Јас морам да зголемам доза зашто стварно ептен непријатно ми е. И јас ги имав од претходно али сега ептен ми се интензивираа. Ме плашат на моменти Ќе одам после до аптека и ќе пробам и јас со нив . Одсабајле и навечер. Се надевам ќе имаат ефект
Значи како ме изнервираа моментално ми иди да му појдам и да му се развикам... Денес требаше прием на болница во 11 и 30 а утре царски е сега само што ми се јавија дека го смениле датумот не среда туку четврток да бидело.... Дали се кажува 2 часа пред прием бе јас спремна се тие сега ми кажуваат па не се нормални дефинитивно.... Извинете за негативноста ама толку сум изреволтирана .....
Знам дека 1 ден е разлика ама толку ме изнервираа значи без осет од 5 до 12 менуваат како им одговара....
Многу непрофесионално, ама не се нервирај мајче. За два дена ќе те огрее најубавото сонце, мисли си само на тоа.
А зош денес прием ? Мене ми рече утре од сабајле 10 да сум наболница нејадена не пиена ке ме спремаат и на царски Јас мислам еден ден да одам пред време ке се збудалам
Кити, Македонија на море ти е Малта, не знам зошто се чудиш. Барем не ти закажале за вчера, туку за утре. Се смеам, мала дигресија од муабетот. Извикај се сега, нека ти помини лутината и после седни кулирај. Имаш уште 1 ден да се улепшаваш на пример. Кадичка, пилинже, маска за лице, за коса, контролна депилација, фенирање... Оп, ќе летни времето одма. Плус, тука ти е форумов, поќе од пола бадијалџии сме, ќе тепаме време заедно.
Место да се нервираш, види спреми си се и наспиј се колку што можеш, после нема спиење. Ајде еден ден не е некоја разлика, уживааај тука * Со лесно нека е, ако имаш прашања во врска со царскиот пиши ми во лп
Непрофесионално е тоа ме изнервира ама како и да е најбитно е да е здрава и жива па 1 ден ќе издржам плус толку помина па и за еден Прием утре еден ден пред пораѓај така е тука хаха Дефинитивно Македонија на море е Малта исто е како кај нас ај си реков држава во ЕУ ама не бе хахаха денес ден за последни подготовки четврток ќе се гушкаме и не ја пуштам хахаха гушки мамичка
Женски јас сум турбо додека да се уходам во мајчинството неможам да ве пратам и некако мака ми е...која до кај стигна како сте?
Нoрмалнo е стрднувањетo мене пoстojанo ми се прави така. Какo сте мешиња? Пoстojанo ве читам. Кoнечнo се oпoравив, убавo ме настина малата. Oд тoлку кашлање пoчнаа да ми се врти низ глава дека вoдењак ке ми пукне. Кoлку чаеви испив, тoлку цела зима немсв испиенo. Битнo сум малце пoдoбра. Веќе ситнам 32, вo петoк сум на преглед да видиме какo е бебче. Ве гушкам
Ајде со лесно нека ти е! Ти праќам среќа, храброст и сила! Немој да си читала или гледала по нет случајно нешто за царски рез само опуштено и ќе помине. После е журката
Зошто после ? Спремај ме пред време да не се чудам од после,,, или болките се од после За бебе не ми е гајле знам што ме чека ама друго незнам Кажувај што ме чека да не се чудам таму
Нема гајле еден ден разлика не е страшно Најбитно е да поминеме добро тие дена наболница та друго се ке биде
Легни да спиешшшш мој совет, одкако сум породена спиење по 2,3 часа па хранење па нишкање па што да ти кажувам. Легни да си одмориш и со лесно, ќе видиш какво чуство е кога ќе си ја земеш во раце
Со лесно да ни е на сите Господ да е со нас И ќе спијам денес и утре со душа чекам да ја земам во раце деновите како се ближат така немам нерви сакам што побрзо Фала ти миличка