувај се до она што ти го кажеле. Се ќе биде добро. Сите минуваат низ тешкотии, битно е да се заврши се најдобро. Гушки мами и само храбро.
Мамички еве и јас да се пријавам во паничари Денес бев на трет скрининг во Ремедика и ми мереа протоци. Ми кажа докторката дека протокот на папочната врвца или умбиликална артерија ко што се нарекува е намалена 0,7. Кажа дека бебето си напредува добро но може ќе треба да ми зголемат терапија на клексан од 0,6 на 0,8. И јас сум преплашена ми кажа контрола за 10 дена и веќе си направив филмови. Ве молам ако некоја имала вакво искуство нека сподели. Димерите ми беа претходно 2100 ама освен клексан пиев и аспирин. Сега не пијам веќе недела дена и се мислам да не е протокот од тоа намален Читам дека и со храна можам да си помогнам за чистење на крвните садови и витамин Е но незнам дали да прашам за него. Уфф како ми се фати периодов секое идење на доктор по некој стрес Иначе бебче си е малце понапредно и тежиме 1755 гр. Дај Боже се да биде добро до крај
@kostovaivana фала мама, се подсмирив малку..ќе бидам добро. Што убаво си растете вие, пу пу машала. Чекаме слики во темата, да го видиме тоа цуфле, може за снашка ќе ја бендисаме. @Prolett фала ти мама, ќе издржиме уште малку храбро, броени се неделите.
@Bella_Stella мила еве се надевам ова ќе ти биде од користhttps://fitlife.com.mk/табела-со-вредности-за-гликемиски-инд/ иначе за пораѓајот така ти рекле пошто обично мајките што имаат ГД имаат подебелки бебчиња но твоето е нормално и се ќе си биде супер