Според ова што го опишуваш мене не ми личи како да станува збор за контракции, туку едноставно тегоби во бременоста кој си ги носи 3то тромесечје. И јас сум истата, и тоа уште многу порано од 3то тромесечје, неможам да работам ништо, малку да поодам имам болки, неможам да фатам позиција ни за седење ни за лежење, рпед некој ден кај моите на ручек, верувале или не ручав стоејки зашто не ми се удобни ама ич нивните столови, на моиве дома ваљда навикнав.... Така да не би рекла дека е контракција, контракција е нешто што те фаќа и те пушта, не трае... Со лесно нека е само
Епа тогаш наредна недела да си отидам да уплатам додека ја имаат епидуралната во пакетот.Знам ми имаат кажувано дека излегува повеќе ама како и да е имам ставено на страна 1000€ па колку ќе фати толку.Секако мене ќе ми испадне повеќе, бидејќи сум 0 - к.група па ако е бебуш позитив ќе ме боцкаат со Рогам пак и со испитувањата и инекцијата...А дали од други градови одат на бесплатните прегледи? Јас не сум од Скопје живеам подалеку едно 2 саати до таму ми е, и на прегледите би одела не ми е проблем, ама уште сега ме фаќа паника кога ќе ме фатат болките како ќе биде, дали веднаш да појдам, дали ќе стигнам...уфф ајде со лесно нека ни е на сите па како е Господ никој не е.
Спаѓа сега и епидуралот, јас си оставив капар минатата недела. Еве ќе споделам што потпишав со сите што планираат да се породат таму. Искрено убаво се ми објаснија. Не спаѓа инфективниот скрининг во цената (си пишува и во договорот) и не дај боже дополнителни испитувања за бебето, со што основен пакет за беба е вклучен. Имав прв бесплатен преглед и ми се погоди др. Божидар Бошковски. Презадоволна бев
А дали праша што ако треба да се прави царски, значи имаш договорено спонтано, ама треба царски? Која е цената, нешто флаер да ти дале со информации
Па ако нешто испадне и се прави царски тогаш си доплаќаш колку што треба за царскиот.Царски им е 950 евра
Да, царски е 850€, 4 дена во болница. Од 36та недела почнуваат да следат како е поставено бебето, ако не се сврти за природно околу 37/38 ти договараат термин за царски.
Јас планирам другата недела да одам да уплатам аванс 30 недела ке бидам.До кога им трае промоцијата и за бесплатен преглед ? Автоматски ти го прават кога одеш таму, или да си закажам ? И покрај што ќе одам само да уплатам. Промоцијата со епидурална им е до 30.04 а бесплатен преглед за трудници некаде пишуваше исто до 30.04 ?
Јас!. Мислам дека од 5-6 месец почнаа да ме фаќаат - исто ноќе се протегам и ќе ме стегне грч. И јас сум физички активна и вежба, и пешачам, и магнезиум и фемибион ама џабе. Вчера протегајќи се и на двете нозе ме фати истовремено. Доктор вика нормално е. *Сега дури читам. 32+4 сум инаку.
Девојки 27ма недела сум. Чувствувам болки во задникот. Дали е тоа загрижувачки и од што би можело да биде?
И јас чувствувам болки во левиот колк и целата лева страна на задникот. Неможам ни да одам од што осеќам некое стегање и болка но јас претпоставувам дека ми е од што спијам повеќе на таа страна
38+3 почнав со некои менструални болки вечерта во 04:00 бел исцедок со малку светло розева крв, потоа темно кафеаво.. завршив на дежурен викаат 1 прст отворена ништо не е ме пратија дома ако имам поголеми болки пак да дојдам. Болките се исти на 2-3 саати, цтг добро нз што мислите дали се ова знаци на пораѓај или да си седам уште дома? xD
Здраво девојки, дали може некоја да ми објасни за царскиот рез во ГАК, како оди цела процедура откако отидеш во болница , дали истиот ден те пораѓаат или не ..?
Жени од понеделник треба да почнам на цтг во Чаир и сакав кај др. Зоран ама нема термини за кај него. Е сега земав приоритетен ама не знам дали така ќе ме прими? Знаете кога е од сабајле во амбуланта?
Женски здраво Бев денес на контрола кај матичната се е во ред со бебушот, инаку 31+6 сум денес Вчера и завчера после пешачење имав благи болки во долниот дел на стомакот И кажав денес ама ми рече нормално е бидејќи бебето е веќе наместено доле со главчето и притиска и повеќе да одмарам, да не движам многу Откако си дојдов како да ме боцка нешто доле и внатре Пијам фемибион и плус магнезиум од 400,незнам дали да се напијам уште еден Имал ли некој такво искуство?