Трето тромесечие и јас од утре. Ни посакувам на сите лесно тромесечие,убави мисли и лесно породување кога ќе дојде време за него. Како се чувствувате ? Малку поуморно и поголемо?
Заборавив да ја прашам матичната, До кога се пие магнезиум? Од кога се пие чајот од лист од малина? И кога бевте на прво цтг?
До 35 недела се пие магнезиум а од тогаш се почнува и со чајот. Инче јас на цтг почнав од 34 недела ама кај сите е различно
Јас не го имам пиено @mssuniquee го имаше пиено ја читав на форумов мислам дека кај нејзе имаше ефект
Ај за магнезиумот јас да прашам. 38 полни недели. Земам одвреме-навреме по еден магнезиум од 200мг (3-4 пати неделно) оти од сабајле ми трнат рацете или имам грчеви во листовите додека спијам. Смета многу? Да ги прекинам?
Уште 3 таблети имам, ќе ги чувам за зло време, ептен ако имам мака со трнење или грчеви. И онака не планирам веќе да давам пари за суплементи, преку глава ми е. Фала ти мама.
Јас вчера бев на последни брисеви, и на преглед кај матичната, ја прашав до кога да пијам магнезиум, рече до кога сакаш-не смета. Ми е страв да се протегнам, листовите не да ми се згрчуваат, офкам од непријатно чувство. Последниве брисеви најбезболни, со две чепкалки за уши-ништо не сетив. За некоја што пиша погоре, лажни контракции, не би рекла дека се тие контракции, нормално е сега во трето тромес. Сигурно многу поболни се контракц. Во тоалет како на секои две мин да ми се оди осеќам, а појдам 2 капки само. Инаку, по дома работам уште, џогер/правосмукалка/прашина можам секој ден, прозори врати сакам за некоја недела да викнам жена да ми среди поголемото, за да ја пречекаме беба во чисто. Само нека се стопли. За Санте, вие што се породивте со царски, со каква анестезија бевте? Јас со првото таму се породив царски, и само општа имаа, сега сакам по можност спинална, но се уште размислувам каде за пораѓај, Санте или Систина, тоа ми е 3 месеци во глава, и никако да одлучам. Само прашувам искуства, и се предомислувам, тешко мене е. Се си кажав. Денес одам да си ја видам мајка, 3 мес не сме се виделе.
Женски, прашањево може е глупаво, ама што да правам незнам, не сум испитувала до сега никогаш. Матичната ми даде упат за уринокултура, во пролече. Е сега, не пишува ни ден, ни час, што значи можам да отидам во било кое време кога сакам или има определено време кога се оди? И друго, се носи мокрача од дома, или таму те прегледуваат испитуваат нешто?? Знам дека е преглупо прашањево, ама кога незнаеш... Тоа е
Било кое време одиш. Мислам дека сега се само 1 смена, ради ковид, инаку и поручек работеа. Носиш мокрача од дома. Пред првото мокрење ќе си направиш тоалета, првиот млаз ќе го испуштиш настрана и после во стерилен сад. Така е за уринокултура. И одиш со упатот и урината на шалтер во пролече и го оставаш. Упатот трае еден месец, ама сега дека е крај на месец да не важи до крајот на овој месец, нека каже некоја членка што знае.
А има ли датум кога ти е даден упатот? Вообичаено е еден месец од датумот кога ти е даден...Ама нема да се изненадам и ако ништо не пишува. Мене за еден таков упат ми мрчеа излегов пишав датум кај потписот и печатот и завршив работа кога идат тие врските и без упати се се може нели хахаха
Јас пред 3 год се породив во Санте, со царски и спинална анестезија, не знам како е сега ама би требало да имаат...