Супер статија, фала мами! Да моето бебе обично си оди паралелно со неделите, ќе видиме како ќе биде до крај.
Јас пробав со лист од чувар куќа и да ти кажам ми помина болката. Почна да омекнува, цело време ставам, барем можам да газам сега. Ми рекоа дека редовно ако ставам ќе го намали и ќе исчезне. Се надевам така ќе биде, па ќе ве информирам.
Извини а каде испитуваше,според кои референтни вредности не треба да е над 6.8?Во Синлаб според вредностите пишува за бремени < 8.5 ...мене 7.4 ми беше и докторите рекоа во ред е.Не се секирај се ќе биде добро
Испитував во приватна лабораторија тука кај што живеам, не сум од Скопје. Не знам дали повеќе паника од што требаше крена мојот ендокринолог, ама верувам дека знае што прави пошто до сега во многу наврати ми го докажала тоа. Од денес почнав со диета и мерење на шеќерот пред и после оброк, па се надевам ќе немам мака до крај. Фала на поддршката.
Мајки, јас сум 30+4 и од вчера ме боли малку кичмата... баш како да ме фатила промаја и ме врти Дали е страшно ова? Да трчам на лекар или да не кревам паники многу? Да не се контракции? Како се чувствуваат? Искуство некој?
Не е ништо стршно, ја не можев да станам еден период од кичмата, напиј се магнезиум и трк на одмарање, нема потреба од доктор, ако мислиш на породилни болки уште помалце, нема шанси породилни болки да се споредат со нормално кога те боли кичма, и не може да не ги осетиш дека се породилни, не се секирај.
Јас пак пуста надеж моја одам на вагинална контрола со надеж дека ке сум почната да се отворам дека понекогаш имам менструални болки ама јок Изгледа ке си одам под нож
Dobar den na site... Imam prasanje za kilogrami vo treto tromesecie... kolku nakacivte poslednite meseci ? Vi blagodaram odnapred
Имаш weight gain calculator на интернет каде што внесуваш твои вредности и ти пресметува колку во кој период од бременоста е нормално да качуваш и колку е препорачаниот максимум. Ова се смета по твоите параметри и твојот BMI и затоа нема зошто да се споредуваш со некој друг пошто секој организам и секое тело се различни.
Инаку со клексани завршив после денешната контрола на д димери од 2182. Само да издржи бебево во стомак уште две недели... Со короната се дружиме без температура,само кашлица и гребење грло. Се убив од пиење течности, само со лесно вака да се врви. 36+3 денес, стискам палци да си поседи бебе во меше, побезбедно ми е.
Џабе филмови си правев и се секирав, бев на ехо 34+2 се е добро со бебе, свртено со главчето надоле наместено, 2674г, протоци и плодова вода добри, ми зема 3 брисеви матичната сега ќе чекам резултати. Шеќерот го ставив под контрола, сега димерите ми се проблем 3150 со двапати на ден боцкање, матичната ми рече и второво ќе биде царски ради нив, некоја мама со вакво искуство ? И плус проширени вени и потечена доле Битно бебе е добро ќе се издржи
Женички здраво, нова сум на форумот но постојано ве следам Сакам да ве прашам 37+4 сум и осеќам доле ниско на стомакот као некоја жица вертикална као буквално да ми се цепа стомакот косата ми се ежи кога се појавува таа болка , дали некоја имала вакво искуство ? А пред 2 дена бев на контрола се беше во ред и цтг беше добро
Мамички денес нон стоп ме фаќаат бракстон хикс. Вие како поминувате со нив? Ми се стега стомакот трае неколку секунди па ме пушта. Немам никакви болки само стврднување. Страв ми е дали е нормално постојано да ги осеќам или да идам на дежурен Пиев магнезиум и б6 ама пак ги осеќам
И јас вчера и денес постојано ги осеќам. Пиев и јас магнезиум и Утрогестан. Јас и се препотувам кога ги имам. Ама рано ми е ептен 31+4 сум. Се надевам дека не е ништо опасно. Така барем пишува на интернет, но само да не се се почести и почести и да не се пропратени со менструална болка.