@thelittle17 фала мила, не знаев бидејќи конкретно има датум и час, како на Мој Термин, затоа и прашав
Девојки, имам едно прашање кое ќе го поставам следна контрола на гинекологот. 30+4 сум и во последно време секој ден почнав да пијам какао, без да размислам дали смееме какао секој ден. Читам подвоени мислења на нет, дали некоја се консултирала во врска со ова прашање?
Какаото има многу железо и го препорачуваат во бременост. Јас не пијам секој ден ама 3,4 пати неделно сигурно еднаш дневно мислам дека е супер и не би шкодело
Некако слабо размрдана ми е темата, скоро сите априлски бебуши си дојдоа на свет. Па, еден апдејт од мене, да размрдам малце. Денес бев на преглед, 38+4. Прво цтг правев, мирно е, утерина активност едвај до 30 оди. Бебчо со главче спуштен во кралица, спремен за надвор. На вагинален преглед, цервикс затворен и тврд. Докторот вика абер немаш за раѓање. Читајќи ве тука, очекував прегледот да е болен, ама беше само непријатен. Си ја носев торбицата спремна во случај да ме задржат, ама си ја вратив назад. Сега си се опуштив, планирам овие дена да си спремам низ дома за празникот, после ќе му ја мислам. Има да мцкам сега урми, ананаси, цитрусни овошки, чај од малини капини (си се смеам сега, ама на крај да не урлам како ДЛитл и Јарче ).
Фалиме јас и @Elenica*Petrova да го затвориме априлов.. Јас сум утре на преглед баш на терминов и ја абер немам, малово удира прави нешто. Ја си мислам да седи мирна бар јајца да офарбам. Хахаха
Ќе седи. Чим досега е мирничка, ќе издржи уште еден ден. Убаво Наташа ти рече, таман спремна за в парк ќе се роди. Конечно сонце излезе, за мерак ќе е и времето. Да ти е ќеиф да раѓаш.
А баш те помислив до каде си @IRBBB ама ете сама си кажа А кажи ми дали се консултираше тоа за магнезиумот? Мене ме чуди што кога прашав во Ремедика докторката ми рече никако да го прекинеш, битен е за развој на мозочето на бебето Не знам дали убаво ме слушна и разбра што прашав... Инаку јас незнаејќи да ви кажам пошто сум обожавател на урми, уште од старт се утепав од јадење може по 10 и повеќе дневно... Кога прочитав тука негде накај 15та недела може беше, си реков што направив јас, одма нареден преглед барав да ми се провери цервикс Се си беше во ред. Од тогаш не јадев ич, па сега почнав пак по некоја да си мцкам
Јас и ти сме исто, јас сум 36+2 денес а веќе бев на едно предходната недела со 35+5, ама пошто така ми се погоди со на докторката смената. Оваа недела пак сум Прашај си кај што ќе се пораѓаш... Колку што знам после 36та веќе може да се оди
Со лесно да ви е женски на сите Јас сум 32ра недела и веќе ме фаќа возбуда некоја не е страв, само се возбудувам од време ан време Прикрај сме со подготовки за куклето, со душа си ја чекам
Јас сум од утре 38 недела и уште на моменти не ми се верува дека бебко ќе биде со нас за кратко Возбуда, страв, среќа, се во исто време. Јас откако го прекинав магнезиумот од 37 недела, осеќам само плус пецкања во половината понекогаш. Мене ми рекоа да не пијам веќе магнезиум зошто може да имаш контракции а да не ги осетиш како што треба.
Не прашав ништо оти само уште 3 таблети имав, 2 испив уште 1 имам сега ептееен ако ме фати грч во нога или трнење во рацете, ќе го испијам, ако не, нека стои. Макар што искрено не мислам дека би имало којзнае колкаво влијание. Баш некаде читав, ако те фатат болки да се напиеш магнезиум, па ако поминат лажни се, ако не, тоа е тоа. А за урмите се смеам, сѐ шо ми носеше душата си јадев. Макар што ако претера многу, има да јадам сѐ и сешто за да излези, да си се олеснам. @Solen☀ ич не знам како е исправно со тоа цтг-то. Овде како што читав, некои од 35та недела прават, некои одат редовно, некои ниеднаш во цела бременост. Мислам, исто како и за сѐ останато, така и за ова прават, зависи ваљда од докторот. Штом ти закажале, значи не е рано.
Мајки да ве прашам ако има ситуација за одење во болница треба да се јавам во полиција? Дека е полициски час. Зачести малово со удари доле, како дасака да дупне нешто.
Еве и ја да се пријавам, 32+4 топ сме со цуци. Се растурив од шетање деновиве, скоро по цели денови сум надвор, со кутрето по некое кругче, после она со стапчиња си игра ја на клупа уживам, примам витамин Д. Моментално си мцкам чипс, прв пат у цела бременост стрв за чипс ме фати. Куклава е голема веќе и осеќам дека и е тесно, поише ја осеќам како се тегне него да клоца. На контрола сум кај матичната после празнициве, па таму накај 14ти треба да правам хемостаза и ддимери, па на 19ти у Ремедика да се почнат подготовките само бројам уште колку време ќе влезам во 9ти одвај чекам да си ја гушнам, одвај
@kostovaivana на здравје чипсчето, крв да ми ти се стори. Блазе вас шо си имате кученце. Тоа му викав на мм, нека пркни малку бебето и одма да си земиме куче. Јас сакам како на @Stressed Out. Инаку и јас едвај чекав да влезам во 9ти и кога дојде датумот, ме фатија паники. Зедов сѐ во 2 дена да перам, да пеглам, да спремам. Ако требаше да одам некаде, прво планирав како можам најбрзо до болница да стигнам болки ако ме фатат, си мислев небаре влегуваш во 9ти и готово. Ама кога ќе ти слези бебка долу да видиш колку ќе ти олесни. Освен зачестено мочање, мислам дека можам да летам сега, ко да немам стомак, ми се ослободи и желудник и дијафрагма, дишам ко човек. Нека седи сега колку сака.