Zdravo zhenichki Ve chitam cela bremenost i mnogu informacii od tuka mi pomognale, forumive se zlatni a i vie isto Momentanlo sum 38+3 i poslednite 2/3 dena meshe se zgrchuva pochesto, no kako shto chitam normalno bilo. Prvoto CTG go napraviv vo petokot, rekoa deka e dobro no bi sakala da mi pomognete dokolku nekoja znae da go prochita shto znachi? Fala vi
@minne992 @An4e24 најлесно да си помините утре мајчички. Споделете љубов на форумов штом се олесните. ❤️
@An4e24 и @minne992 со лесно нека ви е на двете, читам коментари и се ставив за момент во ваша кожа, си замислив како би ми било да знам дека утре ќе дојде беба Возбуди, возбуди мислам нема да заспијам цела вечер хаха
и јас истово го мислам, и паника ме фаќа-јас и ти скроз исто 32+1 и јас сум. Што ти останува уште до крај од испитувања, каде ќе се пораѓаш? јас уште ништо не сум почнала да се спремам
Бебе и живот променет од корен На почеток не е исто дури се навикнеме на новиот член Фала ви за честитките @IRBBB
На 28ми ќе правам пак брис за да видам дали се исчисти стрептококата. Не верувам ама ај. А инаку последен брис правеле кон 35 недела мислам. Ама мене ми го направија во 28ма поради ризик од предвремено породување. Други испитувања ништо не сум направила, освен редовен преглед кај матичен и два пати на државна за скрининг. Куферот го спремив вчера. Да биде готов зашто мм нема да знае да се снајде ако дојде до итно трчање до болница . За бебушки се ми е испрано и испеглано. Е сега немам купено млеко адаптирано зошто не знам дали ќе треба. За првото не купив воопшто. Ја доев до 14 месеци. Морав да се спремам порано со се зошто не сум човек што трча во последна минута, а и како поминуваат деновите се потешко се движам . А ќе се пораѓам во државна во Битола. Првото го родив во 41 недела, сега се надевам барем на 35. Со лесно нека ти е!
Здраво од мене. Короната засега ја држам под контрола,од прв симптом мене ми е 10 ден изолација, без тестирање сум ама мислам тоа е, нема што друго, само нос затнат и малку кашлам. Бебче си мрда и се врти уште доста, 37+1денес, нека ужива внатре да поминиме барем уште една недела. Мм како мене само покачен притисок малку денес и главоболка, керкичката супер е. Мебелот што го чекавме ке касни од прилика 20 дена, една грижа помалку пред пораѓај. Наместено е креветчето, се одaмна испрaно, спремна сум зa на болница, и за скопје ако недaјбоже треба да тргниме, само спавача немам, ама ке земам или ке ми купи некој, посекако асимптоматски се води мажот ми и само 10 дена изолација има. Поздрав до сите и држете се.
Женски која знае од колку најрано може за резултати од брисеви на институт за јавно здравје? Требаше денес ама заглавив на работа...
Од колку работат ти е прашањето? Од 7.30. Баш вчера носев и видов работно време од 7.30 до 14.30. За резултати после 14. Но ако нема гужва ќе ти ги дадат и порано. Ти кажаа кога ќе се готови? Дека кај нив хламидија ја испитуваат со посебна метода и се чека повеќе од 2 дена за резултати.
Бев во петокот и мо рекоа за денес од 1 до 2 ама не стигнав, мислев утте пред работа да поминам да ги замолам
Здраво на сите Ние сме 29 недели и 3 дена, ама како влеговме во оваа недела, Лажни контракции колку сакаш од памет ме вадат ги осекам неколку пати во денот, нешто по дома да сработам одма ме фаќаат на мала активност де стврднувања на стомакот, де болки ниско доле кај стомакот, де болки во колкови.И незнам веќе што е што во 28 недела бев на контрола, примав инекција Рогам ради 0 негатив к.група што сум.На ехо се во ред, полодова вода доволно, постелка на преден ѕид, бебуш завртен со главичка надоле а во 24 недела беше карлично.Големко е за една недела повеќе ама воопшсто не ме грижи тоа.Ме грижат контракциите лажни, неможам ништо по дома да фатам работа од нив, единствено домашните работи и детенцето прво што си го гледам.Како ќе издржам до 9 месец ама ми зачестуваат.од синоќе почнав да си пијам утрогестан, магнезиум редовно, и кога ке осетам контракција легнувам и поминува. Туку ќе се пораѓам со Санте плус гледам промоција со вклучена епидурална имаат до 30.04 дали вреди сега да отидам и да си уплатам, планирм др недела кога ке бидам 30 недела.Рано е или не? Да си почекам до 36 недела можеби сеуште ќе си имаат промоција... Се распишав ама сум загрижена ептен како робот сум по дома се осекам грозно во првата бременост ги немав толку тие лажни контракции сега нели е многу рано. Пред тоа и кичмата ме болеше,колковите исто, наутро сум цела вкочанета од рамо со сите зглобови.Некако уживањето во оваа бременост ми е сведено на минимум од сите болки....Само нека биде се во ред, а машала бебуш како Брус Ли 100 на саат ме мава во нози и раци, па и ниското доле кога ке ме клоцне ептен болно ми е.Се извинувам што се распишав долго долго, ама има ли место за паника.Некогаш мислам дека пред време ќе се породам
Нормално е да имаш лажни контракции, веќе си влезена во трето тромесечие. Ако се многу болни, консултирај се со гинеколог. Утрогестан земаш, претпоставувам и магнезиум, значи покриена си со терапија. Тоа е, различни се симптомите од бременост до бременост, ништо не е исто, ама ќе издржиме сите. За санте, промоцијата им е од пред нова година и не мислам дека ќе ја нема за 1 месец. Макар што мислам дека не е баш 550€ пакетот, туку има некои "скриени трошоци". @mssuniquee скоро се породи таму, таа ќе ти каже повеќе.
@H&J Јас кога се пораѓав епидуралната не беше во пакетот па доплатив. Уплати си ја понудата не чекај ако си решена за таму Иначе од 36та почнуваш со бесплатни контроли.. Во цената не е вклучен инфективниот скрининг 50€, кој е задолжителен, јас имав плус трошкови за анестезија и некои испитувања за бебе.. Ние плативме околу 750€ плус минус