Друшке,сончев ден на повидок нема барем на апликациите. Инаку јас не направив скриен шеќер и кај што ја читам Бела сега малку фуфки,па и се опуштив со јадењево некако како тенк сум овие 2 3 дена... Вчера страшни главоболки со пулс 95,главата тапан! Икањето исто ми е многу језиво... Туку...кога ќе раѓаме?
Не раѓам дур не се стопли, ќе си го носам 50 недели Готово сега на крај ич нема ни шо да испитуваш шеќер, седи си мирна. Јас нареднава недела планирам на преглед да одам, па ќе видиме што ќе кажи доки. Мислев дека штом влезам во 9ти, одма ќе се породам, ама по се изгледа како Јарче и ДЛитл ќе си го надносам. Како е принцезата? Кога ќе одите на преглед?
Не ме читајте мене, вие сте на крај веќе и до сега супер терате. И мене ми го поматија умот да не можам да бидам спокојна последниве два месеци, ама тоа е..ќе истуркам некако.
И јас сакам нареднава недела да одам да видам како е,инаку ок вака освен што ме бокса в желудник и јас многу сакам сонце џоа во пролет најубо ама ништо изгледа... @Bella_Stella и ти не се секирај многу многу,убаво ти пишале ако е висок шеќерот бебето ќе беше бааги побуцко,уствари тоа се последиците од ГД,шеќерот се претварал во сало кај бепките.
Во фонд за здравство,мислам околу 215 денари по инекција рефундираат. Ќе се редактирам извини,околу 170 ден по инекција е изгледа бидејќи знам дека месечно околу 2500 ме чинеа после рефундирање.
Да, се изначитав и јас и сфатив дека не е толку трагично како што го примив во прв момент. Бебево мое ептен си оди паралелно со неделите, тоа е нешто што ме смирува. Ќе отидам неделава на второ мислење за зголемената плодова вода, па ќе видиме. Со среќа и тебе и на @IRBBB може конечно ќе огрее сонце кога ќе ви се родат бебенцата.
Тука сум миличка беба си седи во меше денес одмарам максимално затоа ме нема и почнаа болки во грб па ај со маст масажи итн хаха беба на 21 ја чекаме здравје ако не реши порано хаха фала ти што ме помисли
Знам мила дека на 21ви сте договорени, ама си реков да не била малку нетрпелива да си ја види мамичка Мачкај се тогаш, масирај се, гали си се уште малку, после нема да можиш да ја испуштиш љубовта од прегратки.
Девојки, 37+2 сум, последниве 2-3 дена имам болки при станување, седнување, исправање од кревет во долен дел од стомак, како кога ќе воспалиш мускули од вежбање, некоја таква безвезна болка. Знае да ме здоболи и срамната коска, како некој притисок краткотраен и престанува не знам дали е нормално и на што се должи болкава...во средата бев на цтг, мирно си беше.
На крај нормално е телото се спрема за пороѓај Мене се ме боли Од кичма до стврднување па колкови Можам цел ден да си де жалам Ама ајде уште малку и ке помине се
https://www.webmd.com/baby/guide/true-false-labor#4-8 Еве добро објаснување за Braxton Hicks. Очигледно тоа ни се случува на сите, т.е. на повеќето и си е најнормален дел од бременоста. Мене од синоќа наваму ептен ми зачестија, ама приметувам дека и бебето ми е многу активно. Изгледа тесничко му станува, сонце мајкино.
Не се опасни ако се безболни. Јас уште од 14та недела ги имам. Со тек на време само површината на стомакот што се испакнува/грчи се зголемува, т.е. како се зголемува и шири матката така и поголема површина фаќа. 2ца доктори прашав истото ми го кажаа, дека е нормално ако нема болка.
Да да, така и во статијата пишува. Немам болка и јас, си се припрема матката за вистинските контракции.